СПОДЕЛИ
Не постои такво нешто како што се премногу сетови икони, особено кога може да ги превземете неверојатните Lynny икони, без никаков надомест.
Lynny иконите се контурни икони, кои се воедно модерни и пријатни. Контурните икони се совршени за минимален дизајн и се одличен начин за ажурирање и модернизирање на вашите апликации и веб сајтови.
Датотеките се со .ai, .eps, и .png формат и слободно може да ги употребувате за лични и комерцијални цели. Првично наменети да се употребуваат како iOS икони за основно мени, нивните димензии се 22 x 22px и 44 x 44px.
Дизајнирани се од 1001FreeDownloads.com и содржат 450 убаво изработени икони кои се распределени во 8 категории. Има електронски икони, икони за е-тргување, икони за време, итн. Мене омилени икони ми се иконата за Сатурн, прекрстените коски и авиончето од хартија.
1001FreeDownloads е збирка на најпривлечните графики на веб. Со буквално десеттици илјади датотеки со вектори, фотографии, PSD и фонтови, многу од кои се ексклузивни, 1001FreeDownloads.com е првиот чекор на сите дизајнери кои бараат квалитетна, а бесплатна графика.

Иконите се бесплатни за сите регистрирани корисници на Еверест.

преземи

Не сте регистриран корисник? Нема проблем! Кликнете врз линкот “Најава” во горниот лев дел од овој прозорец и регистрирајте се како нов корисник.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.