СПОДЕЛИ

Никој не противречи на фактот дека Америка е уникатна земја во која коегзистираат многу етнички групи, националности, раси, различни култури и религии. Нашата листа на најдобрите веб дизајни во Америка ја фасцинира публиката на интернет токму поради посебната разноликост, и тоа не само со својот дизајн, туку и со интерактивноста и иновативните идеи.

И покрај тоа што во однос на останатите нации, Америка има кратка историја, сепак таа е многу богата, особено ако се земе во предвид американското влијание во европскиот модернизам, реализам, импресионизам и апстрактен експресионизам. Исто така, таа може да се пофали и со неколку генијалци во ликовната уметност и специфичните правци како луминизам, тонализам или Харлем ренесанса.

Америка неспорно има зачинета културна историја која негува иновативни пристапи, креативно размислување и љубов кон пионерски методи кои водат до одлични проекти.

Најдобрите веб дизајни во САД

Spacejunk

Spacejunk изгледа како скапо студио, а веб страницата остава силен прв впечаток. Се идентификува со серија на кратки видеа кои фрлаат светлина на неколку клучни аспекти. Дополнително, страницата за добредојде е означена со ултра тенка типографија и елегантна графика која совршено одговара со фонтот.

Footjoy Lookbook

Веб страницата е едноставна и организирана. Модерниот пристап на прикажување на новата линија на продукти преку фотографии секако нуди предност кој треба да генерира повисока продажба.

Nightcrawler Film

Промотивна веб страница која се потпира на ефектот на краткото видео извадено од филмот. Тимот оди на минималистички пристап и инкорпорира графики со line стил и остар фонт, а ги отфрла сите дополнителни декорации.

Nike

Многу слично на претходниот пример, новата рекламна кампања на Nike е поткрепена со врвна веб страница. Тимот ја избегнува монотонијата на обичните веб страници преку неколку кратки мотивациски видеа со извонредна спортска енергија.

Blu Homes

Почетната страница ја постигнува рамнотежата така што обезбедува хармоничен дизајн и читливост. Изборот паѓа на природни мотиви, а тимот успеал да создаде топла и срдечна атмосфера која веднаш ве плени.

Sound City Project

Sound City Project е иновативен концепт кој обезбедува фантастично корисничко искуство за паметење омекнато со суптилна, урбана вибрација. Темната примарна боја со комплементарните светли графики и сликите од градскиот пејзаж ви будат фантастично чувство.

Dropbox

Главната страница е дефинирана со прекрасен спој на рамен стил и вектор графики кои се поддржани од мирна и пригушена шема на бои. Решението да се подели страницата на два јасно препознатливи дела дозволува да се задоволат потребите и на корисниците и на администраторите.

Demi Creative

Почетната страница е репрезентативен примерок за креирање на модерни online портфолиа. Се базира на динамична позадина на која има кратко видео, огромно лого со задебелени букви кое е во контраст со позадината, хамбургер икона и забележително “call-to-action” копче.

Tile App

Веб страницата ја покажува силата на уште еден свеж пристап во креирањето на почетните страници кој во заглавјето инкорпорира детаљ на модел слика на производот кој го промовира. Производот (т.е мобилната апликација) е поставена во пријатна канцелариска средина составена од неколку предмети кои совршено си одговараат. Навистина привлекува внимание, нели?

Union

Официјалната веб страница на Union донесува нота на суптилност. Додека страницата на пристигнување го насочува вниманието на корисниците кон најдобрите направени дела, екранот за добредојде веднаш се забележува со деликатниот и хармоничен спој на позадина со слика, лого и ситни, но прецизни навигациски елементи.

Story and Heart

Оваа веб страница веднаш ве намамува во проектот благодарение на серијата од неверојатни, инспиративни видеа кои многу ја потпомагаат темата и креитраат артистична атмосфера.

One Design Company

Секцијата за добредојде има релативно едноставен, а сепак елегантен изглед кој е резултат на одличната илустрација со контури оживеана со помош на стандардна анимација со лизгање, лого со задебелени букви, мени во линија и што е најважно монохроматска позадина.

V76

V76 многу добро го употребува, основниот, често употребуван распоред со стил на мрежа, кој не само што обезбедува хармоничен и совршено пропорционален распоред на веб страницата и дозволува елегантен приказ на неколку високо квалитетни форографии, туку и потенцира многу поважни работи.

Kaber Technology

Веб страницата има моќна техничка линија која е постигната од серија на вешто поврзани и внимателно избрани видеа, слики и реални модели. Овде содржината е главна, а тимот тоа вешто го акцентира.

Lapka BAM

Lapka BAM е неспоредлива и добро креирана веб страница на една страна која прикажува нова линија на производи. Со секој ред веб страницата го буди интересот кај корисниците и ги охрабрува да ги купуваат производите. Тимот многу вешто ја реализирал визуелната стимулација.

Montage

Овде тимот успеал многу добро да измеша елементи со рамен и скеуморфен стил. Веб страницата е хармонична мешавина од чисти, монохроматски канваси, анимирани, нежни илустрации, контурни икони, реалистични модели и рамки за фотографии, текстура на дрво, текстура на кожа и сјајни површини.

Adventure

Оваа веб страница буди прекрасна вибрација на авантура. Почетната страница јасно ја изјавува филозофијата на проектот преку спектакуларна подводна сцена и динамично видео копче. Нежната ракописна типографија, светлите долгнавести графики и навигациското мени во линија допринесуваат на целата енергија.

Push

Естетиката на почетната страница е заснована на вертикален лизгач што впрочем дава приоритет на сликите и видеата. Ваквиот пристап создава препознатлив идентитет и ефикасно го зацврстува брендот.

Breezy Excursion

Тимот дава оригинално решение за креирање на електронски продавници. На прв поглед, веб страницата не потсетува на електронско купување. Нејзината енергетичност, живост и фотографиите упатуваат на нешто сосема различно. Меѓутоа, сепак успева да создаде одлична атмосфера која поттикнува поголема продажба.

The Capitol

Тимот се обидува да ги потенцира и текстот и мултимедиата, па имаме многу визуелни линкови низ целата страница. Иако светлата боја треба да го ублажи целиот впечаток, сепак страницата изгледа супериорно.

Заклучок

Американските креативни дигитални агенции се трудат да произведат врвни проекти следејќи ги трендовите и употребувајќи нови техники.

 


Те поттикна ли на размислување оваа статија? Се гледаш ли себе си како иден професионалец во веб индустријата? Веб академијата Еверест може да ти помогне да ги оствариш своите цели на лесен и ефикасен начин, учејќи преку практична работа на задачи и проекти, под водство на искусни ментори. Не чекај, кликни овде и закажи индивидуална консултација.


Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.
  • Optimus Prime

    Ако зборуваме за веб дизајн добро би било да клајте вие target=”_blank” 😀