СПОДЕЛИ

За многу менаџери, надминувањето на планираните трошоци е поврзано со ризикот кој го споменуваат кога се почнува со нов проект. Кога ќе погледнете во истражувањето на Harvard Business Review, во кое се вели дека еден од шест ИТ проекти прави трошок кој е 200% над предвидениот буџет, ќе разберете зошто менаџментот често одбегнува проекти од типот на нов веб сајт.

Меѓутоа, ако еден од шест се соочува со големи разлики во односот помеѓу реалниот трошок и предвидениот буџет, излегува дека многу проекти не се ни блиску до она што се очекувало во однос на трошоците. За да сте сигурни дека дизајнот и имплементацијата на вашиот веб сајт ќе се задржат во рамки на буџетот кој го планирате, треба да направите некои работи со кои ќе ги конторлирате трошоците, а целиот процес започнува со планирање. Независно дали ќе ангажирате веб дизајнер или ќе креирате веб сајт на DIY платформа, доколку немате јасен план може да ви се појават непланирани проблеми кои ќе ги зголемат трошоците и залудно ќе ви го потрошат времето. Кога ќе ги разберете  најчестите ситуации кои ги зголемуваат трошоците, ќе може да креирате разумен план во кој ќе ги избегнете најчестите грешки.

Недостаток на организација

Можеби имате одлична визија за естетиката и визијата на веб сајтот на вашата компанија, но ако ги немате организирано тие идеи и планови, тогаш веќе сте на патот да имате надминување на трошоците. Вашата визија не е организирана. Немате јасен план за она што сакате да го добиете од веб сајтот и за начинот на кој ќе дојдете до она што сте го замислите.

Повеќето сајтови се изградени во етапи во кои им се додава повеќе функционалност на посетителите. Одвојте време да испланирате кога сакате клучните елементи на  вашиот сајт да бидат изградени и потоа дискутирајте кои технологии најдобро би одговарале. Откако ќе имате план, придржувајте се до него, бидејќи тој ќе ја формира основата на целиот ваш веб сајт и ќе ви помогне да ги постигнете целите кои ги имате за сајтот.

Reading-book

Премногу луѓе кои одлучуваат

Вклучувањето на многу луѓе во процесот на одлучување, води директно до поместување од планираното. Со секој од нив доаѓа ново мислење и се отвара уште едно ниво на одобрување. Ако премногу луѓе се вклучени во овој процес,  ќе се прегледува секој детаљ и тешко ќе биде да се постигне консензус. Секој член ќе понудува свое гледиште, а во меѓувреме времето ќе летне и трошоците неизбежно ќе пораснат.

Се разбира дека ќе сакате да ги вклучите оние кои се неопходни, меѓутоа кога секој ќе сака да остави сопствен печат, трошоците ќе почнат да растат. Ако треба да добиете согласност од поголем круг на луѓе во компанијата, креирајте два или три модели и врз основа на тоа добијте мислење. На тој начин, тие ќе бидат вклучени во донесувањето на одлуката без да го зголемуваат трошокот откакако ќе почне проектот.

Сиромашен дизајн

Има еден елемент во веб дизајнот кој не смее да се превиди, а тоа е корисничкото искуство. Ако корисникот не може да се движи до содржината која сака да ја види, ако не може ефикасно да пребарува низ сајтот, ако страниците се предолги за да се вчитаат или ако дизајнот е слаб, луѓето ќе го избегнуваат. Никој не тргнува со идеја да креира сајт кој нема да им се допаѓа на луѓето. Затоа ќе мора да ги решите проблемите предизвикани од лошиот диајн, што во некои случаи  може да значи и дека ќе мора да почнете од почеток. Но, и да не е така, сепак ќе мора да потрошите дополнителни пари, а тоа се пари кои ќе можевте да ги заштедите, ако го дизајниравте сајтот добро уште на самиот почеток.

Еден добар дизајн има јака визуелна презентација, но вклучува многу повеќе од тоа. Добриот дизајн секогаш води сметка за корисничкото искуство, т.е во каква интеракција ќе бидат корисниците со визуелните елементи и како распоредот на страницата ќе придонесе за нивното искуство. Ако се фокусирате само на креирање на дизајн кој изгледа зашеметувачки, но неговите опции не се во согласност со потребите на корисниците, тогаш ќе мора да го редизајнирате. Затоа, уште на самиот почеток земете го во предвид начинот на кој корисниците ќе го употребуваат вашиот веб сајт и погрижете се дизајнот да ги следи главните начела за лесна употреба.

web-designer-person

Комплексна интеграција

Често постои голем јаз помеѓу она што сакате вашиот веб сајт да го прави и она што може да го направите за да го добиете тоа. Понекогаш, планот ќе биде  да употребите API која е збунувачка, недоволно развиена или небезбедна. Ако се потпирате на интеграции кои се прекомплксни или не работат на платформата на која го креирате вашиот веб сајт, решавањето на сите проблеми за веб сајтот да работи како што сте очекувале ќе значи време кое не е предвидено во буџетот. Наместо тоа, земете во предвид интеграции кои се широко прифатени.  Тие имаат поминато низ интензивни тестирања на ниво на заедница и развивачи. Пошироката база на корисници значи и повеќе поддршка кога нема да знаете како да решите нкој проблем.

Неподготвена содржина

До сега, секој од вас има чуено дека “содржинате е сé.” Таа е причината поради која луѓето го посетуваат вашиот веб сајт и таа е она што го гледаат пребарувачите. Ако содржината за вашиот веб сајт не е подготвена, една од следниве работи ќе се случи:

  1. Ќе брзате да создадете содржина и тогаш таа нема да биде со квалитетот кој го сакате, а со тоа ќе ги одбивате посетителите и пребарувачите.
  2. Ќе треба да платите повисоки хонорари за некој да ви креира квалитетна содржина во тесен рок.
  3. Вашиот сајт ќе биде објавен со малку или скоро воопшто содржина, и ќе ве чини пари во  изгубени приходи. Тој ќе биде објавен на интернет без да ги остварува целите.

Проблемот секако ќе го избегнете со тоа што ќе имате силна, добро напишана содржина која ќе биде завршена пред веб сајтот да заживее.

Уште подобро би било да ја имате содржината пред да почнете со креирање на сајтот. Ако ги знаете различните типови на содржина, полесно ќе може да изградите сајт во кој таа содржина соодветно ќе ја сместите . Ако имате потреба од различни типови на содржини, вашиот сајт ќе треба да има функции за креирање на различен тип на содржини. Ако ги земете овие работи во предвид однапред ќе си обезбедите содржина спремна за сајтот кој го градите, а во исто време ќе скратите на моменталните трошоци и евентуалните трошоци во иднина.

Обемни корекции

Го споменавме проблемот со повеќе луѓе вклучени во процесот на одлучување, но скоро истото може да се случи и со помали тимови. Ако почнете да скршнувате премногу од оригиналниот план на проектот, тогаш трошоците ќе се зголемуваат. Обемните корекции обично ве оддалечуваат од планот, па така првичната работа на оригиналниот план на веб сајтот станува бадијала сработена работа, а со тоа и еднаква на залудно потрошени пари.

Може да избегнете корекции со доволно модели и детален план. Излегуваат непредвидени ситуации, и секогаш некои елементи ќе бидат поинакви од првично планираните, но, колку подетален план имате на почетокот, толку полесно ќе го изградите дизајнот од прв обид.

design_team

Посебни технички барања

Има специфични работи кои сакаме нашите деловни веб сајтови да може да ги прават, но тоа не значи дека мора да сме крути во начинаот на кој ќе успееме да го постигнеме тоа, особено ако нашите технички барања не работат заедно со остатокот од веб сајтот или со технологиите кои ги употребуваме за да го изградиме.

Кога ќе се најдете во позиција да се расправате за одредено техничко барање, рзамислете за алтернативите кои постојат, а со кои може да ги постигнете истите цели. Ако не може да најдете ништо,  тогаш одново проценете ја важноста на тоа барање, пред да дозволите истото да ви ги зголеми трошоците.

Недоволни познавања од областа

Ако имате мали познавања и не знаете како да го изградите она што го сакате, а сепак се одлучите да го прифатите предизвикот и самиот да изградите веб сајт врз основа на комплексна работна рамка, постојат големи шанси дека ќе завршите со поголеми трошоци отколку кога би ангажирале соодветен веб професионалец. Истотоа важи и за ангажирањето на веб дизајнер без никаков план за функционалност. Независно дали ќе си ги прецените способностите или ќе пристапите без план за функционалности и цели, двете можни сценарија ќе ве стават во позиција да имате потреба од многу помош.

Истражете пред да почнете, за да ги знаете барањата, можностите и ограничувањата на платформата на која работите. Знајте што сакате и имајте основни познавања од начините на кои може да стасате до целта. Така ќе ги елиминирате факторите кои ќе ве чинат скапо при веб развојот/дизајнот.

Ако убаво ги погледнете сите осум фактори, ќе сфатите дека сé се сведува на добро планирање. Како и со секој проект, мора да поставите буџет и да водите сметка за сите ресурси. Почнувајќи од таму, може да изградите ефективен план кој ќе ве задржува во колосек и нема да дозволи да трошите пари на непланирани трошоци кои можеле да се избегнат.


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.


Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.