СПОДЕЛИ

Најверојатно една од најдобрите карактеристики на WordPress е можноста лесно да најдете тема. Погледнете ги другите CMS-и  – независно дали тоа е Joomla!, Drupal или Textpattern – никој од нив не може да му се доближи на бројот на темите и образците кои WordPress ви ги нуди на располагање. Покрај тоа што нуди многу бесплатни теми, надополнет е и со неколку обезбедувачи на премиум теми. Па, што точно е разликата помеѓу премиум и бесплатна тема? Едноставно кажано, премиум темите се оние кои се наплатуваат, а бесплатните не.

Премиум теми

Како и секој друг комерцијален артикл, премиум темите често се предмет на дискусија заради цената по која се нудат. Некои луѓе тврдат дека премиум темите се нефер средства за монетаризирање на open source проект, а други пак, дека тие се решенија кои не би можело да се обезбедат во отсуство на комерцијално финансирање, и дека заради конкуренцијата, премиум темите се со пониска цена отколку што треба.

1

X Premium WordPress тема

Ако зборувааме за позитивната страна, премиум темите имаат многу предности:

  1. Прво и основно, најголемиот број на премиум теми доаѓаат со A+ стандард за поддршка, нешто што бесплатните теми го немаат. Причината за ова е тоа што развивачите кои ги градат премиум темите на нив гледаат како на средства за живот и затоа обезбедуваат одлична поддршка.
  2. Дополнително, премиум темите се сигурни. Тие редовно се ажурираат, и често доаѓаат со доживотна поддршка и обемна документација.
  3. Премиум темите имаат неколку уникатни опции кои недостасуваат кај бесплатните теми. Поради силната конкуренција, обезбедувачите на теми работат напорно за да го понудат најдоброто, па затоа премиум темите несомнено се многу богати со опции.
  4. Премиум темите внимаваат на деталите. Имено, имаат подобри параметри за прилагодувања на SEO од бесплатните.
  5. Во исти рамки на претходно кажаното, премиум темите доаѓаат во неколку форми за да одговорат на вашите потреби – има и посебни понуди во зависност од жанрот на вашиот веб сајт.
  6. За разлика од бесплатните теми, премиум темите не се толку чести и може да додадат уникатен шарм на вашиот блог.
  7. Може да го забрзате вашиот процес на развој на веб сајтови за 10 пати кога употребувате нови премиум WordPress алатки.

Од друга страна, премиум темите имаат и свои недостатоци:

  1. За разлика од бесплатните теми, кои обично се додаваат во официјалната архива на WP и поминуваат низ процес на оценување, премиум темите понекогаш може да бидат само комерцијални објекти кои може, но и не мора, да се во согласност со стандардите во однос на лиценцирањето.
  2. Премиум темите се наплатуваат, па затоа трошењето пари на блог кој може да е само нечие хоби, не одговара секому.
  3. Иако ова не се однесува на секоја од темите, сепак, понекогаш премиум темите, во трка да бидат неверојатни, може да се преоптоварени со неколку опции, дел од кои реално не би ви биле потребни. Затоа, може да се случи да употребувате само сет од вкупниот број на опции. Со други зборови, за одредени сценарија, употребувањето на премиум тема може да е претерано.

Каде да најдете премиум теми?

Постојат голем број веб продавници за премиум теми и додатоци. Сепак, според обемот на понудени теми и продажба, ова се едни од најдобрите локации:

  1. Themeforest (теми)
  2. CodeCanyon (додатоци)
  3. Mojo Themes
  4. Mojo Code (скрипти и додатоци)
  5. WP Eden
  6. ThemeSnap
  7. WP Shop
  8. Creative Market
  9. Codester

Бесплатни теми

2

Има неколку бесплатни теми за WordPress од различни обезбедувачи. Често, развивачите креираат бесплатни теми за своето портфолио или од забава. Од друга страна, многу од обезбедувачите на премиум теми, како и WP – поврзаните блогови, може да објават и бесплатна тема за своите посетители.

Бесплатните теми имаат неколку предности:

  1. Прво, бесплатните теми не ви копаат по џебовите. Само ги превземате и ги употребувате! Нема потреба од плаќање.
  2. Иако кај бесплатните теми нема лична поддршка, сепак многу од развивачите одговараат на прашања и коментари на форуми. Дополнително, секогаш може да добиете одлична поддршка од WP Codex и официјалните форуми.
  3. Со оглед на тоа што бесплатните теми се почести, бројот на додатоци и прилагодувања за конфигурации кои тие ги поддржуваат е поголем. Во случај кога некој додаток нема да работи со дадена тема, може да поставите прашање или проблем во официјалната архива. Со премиум темите, заради малата корисничка база, овој процес бара дополнително време.

Бесплатните теми имаат и свои недостатоци:

  1. Бесплатните теми обично не доаѓаат со гаранција за тоа дека работат.
  2. За разлика од премиум темите, кај бесплатните не може да очекувате одлична, лична поддршка.
  3. Стапката на ажурирања, иако е добра, не е одлична како кај премиум темите.
  4. Повеќето бесплатни теми се чести, па тоа може да го убие ‘уникатниот’ изглед на вашиот блог.
  5. На крајот, има неколку обезбедувачи на бесплатни теми кои нудат теми со спам и фишинг линкови, линкови кои симулираат сигурна веб локација за да добијат доверливи информации. Ако превземате бесплатни теми, најдобро е тоа да го направите од угледни обезбедувачи, наместо само да пребарате бесплатни теми на Google.

Каде да најдете бесплатни теми?

Бесплатните теми се добар избор за почетниците. Нив можете да ги најдете на веб страницата на WordPress, но и на голем број други сајтови. Еве неколку извори:

  1. Colorlib
  2. Themify
  3. WooThemes
  4. ThemeZee
  5. WPExplorer

Ако и ова не ви е доволно, во Google внесете “best free wordpress themes” и ќе добиете море од предлози за бесплатни теми.

Како да изберете совршена тема

Независно дали станува збор за бесплатна или премиум тема, темата мора да одговара на целта. Само вие може да знаете кои се вашите потреби, но сепак, има неколку основни точки кои треба да ги имате на ум кога поставувате тема:

  1. Не правете компромис со опциите и функционалноста кои ви се потребни. Добрата тема треба да ви обезбеди доволен број на опции кои би одговарале на вашите потреби во моментот и во иднина.
  2. Иако можеби сте добри во програмирање, сепак барајте тема која лесно се употребува и модифицира. Со други зборови, изберете тема која нема од вас да бара премногу познавања при процесот на прилагодување. Времето и трудот кој ќе го вложите во конфигурирање на тема може да го инвестирате на друго место.
  3. Ако жанрот на вашиот веб сајт е специфичен, како на пр. фото/видео галерија, секогаш побарајте тема која е за таа намена.
  4. Проверете дали развивачите се активни и дали темата редовно се ажурира.
  5. Погледнете ги опциите за поддршка кои ви се на располагање. Ако станува збор за премиум тема не се согласувајте на ништо помалку од лична поддршка преку е-пошта/ тикетинг систем. Ако е бесплатна тема, погледнете го нивото на активност на форумите (ако го има) и/или колку често развивачот одговара на коментари на својот веб сајт.
  6. Следно, имајте на ум дека темата која ви се допаѓа не треба да е премногу стара. Ова особено е важно ако избирате бесплатна тема. Веб технологијата има тенденција да се ажурира со брзо темпо, па затоа логички е да изберете тема која е ажурирана.

Ако и премиум темите не успеат да ве импресионираат, а имате буџет на располагање, тогаш обидете се со прилагоден, сопствен дизајн.

Наши препораки

Неодамна го истраживме пазарот со премиум WordPress теми и детално ги разгледавме најдобрите опции на пазарот.

Ќе ви додадам навистина одлична премиум WordPress тема која може да ја употребите како работна рамка и која доаѓа со 33 уникатни дизајни. Ако сте сериозни во намерата да развивате квалитетни веб сајтови во WordPress, кои изгледааат одлично и се моќни, тогаш треба да го прочитате овој текст и да ја погледнете X темата.

Навистина ви препорачувам да ја погледнете. Јас овој блог го започнав со бесплатна тема, но никогаш повторно не би го сторил истото. Зошто? Затоа што си заштедувам многу време со ефтина WordPress тема која нуди поддршка, професионален дизајн и моќна функционалност. Ако ми требаат 40 часа за да менувам, прилагодувам, поправам грешки, тогаш колку чини еден мој час? Ако можам да си заштедам 30 часа со премиум тема од 63 долари, зошто да не?

4

А сега, вие сте на ред!

Која тема ја користите за вашиот блог? Користите бесплатна или премиум тема? Чувствувајте се слободни да ги споделите своите искуства во секцијата за коментари.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.