СПОДЕЛИ

Дали ви е здосадено од секојдневното мелење на комерцијална креативност кога мора да сте креативни на заповед од клиентот со посебна идеја на ум? Знам, знам… Чудно прашање за на блог. Но, понекогаш, процесот на континуирана работа на туѓи креативни визии знае да стане малку…. монотон.

Болната вистина е дека не секој кој работи во креативно поле треба да е дизајнер. Сепак, добрата вест е дека има многу други професии кои може подобро да ви одговараат од самото дизајнирање. Можеби треба да размислите да следите друга кариера: уметнички уредник, програмер, илустратор, фотограф, сопственик, итн. Како да откриете што треба да бидете? Ајде да видиме!

Не престанувајте да учите

Јас ја добив првата диплома од училиште за дизајн и потоа решив да се вратам назад и да се запишам на кулинарски вештини. По години поминати во прилагодување, јас успеав да ги спојам овие две дисциплини во среќен медиум: дизајнирање за клиенти кои се занимаваат со кулинарство. Во моментов работам на личен проект кој ги комбинира моите две страсти: дизајнот и готвењето. Ако застанев по завршувањето на училиштето за дизајн, никогаш нема да се сетев да направам ваква креативна комбинација.

Можеби вашиот проблем е што сеуште немате завршено со сопствената едукација. Не е важно дали сте излезени од училиште пред 10 месеци или 10 години, па дури ни дали воопшто сте посетувале училиште. Јас знам за мислењето кое многумина го делат за системот на колеџите и универзитетите и колку е лоша нивната инфраструктура, меѓутоа одењето во училиште е само една (погрешна) опција од многуте неверојатни можности за учење околу вас. Продолжете да учите и ќе сфатите што точно треба да правите во иднина.

Дали сакате да консултирате или да креирате?

Да се биде креативен професионалец значи и повремено да се биде консултант. Доколку не уживате во идејата да работите со луѓе кои не знаат онолку колку вас и да ги советувате за најдобрите избори на дизајн, тогаш можеби е подобро да отидете во кариера каде има повеќе работење и креирање, а помалку зборување.

Доколку работите од дома ова ќе биде ублажено, и тогаш обично вашиот шеф директно ќе се справува со клиентите, со што ќе немате притисок од балансирањето на работата и желбите клиентите. Доколку пак, сакате јасно поставени дневни цели, и имате потреба од социјална друштвена околина, тогаш хонорарната работа дефинитивно не е за вас.

Занает или уметност?

Секогаш се лутам кога луѓето надвор од индустријата за дизајн зборуваат за уметноста и дизајнот како тие да може меѓусебно да се заменуваат. Простото правило е дека станува збор за две сосема различни работи. Да, тие се поврзани, но на истиот начин на кој и готвењето што е поврзано со служењето. Тие технички се под ист чадор, меѓутоа се засебни дисциплини.

Уметноста значи да се биде верен на своето креативно јас. Ја работите својата работа заради неа самата и немате очекувања од никого. Дизајнот, или занаетот, е правење работи за да се решат проблеми. Доколку не сте воодушевени од идејата да им помогнете на луѓето да си ги решат проблемите, или од мислата дека секојдневните проблеми може да се решат креативно, тогаш не треба да сте дизајнер воопшто.

Одете против правилата

Ако сакате да цртате, да сликате или да сте креативни на некој начин, а не се гледате себе си како хонорарец ниту во работа со клиенти, тогаш можеби и не треба да сте дизајнер. Можеби сте уметник – некој кој креира нешто што самиот сака да го креира и кој е платен за истото. Ова е малку поризично отколку кога имате постојана работа и плата, но за овие луѓе слободата која ја добиваат вреди и повеќе.

Уметниците добиваат пари за да креираат за корпоративните брендови, па можеби и се исплати да си останете верни себе си отколку да правите компромис. Дизајнерот Marian Bantjes славно ја помина линијата помеѓу дизајнот и уметноста, креирајќи храбри, експериментални парчиња кои не беа во согласност со очекувањата на клиентите, но во кои на крајот не можеа, а да не се заљубат.

Јас почнав како “уметник” студирајќи илустрација, но потоа сфатив дека мене повеќе ми се допаѓа процесот на решавање проблеми. Се вели дека уметноста поставува прашања, додека дизајнот ги одговара. Јас навистина се согласувам со оваа идеја и мислам дека е вистинско мерило кое треба да се земе во предвид кога одлучувате дали треба да сте уметник или дизајнр. Ако повеќе сакате да поставувате прашања отколку да ги одговарате, тогаш поблиску сте до уметноста.

Што мислите вие?

Дали сте хонорарен дизајнер или сакате да станете тоа? Кои се вашите размислувања за процесот на хонорарната работа и работата со клиенти наспроти работата сами и на свој начин?

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.