СПОДЕЛИ

Модерното време подразбира силна конкуренција и интензивен маркетинг. Впрочем, многу веб сајтови го започнуваат процесот на маркетинг долго пред сајтот воопшто да се постави на интернет. Меѓутоа, клиентите кои некако се доведени до таквите веб сајтови преку најразличните алатки за рекламирање, се разочаруваат кога ќе ги пречека празна страница на веб сајт кој е во изградба.

Со цел да избегнат незадоволство кај можните клиенти во иднина, многу веб развивачи употребуваат најразлични видови на скрипти на тајмери за одбројување на сајтовите од своите клиенти. Иако овие скрипти ги имате на располагање во неколку веб јазици, сепак скриптите на  CSS3 и jQuery тајмерите се дефинитивно најпопуларни.

Скриптите на тајмери за одбројување ви помагаат да понудите информација за времето кое преостанува до одреден настан или до отварање на сајт. CSS3 и jQuery скриптите се употребуваат почесто бидејќи се неверојатно лесни за употреба и обезбедуваат одлична функционалност без многу проблеми при имплементација. Повеќето скрипти на тајмери за одбројување може да се прилагодат така што покрај времето кое се одбројува може да се интегрира и текстуална порака или да се понуди регистрација за билтени. Некои популарни CSS3 и jQuery тајмери ги нудат и придобивките од тематско прикажување кое помага да се зголеми љубопитноста кај посетителите, која ќе ги натера да го посетат истиот веб сајт откако ќе биде официјално пуштен во употреба.

Подолу ви обезбедуваме листа на најпопуларните оnline CSS3 и jQuery скрипти на тајмери за одбројување кои ви се бесплатно на располагање, што нималку не ја компромитира нивната ефикасност и точност. Секој од овие тајмери е совршен за на веб сајт кој е во процес на во изградба или реорганизација, или едноставно не е на располагање на корисниците во одреден временски период.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.