СПОДЕЛИ

Курсот Техники на UX составен е од 7 составни дела.

Дел 1: Преглед на курсот
Во курсот Техники на UX дизајн ќе ги разгледаме шесте чекори на процесот на дизајнирање фокусиран на корисникот: собирање и анализирање кориснички податоци, креирање персони, употреба на техниките за креирање на нови концепти, правење визуелни сценарија, дизајнирање и тестирање прототипи, и потоa, планирање на циклусот на развој со сите овие информации. Ќе ви помогнеме да ги разберете придобивките на дизајнот кој се фокусира на корисникот, и ќе ви понудиме совети за тоа како да го ангажирате целиот тим.

Дел 2: Анализирање кориснички податоци
Како знаете дали вашиот проект навистина ги задоволува потребите на вашите корисници? Во овој дел од курсот ќе го разгледаме процесот на добивање кориснички податоци преку внимателно набљудување и трансформирање на тие податоци во идеи за проектот според кои ќе може да делуваме. Научете како да ги набљудувате корисниците кои се во интеракција со вашиот прототип или постоечки проект, изградете мапи на искуство кои ќе ги опишуваат тие интеракции, и анализирајте ги податоците пред да продолжите во следниот чекор од серијата: креирање персони.

Дел 3: Креирање персони
За кого развивате? Како тие ќе го употребуваат вашиот дизајн? Ова се важните прашања кои ќе ви ги одговорат персоните. Во овој дел од курсот ќе ви покажеме како да ги искористите податоците кои ги собравте од посетите на терен и другите иинтеракции за да изградите слика на корисници за кои најмногу се грижите. Овие персони може да ви помогнат да го насочите развојот, и да направат целиот тим да го дизајнира проектот, продуктот, апликацијата или веб сајтот, имајќи ги на ум истите цели и истите корисници, што на крајот ќе резултира во дизајн на корисничко искуство кој е кохерентен и фокусиран.

Дел 4: Креирање нови концепти
Креирањето нови концепти е процес на собирање на многу различни идеи во краток временски рок. Во дизајнот на корисничко искуство поширок сет идеи ќе ве доведе до покреативно и позадоволително решение за вашите корисници. Во овој дел од курсот ќе ги разгледаме техниките за креирање нови концепти и како тие може да им помогнат на дизајнерите да размислуваат пооригинално и без стеги кога станува збор за корисничкото искуство.

Дел 5: Креирање сценарија
Сценаријата и визуелните сценарија се соочување со реалноста за дизајнерите, бидејќи дозволуваат тие да видат како интеракцијата ќе се извршува во реална околина. Овој дел од курсот ќе ви покаже како да ги употребите овие алатки за да ги обележите вашите идеи за потребите на корисниците во нивните секојдневни задачи и работни текови. Ќе ви објасниме како да напишете сценарио, и потоа да го трансформирате во визуелна приказна која прикажува моменти од интеракцијата кои тешко може да се опишат само со зборови, како емоции, акции, детали и напредок.

Дел 6: Правење прототипи на хартија
Овој дел од курсот ги собира заедно сите работи кои ги собравме во претходните чекори. Овде, ќе ви покажеме како да добиете брза, ефтина и рана валидизација на вашите дизајн идеи, употребувајќи наједноставни материјали: хартија, ливчиња за белешки, индексни картички и пенкалца во боја. Со овие алатки, ќе научите како да креирате прототипи на хартија и да ги претставите пред карактеристичните корисници на вашиот продукт или систем. Одличен начин за тестирање на вашите идеи пред да почнете со пишување код.

Дел 7: Планирање имплементација
Дизајнот кој се фокусира на корисникот не запира со визуелизацијата. Во овој последен дел од курсот Техники на UX, ќе ви покажеме како да ја соберете документацијата која до сега ја креиравте и да започнете со имплементацијата на вашиот дизајн, преку правење приоритети на опции со најголеми придобивки за бизнисот, па сé доприлагодување изводливи метрики.

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
  • графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
  • сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн,

Предзнаења

За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Александар Пешевски e графички и веб дизајнер чија специјалност се UI, UX и бренд дизајн. Со дизајн се занимава речиси 20 години. Во моментов работи како дизајнер во Glitch agency која е дел од IWM Network (компанијата која стои зад популарниот портал it.com.mk) а претходно работел и соработувал со голем број компании каде најголем предизвик му бил решавање комплицирани веб структури. Извесно време бил и инструктор за флеш анимации, фотошоп и дизајн принципи. Негова пасија за изработка на уникатен накит од неодамна ја претвори во свој бренд, MightyCreation.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.