СПОДЕЛИ

Пазарењето на интернет го револуционеризираше начинот на кој што продаваме и купуваме нешта. Бидејќи го употребува интернетот, не е за изненадување дека секој од корисниците може да купува, рекламира и продава најразлични видови на продукти од секаде во светот. Меѓутоа, исто како и кај физичкиот пазар, така и трговците на интернет, треба да го привлечат вниманието на своите корисници за да може да ја направат трансакцијaта.

За ова, ним им треба ефикасен и креативен веб сајт, кој не само што ќе ги прикаже нивните продукти на иновативен и организиран начин, туку и ќе биде лесен за употреба, т.е корисниците не смее да имаат никакви потешкотии при прелистувањето на сајтот.

Зошто веб сајтот е најважната маркетинг алатка

Вашиот веб сајт е најважниот елемент од вашиот бизнис, бидејќи тој го претставува ликот на вашиот бренд. Тоа е непосредниот медиум кој луѓето ќе го видат кога ќе кликнат на вашето име во пребарувачите. Бидејќи тој е првата работа која луѓето на интернет ќе ја видат, вашата веб страница мора да ги исполни сите нивни желби и потреби (со форма и функција) на директен начин. За да може да им излезете во пресрет на овие барања, ќе мора да земете во предвид два важни фактори кога дизајнирате  – вашата публика и вашиот бренд.

Вашата публика

Со цел да генерирате профит, мора да ги натерате корисниците да купат од вашата понуда. Но, корисниците на интернет не работат на истиот начин како и муштериите во супермаркет. За разлика од нив, времетраењето на нивното внимание е многу пократко. Кога ќе видат нешто што не ги интересира, најверојатно ќе го напуштат вашиот веб сајт и ќе продолжат понатаму. За да ја задржите вашата публика, вашиот веб сајт мора да е дизајниран така што ќе одговара на нивните желби и потреби. За ова, ќе мора да ги познавате сопствените клиенти, како заедница, но и како поединци, за да може да си одговорите на следниве неколку прашања:

  • Кој е клиентот кон кој целите?
  • Што му е потребно на вашиот клиент?
  • Зошто на вашиот клиент му е потребен вашиот продукт?
  • Дали вашиот продукт воопшто ги интересира клиентите?

Вашиот бренд

Дури и во сферата на World Wide Web, сигурен извор, страница, продавница на интернет и сл. е нешто што ќе го привлече интересот кај многу интернет корисници. Иако постои начин да се измами системот, сепак не ви препорачувам да одите по тој пат. Научете да играте по правила, бидејќи во спротивно, не само што вашите клиенти ќе ја изгубат довербата во вас, туку и ќе бидете казнети од  Google.

Совети за веб дизајнот

Кога станува збор за дизајнирање на ефективна веб страница, луѓето си мислат дека тоа е едноставанен процес. Само кликни, повлечи, постирај и зачувај. Но, не е воопшто така. Многу е потешко отколку што се чини. Има многу фактори кои команиите мора да ги запомнат-особено ако сакаат да го подобрат својот ранг кај пребарувачите.

Ако не знаете како да креирате ефективна веб страница, или треба да ја реорганизирате постоечката, погледнете ги следниве совети:

1. Изгледот е најважен (во поголемиот дел од времето)

Првиот впечаток е сé, а тоа се однесува и на веб сајтовите. Како што ви кажав и претходно, со само едно погледнување, интернет корисниците ќе одлучат дали сакаат да го прелистуваат вашиот сајт или не. Кога зборуваме за изгледот на вашиот веб сајт, ќе мора да научите како да  балансирате со сликите и текстот, за вашиот корисник да може да се фокусира на она што сака, без притоа да го болат очите или главата.

2. Визуелно насочете ја вашата публика

Во завиност од продуктот или услугата, ќе треба да ставите слики за да го опишете она што го нудите. Компаниите кои продаваат торби, маици, чевли и сл. би имале придобивки од прикажување на истите преку слики на страниците, за потрошувачите да може лесно да се визуелизираат себе си облечени во нивниот продукт. Сепак, иако сликите се забава за очите, не се препорачува да прикачувате многу слики.Тоа може да предизвика вашата страница да се вчитува поспоро, што дополнително ќе влијае на вашето рангирање кај пребарувачите.

3. Бидете прецизни со содржината

Иако луѓето ги обработуваат информациите побрзо кога има слики, сепак тоа не е доволно за да ги убедите дека треба да го купат токму вашиот продукт. Не ја занемарувајте моќта на текстот. Некои клиенти треба да се убедени во можностите на вашите продукти, а и кога се прават рангирањата, Google повеќе се фокусира на содржината отколку на сликите. Ако дадете краток опис на продуктите или постирате написи на блог ќе одговорите и на ова барање. Имајте на ум, текстот мора да генерира информации, а не да биде само забавен.

4. Направете сајт кој е лесен за употреба

Луѓето сакаат да се вклучени во своите најомилени брендови. Употребете го овој факт во своја корист за да изградите силна врска со вашите клиенти. Може да хостирате натпревари, да иницирате промоции и да праќате персонализирани каталози и пораки. Откако вашиот веб сајт ќе биде на интернет, обезбедете им на вашите клиенти можност да имаат искуство без проблеми кога ќе прелистуваат низ него. Два пати проверете ги сите технички аспекти, како линкови, фотографии и папки за да сте сигурни дека вашите страници ќе работат во 100% од времето.

Некои од најуспешните сајтови за електронско тргување ги имаат употребено овие совети, ги прилагодиле според своите потреби и го издигнале брендот над online пазарот. Еве три такви примери:

Nite Watches

Кога ќе го отворите нивниот веб сајт, веднаш ќе разберете кој продукт го промовираат. Бидејќи продаваат часовници, тие го потенцираат изгледот на нивниот продукт и прилагодувањата за светло. Со силната црна позадина, едноставниот текст и банерот кој полека избледува и се губи, за само неколку секунди добивате претстава за нивниот бренд.

Oak Street Boot Makers

Првата работа која ќе ја видите на нивниот веб сајт е оваа фотографија од машка длабока чевла. Го употребуваат истиот формат како и претходниот веб сајт (со употреба на слика и текст), но употребуваат посветла позадина. Изборот на боја ви дозволува да ја видите изработката на нивните обувки, секој пат кога банерот ќе ве излизга во друг модел на чевла или чизма.

Luhse Tea

Она што ја прави оваа страница поинаква од сите други, кои имаат некаква врска со чајот, е што ја употребува темата на ноќ како основна слика. Додека останатите се под влијание на Викторијанската ера и вкусот на Азија, овој бренд ги сменил имињата на класичните вкусови на чај за да се совпаднат со вкупниот впечаток. Со употребата на оригинални графики и карактери, овој веб сајт зрачи со оригиналност.

Трендови кои треба да престанете да ги употребувате

Знам дека да се следи лудилото е еден од начините да си во тек со генерацијата, но ако се потпирате само на овие трендови премногу долго, тогаш сето тоа ќе влијае на вашиот веб сајт. Во најмала рака, сите овие трендови се претерано употребувани и стари, па заморно е кога се гледа истиот формат одново и одново.

Скокачки прозорци

Скокачките прозорци се напорни и нервираат. Потсетувањето на корисниците за одреден продукт или претплата, откако веќе рекле не – и информацијата дека пропуштаат нешто неверојатно-е непрофесионално и навредливо. Скок прозорците го намалуваат корисничкото искуство во голем процент.

Видеа кои автоматски се пуштаат

Нема ништо лошо во тоа да постирате видео или аудио пораки, особено ако тие се поврзани со темата. Но, да ги изненадувате клиентите со нивно автоматско пуштање без нивна дозвола е многу лошо. Мора да им дадете можност да изберат дали сакаат да го погледнат нештото или не, во спротивно ризикувате да го напуштат вашиот веб сајт за да добијат тишина.

Посебни мобилни страници

Да, вашиот веб сајт треба да може да се употребува и на мобилен уред за да добиете повеќе корисници, но мора да запомните дека форматите на овие уреди се разликуваат од оние на компјутерите. Ако сакате да ги употребувате вашите веб сајтови на мобилен, мора да сте сигурни дека корисниците ќе имаат ист пристап до опциите и исто корисничко искуство како и на компјутер.

Но, имајте на ум дека Google не препорачува да креирате посебни сајтови за на мобилни уреди, бидејќи ќе се дуплирате и може да бидете казнети за тоа.

Скеуморфизам

На времето, сликите кои изгледаа живописно и реално беа многу чести. Но, сега тоа е стар тренд кој ќе направи и вашиот сајт да изгледа неубаво и досадно.

Лизгачи

Најмногу од сé сакате вашиот клиент да се фокусира на продуктот и да го разбере целосно. Но, ако имате лизгачи може да го поместите фокусот. Да, за некои сајтови лизгачите се корисни, но може да го одвлекуваат вниманието. Затоа уште еднаш размислете. Ако немате придобивки од лизгачите, извадете ги и заменете ги со поефикасен дизајн.

Заклучок

Има многу начини на кои може да ја поставите вашата веб страница, само треба да запомните дека не е секогаш лесно. Мора да ги следите правилате (како offline, така и  online) за да не бидете казнети, но во исто време и да одржите силна врска со клиентите преку изгледот и опциите на вашиот веб сајт.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.