СПОДЕЛИ
sacha
Саша Греиф

Пред извесно време се сретнавме со Саша во кафуле во Сан Франциско. Таму поразговарав со него, и уште неколку одлични луѓе, за дизајнот. Јас мислам дека неговата работа е навистина нешто посебно, и сакам и вие да видите за што станува збор. Сега ќе му дозволам самиот да ви каже нешто за себе си.

Порано себе си се нарекував дизајнер, но од неодамна сфатив дека 90% од времето го поминувам во програмирање  и пишување, а само 10% во дизајнирање. Меѓутоа, можеби и тоа е дизајн, бидејќи на одреден начин јас креирам и дизајнирам сопствени продукти, нели?

Како и да е, јас сум дизајнер на продукти од Париз, Франција.  Отакако поминав неколку години во хонорарна работа од областа на дизајн на кориснички интерфејс, сега се фокусирам на мои сопствени пректи, како  Sidebar и Discover Meteor. И живеам во Осака, Јапонија.

Портфолио: sachagreif.com
Dribbble: @sacha
Twitter: @SachaGreif

–Како се заинтересира за кариера во веб дизајн?

– Отсекогаш сум се плеткал со компјутери и веб работи. Не бев некој генијалец или чудо од дете, ама ми се допаѓаше работата на компјутер, дизајнирањето и креирањето.

Ништо од тоа што тогаш го правев не беше многу добро, и да бидам искрен, никогаш и не помислив дека еден ден од тоа ќе изградам кариера. Но, кога сите мои други планови почнаа да се распаѓаат, открив дека веб дизајнот е вештината која јас ја поседувам, а за која луѓето сакаат да ми плаќаат.

Па, затоа мислам дека мојава моментална кариера е главно комбинација од среќа и добар почеток со некои клиенти.

– Дали во моментов работиш на некои лични проекти?

– Во моментов имам четири главни поректи:

  • Discover Meteor е книга која ве подучува како да изградите JavaScript апликација од почеток, употребувајќи ја работната рамка Meteor.
  • Telescope е open-source друштвена апликација за вести (замислете ја како Reddit или Hacker News клон) која ја креирам со Meteor.
  • Sidebar е дневен билтен со интересни линкови за дизајн, кој исто така го креирам со Meteor.
  • Folyo е веб сајт кој им помага на стартап компаниите да најдат одлични дизајнери.

Порано на секои шест месеци почнував нов проект, но сега одлучив да се фокусирам на овие четири. За да ми е полесно за работа, три од нив се служат со Meteor, што значи дека кодот може да го реупотребувам по потреба во сите проекти. Имам и двајца одлични партнери, Том Колмен за Discover Meteor и Кристијан Блевиер за Folyo, што прави огромна разлика и ми овозможува да жонглирам со повеќе проекти.

– Може ли да ми кажеш од каде ти дојде идејата за Folyo и Sidebar?

– Folyo е платформа која им помага на стартапи-те да најдат добри дизајнери за хонорарна работа или работа на далечина. Пред неколку години, сфатив дека тешко може да процените дизајнер, ако и самиот не сте дизајнер, па затоа креирав место каде што компаниите може да се сигурни дека ќе најдат талентирани и квалитетни дизајнери.

folyoТака, наместо да поминувате низ долг процес на пребарување на Dribbble и еден по еден да ги контактирате дизајнерите, може да објавите проект на Folyo и да чекате одговор.

sidebarSidebar е мојот најнов проект. Тоа е билтен и сајт на кој се собираат 5-те најдобри линкови за дизајн на денот, секој ден. Отсекогаш сум го обожувал начинот на кој Hacker News секогаш ја пласира најдобра содржина во однос на стартап компаниите и програмирањето, па си помислив дека и во дизајнот треба да има нешто такво.

–Што е она што најмногу те исполнува во овие два проекти? Што ти помага да продолжиш?

– Она што најмногу ме исполнува за Sidebar е тоа што на луѓето навистина им се допаѓа. Неколкумина ми имаат кажано дека ги читаат само билтените и дека тие се нивниот урински ритуал со утринското кафе и twitter!

– На чија работа  се воодушевуваш? Кои дизајнери те инспирираат?

– Тешко ми е да изберам, но дефинитивно ќе го ставам Роџи Кинг на листата. Тој не само што е одличен дизајнер, туку е и неверојатен front-end инжeнер. Навистина ми се допаѓа она што го прави за NeonMob.

Исто така, многу ме инспирира и Менг То. Тој е еден од најактивните блогери и има огромно влијание врз начините на кои заедницата ги прифаќа новите технологии како Sketch и XCode.

– Кои веб сајтови кои не се поврзани со дизајн често ги посетуваш?

– Често го посетувам Hacker News. Иако многу од темите се премногу стручни и за мене нејасни, сепак тоа е сајт со многу дискусии и со одлична содржина.

– Што најмалку, а што најмногу ти се допаѓа во индустријата за дизајн?

– Јас сум само поединец кој работи сам, па затоа мислам и дека не сум квалификуван да давам коментари за индустријата во целост. Но досега, секој од дизајнерите со кои сум се запознал бил пријатен и имал желба да го сподели своето искуство и знаење, па според тоа заклучувам дека оваа индустрија е навистина посебна.

– Дали има продукт чиј дизајн многу ти се допаѓа?

– Во моментов навистина ми се допаѓа дизајнот на Мedium. Многу посветува внимание на детали и има насочен фокус на извршување на само една работа, и тоа е многу добро. Уште еден сличен продукт е Exposure.

И во двата случаи, тимот земал идеја која многу пати е реализирана (објавувања на интернет, споделување на фотографии) и покажал дека истото може да го направи многу подобро од сите останати. Навистина моќно.

– Има ли нешто од моменталните трендови во дизајнот од кое буквално ти се крева косата?

– Морам да кажам дека тоа е скролувањето. Најмногу ме нервира бидејќи прелистувачите често имаат проблем да го следат скролувањето, а тоа резултира со испрекинато и бавно корисничко искуство. Сепак, мислам дека и тоа може да се направи како што треба, ако се поедностави.

– Има ли некој тренд од кој сте зависен?

– Јас го сакам трендот на употреба на повеќе, поквалитетни фотографии на веб. Како добар пример би ја земал почетната страница на SquareSpace. Ова е дел од глобален тренд во кој на дизајнерите им се дава поголема одговорност и моќ да влијаат на продуктите на веб.

Тоа значи дека сега, повеќе дизајнери имаат ресурси од кои може да употребат фотографии, илустрации, аниматори и водичи за да ја реализираат сопсвената идеја, без да мора да седат пред компјутер, и по цели денови да обработуваат фотографии во Photoshop.

– Кои се лекциите кои ги научи од твојата кариера до сега?

– Најголемата лекција која ја научив е дека, барем во оваа индустрија, секоја цел која ќе си ја зададете е остварлива, но само ако работите напорно. Најверојатно може да станете и светски познат стручњак за Flexbox или CSS анимации за само една година, но исклучиво ако целосно се посветите на таа цел. Впрочем, работите еволуираат многу брзо и никој не може да ја задржи предноста над другите ако не се труди и ако не учи многу.

Се разбира, најтешкиот дел е да ја најдете целта, а потоа и да сте подготвени да сакате да направите сé за да стасате до таму. Добро е кога знаете дека она што го замислувате е можно.

– Дали има прeдизвик кој сте го совладале и на кој сте многу горд?

– Мислам дека моето најголемо достигнување е тоа што го креирав Discover Meteor. Тоа е книга за програмирање која ќе ги научи луѓето на многу вредни вештини и ќе им помогне да си ги сменат животите на подобро.

discover-meteorМногу луѓе ми споменале дека откако ја прочитале книгата, можеле да ги завршат своите идеи за апликации. Посебно е чувството кога може да им помогнете на луѓето да постигнат нешто што го сакаат.

– Кој е твојот совет за луѓето кои сега почнуваат? Што ќе им кажете на оние кои се обидуваат да пишуваат и објавуваат?

– Сакаме да зборуваме за инспирација, мотивација, дизајн и сето тоа, но јас мислам дека најголемиот фактор е времето, а тоа скоро секогаш значи пари. Вашиот најголем проблем ќе биде недостатокот на време, обично заради редовното работно место. Затоа, мислам дека ако успеете да ги намалите трошоците за живот и да заштедите пари, ќе може да го направите и првиот чекор кон ослободувањето од “9-5” работното место и да најдете време да го работите она кое ве исполнува.

извор: Designmodo

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.