СПОДЕЛИ

Модерните технологии ги стимулираат веб агенциите да ги тестираат своите граници, да доаѓаат до амбициозни идеи и да оживуваат неверојатни концепти. Веб сајтовите со привлечни и софистицирани интерактивни прошетки се свежите продукти на поместувањето на границите.

Тие се симбиоза на совршено креирани сцени и последни технологии. Овој концепт, и покрај тоа што бара стручни знаења, добива голема популарност, а креативците уживаат во слободата при изборот на методи за реализација. Од напредни манипулации со статички панорамски слики, до комплексни 3D композиции, уметниците може да креираат професионално обработени околини преку мноштво динамички елементи, значително збогатувајќи го корисничкото искуство со интересни факти и пресврти.

За целосно да може да го цените овој тренд, ви подготвивме свежа колекција на веб сајтови со одлични искуства кои се вредни за паметење.

1. Visit Laholm

1-Visit-Laholm

Visit Laholm е атрактивен веб сајт каде што спектакуларните слики од градот се зачинети со динамички информации на екранот, за дополнително да го поттикнат интересот кај посетителите. Проектот на корисниците им нуди неверојатно патување низ Лахолм, овозможувајќи им да ги откријат неговите знаменитости и да ги погледнат познатите ресторани, пабови, хорели и други места.

2. Sonny’s Smokin Showdown

Sonny’s Smokin’ Showdown е веб сајт за настан, кој за само еден момент успева да го привлече вниманиете на корисниците со својот преубав дизајн. Тој е вешто креиран со помош на монохроматска околина, уметничка типографија и ретро елементи. Проектот ве води низ местото, фрлајќи светлина на распоредот, натпреварувачите, спонзорите и правилата.

3. Our Tam

Our Tam е мал веб сајт со добра намена, а тоа е да ја зголеми и рашири еколошката свест за Mount Tamalpais. проектот го привлекува вниманието преку добро изработена прошетка низ ридовите, а пленува со возбудливите приказни, слики и видеа.

4. Although Project 360

Иако Project 360 искористува статички слики како средство за патување низ фантастичните, снежни патеки, сепак тој освојува со својот изглед и ви овозможува неверојатно корисничко искуство. Концептот е изграден на серија живописни слики.

5. Concept Store Neptune

Concept Store Neptune има веб сајт кој одговара на неговото име во целост, оддавајќи слика на иновативност и креативност. 3D околината му овозможува на корисникот да се чувствува како да се наоѓа во продавницата, а малите динамички покажувачи го збогатуваат проектот со дополнителни информации.

6. BMW Autosalon

BMW Autosalon ви нуди можност да го посетите Меѓународното шоу на автомобили во Женева, без да мора да излезете од дома. Овој софистициран, целосно интерактивен веб сајт ви овозможува да ги откриете прекрасните BMW возила, виртуелно разгледувајќи ги во 360 степени. Колоритните слики целосно успеваат да ја пренесат атмосферата.

7. Wellstoried

Wellstoried е уникатен промотивен веб сајт за Land Rover. Вклучува повеќе од 600 приказни во кои автомобилот ја игра главната улога. Селектирајќи го соодветното јазиче, може да ги разгледате интересните моменти со фантастични фотографии и коментари од учесниците.

8. Iberia

Од земјата кон воздухот. Ова е уште еден промотивен веб сајт кој е посветен на леталата. Композицијата е убава, возбудлива и жива.

9. Antonio’s Bar

Antonio’s Bar поседува многу интересни работи кои сигурно ќе успеат да ве освојат. Веб сајтот е интерактивно патување преку видеа, приказни и слики кои го одземаат здивот и кои го полнат проектот со позитивна енергија и обезбедуваат пријатна атмосфера.

10. My Austria

My Austria е пионерски веб сајт кој ќе ве прошета низ знаменитостите на Виена на визуелно возбудлив начин. Веб сајтот организира кратко, но возбудливо патување со мноштво динамички елементи. Центарот со кружна контрола е сместен во срцето на страницата и служи како навигација и поле за информации.

11. Bilbao 360

Оваа интерактивна прошетка низ градот го должи својот успех на одличните панорамски слики кои се придружени со соодветен звук. Корисниците лесно може да се движат низ градот, да ги истражуваат празните улици, да посетуваат музеи и да ги погледнат популарните знаменитости.

12. DNB Boligreisen

DNB Boligreisen ни прикажува внимателно изработена 3D околина која го составува целиот веб дизајн, додава длабочина и дава неверојатна естетика. Секоја страница вклучува динамички покажувачи кои во себе кријат линкови и дополнителни информации.

13. Art Project OkeanElzy

Art Project OkeanElzy е првокласен веб сајт кој ве вовлекува во фантастичниот свет на една од најценетите музички групи во Украина. Проектот им дозволува на корисниците да ја следат музичката кариера на групата и притоа да го збогатуваат своето знаење со интересни факти и да уживаат во преубавата музика.

14. Jupiter Ascending

Jupiter Ascending е мала игра која се игра на прелистувач и се базира на интерактивна прошетка низ сцени од филмот. Проектот ја привлекува публиката со соодветната атмосфера и чувство.

15. Oh Deer Games

Oh Deer Games е неспоредливо портфолио на интернет кое со софистицираните илустрации и уникатниот пристап успева да се одвои себе си од останатите. Клучната карактеристика е интерактивна прошетка низ е-книга, која страница по страница, ви открива информации за агенцијата. Ова е навистина фасцинантно и необично решение.

16. Audi TT

Космичката тема се совпаѓа со темата за автомобилот и со тоа му дава на веб сајтот футуристичка нота. Одличните илустрации оживуваат  преку модерни техники кои го засилуваат чувството на интерактивност и прават посетата на сајтот да ви е незаборавно искуство.

17. Buttcon

Buttcon избира нетрадиционален начин на запознавање на публиката на интернет со компанијата, со што успева да се оддалечи од стандардните корпоративни веб сајтови. Проектот вклучува интерактивен водич со проекти кои оживуваат преку спектакуларни слики.

18. Virginia

Со овој веб сајт за туризам Вирџинија едноставно не ви дозволува да пропуштите ниту една можност за доживување. Ги означува и открива скриените места и познатите обележја. За разлика од претходните примери, овде интерактивниот водич е авион и употребува рамен стил.

19. Local Eyes Project

Local Eyes Project се базира на вешта комбинација од видео и интерактивни опции кои ја пренесуваат атмосферата, го прават корисничкото искуство незаборавно и прават да се зборува за него. Истражувањето низ очите на локалните жители ви открива интересни факти.

20. Grimouville

Grimouville е еден од првите веб сајтови кои на корисничкото искуство му ја даваат моќта на интерактивната прошетка. Вешто ве води низ градот, претворајќи го запознавањето со проектот во незаборавно искуство.

Заклучок

Софистицираните, и понекогаш револуционерни проекти кои вклучуваат интерактивни прошетки многу се разликуваат од она што сме навикнале да го гледаме. Тие обезбедуваат доживувања кои се паметат, импресионираат со последните техники и воодушевуваат со генијалните идеи, а со тоа и ги вовлекуваат корисниците длабоко во проектот.


А сега, главното прашање…

Те поттикна ли на размислување оваа статија? Се гледаш ли себе си како иден професионалец во веб индустријата? Веб академијата Еверест може да ти помогне да ги оствариш своите цели на лесен и ефикасен начин, учејќи преку практична работа на задачи и проекти, под водство на искусни ментори. Не чекај, кликни овде и закажи индивидуална консултација.


Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.