СПОДЕЛИ

Луѓето се уморни од работење со големи тимови. Непродуктивно е кога треба да сте во контакт со еден човек за процесот на имплементирање, па потоа, друг за менаџирање на проекти и трет кој е впрочем директно вклучен во дизајнирањето на веб сајтот.

Токму затоа улогите многу се сменија и веб дизајнерите кои се ориентирани кон решенија се оние кои се главни. Благодарение на многуте теми, особено оние со однапред подготвени распореди, овие веб дизајнери се она што најмногу се бара на пазарот.

 01

Како темите за повеќе цели може да ви помогнат да ги подобрите вашите навики за продуктивност и да станете подобар дизајнер

Бидете реални! Има многу одлични дизајнери. Конкуренцијата е силна. Секој се бори за (скоро) истите клиенти, време, внимание, технологии, алатки, резултати. Ако сакате да ја рафинирате вашата стратегија и да се издвоите од толпата, мора да сте дисциплиниарни како војник.

Тоа е единствениот паметен начин кој дава трајни резултати во амбицијата да се постигне повеќе како веб дизајнер, како лично, така и професионално. Не со работење со други човечки ресурси и збунување на клиентите, туку со развивање на правилни навики за продуктивност.

Прво, се вели дека креативноста е како мускул. Мора да се вежба секој ден за да се постигне повеќе и да се продолжи понатаму. Тоа може да го направите на неколку начини: со патување, со читање, со слушање на добра музика, со следење на најновите трендови во дизајнот или со храброст и иновативност.

Второ, ако вашата цел е да градите едноставни и убави веб сајтови, каде функционалноста е во согласност со слаткиот  UI, време е да почнете со високо интуитивните и обемни WordPress теми, како што е Be.

“Be“ ви нуди многу различни готови распореди на страница кои лесно се адаптираат на барањата на клиентите

Колку се лесни готовите распореди на страници? Премногу лесни.

1Откако ќе кликнете на BeTheme Demo податоците, ќе добиете паѓачко мени од каде може да го изберете своето омилено демо и дури да го импортирате заедно со неговите слики.

2Со ова ќе ги импортирате демо страниците кои потоа може да ги уредувате како било која друга страница.

3Однапред подготвениот распоред на страница е на три кликнувања од распоред подготвен за прилагодување. Неверојатно, нели?

Главната причина поради која ги препорачуваме Be може да се сумира во еден збор: перформанси. Зошто? Еве неколку цврсти аргументи на кои може да се потпрете:

  • Be доаѓа со визуелен уредувач кој лесно се употребува (Muffin Builder) и со кој може да направите измени од секаков тип (да ажурирате бои, омилени икони, логоа, итн.) за многу кратко време.
  • Be го нуди и Visual Composer за сите front-end љубители кои сакаат да импресионираат со сопствен печат.
  • Be претставува 6 различни распореди на мрежа со кои може да си заштедите време и пари при креирањето на веб сајтови прилагодливи на резолуцијата и големината на екранот.
  • Be е фокусиран на дизајнери кои воопшто или многу малку знаат да кодираат.
  • Be ви обезбедува сé што ви е потребно за да добиете одличен резултат, особено бидејќи 50% од работата веќе е завршена со темата.

Ако нема докази, како да не постои, нели? Веб сајтови креирани со Be

Ајде да погледнеме примери на веб сајтови кои се креирано со Be. Запомнете дека и вие може да креирате слични дизајни за вашите клиенти, ако не и многу подобри.

Независно за какви индустрии станува збор, сите заслужуваат убави веб сајтови. Впрочем, тоа е основата која мора да ја имаат ако сакаат да го прошират својот аудиториум на глобално ниво. И зошто да не им се оствари сонот, особено сега, кога најголемата вредност на интернетот е тоа што нуди универзум без граници.

sixtonlaarzen_nl

lifestyleloans_com_auОна што ги прави овие  веб сајтови забележителни, лежи во следниве придобивки и клучни зборови:

  • Огромен пакет на целосно прилагодливи готови теми (90+ ако сакаме да сме попрецизни)
  • Одлични алатки за уредување (Muffin Builder и Visual Composer)
  • Интуитивен Layer Slider за неверојатни паралакс ефекти
  • Видео сесии во позадина со кои го задржуваат вниманието на посетителите
  • Повеќе од 200 кратки кодови за целиот процес да трае пократко
  • 6 различни верии на мрежи и 10 стилови на распореди на страници со кои може да експериментирате
  • SEO компатибилност за рангирање кај пребарувачите
  • Прилагодливи на различна големина на екран како гаранција за позитивно online однесување
  • Инсталација во еден клик

Be го прави целиот процес побрз и полесен. Станува збор за многу флексибилна WordPress тема која може да ја употребите во секое време и да сте сигурни дека ќе добиете убав веб сајт. Немојте да заглавувате во лажни проблеми, како на пр.: “Немам искуство во дизајнирање за модната индустрија.” или “Дали треба да прифатам да работам на два проекти во исто време?”. Be е овде да ви помогне да станете човек за сé. Забавата може да почне!


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.