СПОДЕЛИ

Сакате да станете програмер.

На кратко, најбрзиот и најлесниот начин да станете програмер денес е да се фокусирате на веб развојот. Имено, може да станете добар веб програмер за само 6 месеци, а во овој текст ќе добиете план по месеци за начинот на кој може да го направите тоа. Планот не е многу збиен, и има за цел да ви даде општа претстава за јазиците за програмирање кои можеби би сакале да ги научите, и редоследот по кој би требало да ги учите.

Ако одлучите да прочитате само еден текст на овој блог, тогаш тоа нека биде овој.

Месец 1: Направете едноставен веб сајт (HTML и CSS)

Поминете го првиот месец учејќи HTML и CSS, јазиците кои се употребуваат за да се направи еден основен веб сајт. HTML и CSS несомнено се двата најлесни јазици за програмирање кои може да ги научите. Тие полека ќе ве воведат во програмирањето пред да преминете на нешто поголемо, нешто што ќе биде поголем предизвик. Сé што ви треба е вашиот компјутер!

html-cssДизајнирање и градење на ваш едноставен веб сајт е одличен начин да научите HTML и CSS. Може да следите и нашите курсеви на далечина за HTML и CSS, при што ќе имате помош од искусни ментори. Може и самите да ги истражите HTML и CSS, но тогаш би ви било малку потешко, затоа што на интернет има и премногу информации. Секако, прво треба да ги најдете парчињата од една сложувалка за да може потоа да ги составите.

Најголемиот проблем со самостојното учење од материјали на интернет е тоа што сте оставени сами на себе. Ќе најдете бесконечно многу материјали (на англиски јазик) но тоа само ќе ви донесе хаос и фрустрации. Кога сте почетник, имате многу прашања и ќе ви се случува да заглавувате и на наједноставни работи. Наоѓањето одговор е она што ќе ве чини многу време. За ваша среќа, совладувањето на овие работи со помош на ментор значително ќе ви го олесни животот.

Како и да е, не би требало да ви треба повеќе од еден месец за да добиете солидна основа во HTML и CSS. Потоа, може да продолжите со вистинско програмирање.

Месеци 2 и 3: Front-End развој (JavaScript)

JavaScript е јазик за програмирање кој ви овозможува да ги направите веб сајтовите интерактивни. Јазик кој треба да го научите од две причини:

  1. не бара инсталација
  2. може да го употребите во вашиот HTML и CSS веб сајт.

JavaScriptJavaScript програмирањето понекогаш се нарекува и front-end развој, а неговите скрипти работат на корисничкиот компјутер.

Кога ќе почувствувате дека сте го совладале јазикот, дизајнирајте и изградете сопствена веб апликација со JavaScript. За да го направите ова ќе треба да научите како да планирате, дизајнирате и изградите програмерски проект. JavaScript е возбудлив јазик со многу можности, кој многу ќе ви помогне во реализацијата на идејата да станете добар програмер. Ќе ви бидат потребни два месеци за да го научите и за да почнете да го употребувате.

Месеци 4 и 5: Back-End развој (PHP)

Последното парче од сложувалката во веб развојот е back-end развојот. Ако креирате веб сајт и знаете да пишувате и front-end и back-end скрипти, ќе бидете навистина добро подготвен програмер.

Многу веб сајтови употребуваат back-end скрипти за да земат податоци од базите на податоци, или да споделат содржина помеѓу повеќе веб страници. PHP е најпопуларниот програмски јазик за back-end развој, а во последно време негова сериозна конкуренција е Ruby on Rails.

Изберете еден од овие два јазика. Научете го и специјализирајте се во него. Многу програмери велат дека PHP е подобар за почетници, додека пак Rails има малку поостра крива на учење. Сепак, изборот е ваш.

php_mysql2Ако одберете учење на далечина на веб академијата Еверест, ќе имате можност да го научите PHP заедно со MySQL, работејќи на практични задачи, под надзор на ментор. Освен PHP & MySQL ќе треба да го совладате и Symphony, мошне популарен фрејмворк за PHP.

Месец 6: Изградете кредибилитет

Веќе во шестиот месец ќе имате доволно знаење за да станете програмер. Честитки!

Меѓутоа, вие можеби немате универзитетска диплома ниту некој официјален сертификат, па затоа ако сакате да најдете работа, мора да докажете дека знаете што правите.

Постојат два начини за да го направите тоа.

Првата опција е да направите сопствен веб сајт како портфолио на кој ќе ги претставите апликациите и веб сајтовите кои ги креиравте во последните 6 месеци додека учевте.

Втората опција е да креирате голема апликација, во која ќе го употребите сето она што сте го научиле, и да ја претставите јавно за да покажете што знаете и можете. Ова ќе ви одземе повеќе од еден месец, но трудот и времето кои ќе ги вложите ќе ви се исплатат.

Последниот чекор е да почнете да барате работа. Пребарајте огласени работни места за програмирање во вашата област, или почнете да работите самостојно, како хонорарец.

Ако одберете учење на далечина на веб академијата Еверест и успешно ја завршите обуката, ќе ви помогнеме во наоѓањето работа кај некој од нашите партнерски фирми.

Независно која опција за учење да ја изберете, нема да згрешите бидејќи на можностите им нема крај.

Од каде да почнете?

Прво, тргнете од целта. Што сакате да станете? Што би сакале да работите? Постојат голем број можност кои чекаат на вас. Погледнете ги студиските програми на веб академијата Еверест и, ако не сте сигурни што точно би сакале да изберете, закажете бесплатни индивидуални консултации.

Во меѓувреме, проучете малку како функционира менторираното учење на далечина на веб академијата Еверест, превземете ја книгата “Како да станете веб развивач“ или посетете некој од нашите бесплатни курсеви.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.