СПОДЕЛИ

Ова прашање првично се појави на Quora, мрежа за учење каде квалификувани луѓе со искуство одговараат на прашања. Може да ги следите Quora на Twitter, Facebook, и Google Plus.

Прашањето е одговорено од Hadi Partovi, CEO во Code.org; ИТ иноватор/инвеститор:

Апсолутно. Не само што програмирањето ќе биде релевантно за 10 години од сега, туку ќе биде и уште поважно, иако синтаксата на јазиците за програмирање ќе станува сé полесна. На почетокот, кодирањето значеше дупчиња на парче картон. Потоа изгледаше вака: 00101010101, а сега многу наликува на англискиот јазик. Како што програмските јазици ќе стануваат послични на англискиот јазик кој се говори, така ќе стануваат и појасни и попопуларни. Дополнително, како што компјутерските системи сé повеќе навлегуваат во нашите животи, така и ќе расте потребата и популарноста на уредите кои го прават она што сакаме да го прават и ќе се откриваат нови употреби за нив.

Имаме долг пат пред нас (многу, многу децении) пред да зборуваме со уредите на едноставен, природен јазик за да очекуваме тие совршено да не разберат и да ги извршуваат задачите за кои се истренирани. Веќе имаме на располагање едноставни, однапред програмирани задачи, како на пр. “дај ми го правецот до најблиската бензиска станица.”

Но, за да го научите компјутерот да направи нешто што не направил претходно, ќе треба посебно познавање од начинот на кој може да комуницирате со компјутерот. што бара стручност на компјутерски програмер, и компјутерско размислување кое е потребно за да се опише еден алгоритам. Синтаксата на правење циклуси или условни блокови може да се смени, но основните концепти сигурно ќе останат уште долго време.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.