Дома За проектот Еверест

За проектот Еверест

Проблем

Во ерата на ИТ, светот се соочува со недостиг од програмери, веб дизајнери и девелопери па сосема е разбирливо што нивните плати се на врвот на листата најдобро платените професии. Академскиот пристап во продуцирањето работна сила е доста скап, спор и често пати оценет од работодавците како премногу теоретски. Од друга страна, работодавците бараат индивидуалци со практични вештини и трошат време и средства за да ги оспособат штотуку примените студенти.

Решение

Проектот Еверест го решава проблемот со недостатокот на програмери, веб дизајнери и девелопери, преку трансформација на традиционалниот пристап во реализирањето обуки со примена на методологија наречена менторирано учење на далечина во која ученикот е активно вклучен во креирање код и дизајнирање работејќи на проекти.

Учењето се изведува така што ученикот прво гледа однапред снимени видео лекции а потоа се обидува да го повтори презентираното. Вистинското учење се случува кога ученикот ќе се обиде да го примени стекнатото знаење, работејќи на посложени проекти, со што истовремено го гради своето online portfolio.

За сето време учењето на ученикот му стои на располагање искусен личен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Овој пристап овозможува учењето да стане побрзо, полесно, поквалитетно, подостапно, временски прилагодено а учениците да добијат “real-world“ знаења и вештини и изградат online портфолио со кое ќе си ги зголемат шансите за вработување.

Тим

Проектот Еверест e реализиран од стручниот тим на МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА, под водство на Александар Марјановиќ, претприемач со над 20 години искуство во стручно ИТ образование. Александар е основач на Alexandria (www.alexandria.com.mk), најстарата приватна образовна установа во Македонија за ИТ едукација, основана 1993.

Во 2003, под водство на Александар, беше основата Академијата на ИТ, првата приватна стручна школа за ИТ занимања во Македонија. Како резултат на оригиналниот концепт, искусниот и посветен наставен кадар, над 500 студенти поминаа стручни едногодишни студии а Alexandria, според истражувањата на МАСИТ, Стопанска комора за ИТ, беше доживеана од работодавачите како најдобар добавувач на стручни кадри.

Материјали за учење

Проектот е реализиран така што тим од искусни експерти од различни области ги изработија материјалите за учење (видео туторијали и домашни задачи и проекти) на македонски јазик, со чија помош посетителите се подготвуваат за кариера во област на веб дизајн и девелопмент.

Во процесот на развојот на материјалите за учење беа вклучени и членови на стручниот совет, тело составено од представници на партнерските компании, сениори со повеќегодишно работно искуство.

Курсеви и студиски програми

Во период од 12 месеци, тимот продуцираше материјали за учење за следниве студиски програми:

  • Front-end развој
  • Back-end развој
  • Front-end дизајн (Веб дизајн)
  • UX дизајн
  • WordPress администрација

Кому му се наменети овие обуки

  • студентите кои студираат ИТ
  • индивидуалци кои планираат градење кариера во ИТ
  • организации: приватни компании, невладини организации и здруженија кои се грижат за припадници на ранливите категории и лицата со телесен инвалидитет
  • владини установи кои обезбедуваат обуки за невработени.

Поддршка

logoПроектот Еверест е реализиран со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.


Забелешка: За содржините објавени на овој блог одговорна е МАРЈАНОВИЌ Едукација која не ги застапува ставовите на Фондот за иновации и технолошки развој.