СПОДЕЛИ

Со појавувањето на екраните со висока дефиниција, веб дизајнерите мора да се сигурни дека сликите кои ги употребуваат се оптимизирани за HD екрани. Прескокнувањето на овој процес може да ги направи веб страниците матни и со точки, што ќе остави многу лош впечаток кај посетителите. Еден од најдобрите начини на кои може да се справите со HD екраните е да употребувате векторски графики, секогаш кога тоа е изводливо.

Векторските графики се скалабилни и нивната големина може да градира, па тие одлично изгледаат на HD екран. Во овој пост, би ви покажал како набрзина да претворите Photoshop текст во SVG. Ако имате, на пример, лого со текст во вашиот дизајн, овој совет ќе ви биде од огромна помош.

1. Photoshop етапа

За овој пример ќе употребиме едноставно лого со текст кое е креирано со фонт фамилија: Pacifico (слика од приказ на екран).

На јазичето Layers во Photoshop, десен клик на Тext layer и изберете Convert to Shape (слика од приказ на екран).

Потоа, зачувајте ја датотеката во Photoshop EPS формат.

3

2. Illustrator етапа

Отворете ја EPS датотеката во Adobe Illustrator. Би требало сега текстот да го гледате како векторски објект.

4Во оваа фаза, може да направите неколку прилагодувања, како на пр. да ги отстраните непотребните слоеви, да ги смените боите на позадината или да ја смените големината. За да ја смените големината на документот во Illustrator, одете во File > Document Setup и изберете Edit Artboards.

Може да го употребите глувчето за да ја менувате големината или да ја специфицирате прецизно пополнувајќи во Width – Ширина (W) и Height- Висина(H).

Следно, зачувајте ја датотеката во SVG формат, што е и предодредена опција. И, тоа е тоа.


Заклучок

Самиот процес на претворање фонт во форма се прави за да се обезбеди компатибилност со повеќе компјутери – кога работите на далечина, различните фонтови инсталирани на различни системи може да појават “Font missing” грешка. Ова може да се случи и со различните верзии на Adobe Illustrator или Photoshop. Претворањето текст во SVG ќе помогне да се минимизираат или елиминираат проблемите поврзани со компатибилноста.

Кога сте веќе тука…

Неколку работи кои можете веднаш да ги направите:

  1. Станете член на нашата Facebook група.
  2. Ако веќе сте член, поканете ги и вашите пријатели во групата.
  3. Сакате да научите повеќе? Погледнете ги нашите студиски програми и курсеви.
  4. Ако имате некое кусо прашање, пишете ни во online chat формата
  5. Закажете online консултации
Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.