СПОДЕЛИ

За дизајнерите со страст за најновите правци на развој низ целиот спектар на визуелниот дизајн, постои еден нов сајт на кој се претставени дел од највозбудливите, најиновативните и најинспиративните дизајнерски проекти кои се во тек. Секој ден DesignFaves.com, пребарува по интернет и бара проекти зад кои се крева прашина и потоа ви праќа компактен визуелен преглед, директно во вашето електронско сандаче.

Бидејќи се фокусира на сите полиња од дизајнот, на него ќе најдете графички дизајн, уметност, архитектура, дизајн на мебел, мода, фотографија, брендирање и сé друго што е визуелно привлечно.

Може да се претплатите за билтен и секое утро да добивате доза инспирација, или пак да го пребарате нивниот сајт секогаш кога сакате да добиете идеи. Независно кој сте и што сакате, секогаш ќе најдете свежи проекти за сé на DesignFaves.com.

Научно фантастичниот уметникот на хартија креира детални слики од вселената со исечоци од хартија.

0015Погледнете како би изгледал Форест Гамп по преобразбата кај Вес Андерсон. Совршено!

Фотографка со авантуристички дух води уникатен дневник за нејзиниот пат околу светот.

0035Погледнете ги вашите омилени ликови од цртаните филмови хумористично илустрирани како возрасни.

0045Опсесивни илустрации на кои нашите драги пријателчиња од ‘Loony Tunes’ се претставени како психопати кои убиваат.

0055
Неверојатни фотографии од бранови фатени во совршен момент токму пред да се разбијат.

0065Тибетски монаси градат спектакуларни уметнички дела, обоени со песок за да ја прослават минливоста на животот.

0073Инспиративна изведба на велосипеди со неонски знаци во Детроит

0083Инсталацијата од висечки цвеќиња која го одзема здивот и нежно го трансформира чувството на музејот во Лондон

0093Погодете како е направен овој мозаик од Војна на ѕвездите…. Ако погледнете од поблиску, ќе се изненадите!

0103Надреална дигитална скулптура со која се замислува топењето на внатрешните делови на еден масивен млазен авион.

0112Откријте како би изгледало логото на Apple кога би било познат суперхерој. Друштво на Apple одмазници!
0122Елегантно пишување по тело кое ја употребува човечката кожа како платно за сликање.

0131Градина со мов како кинетички лавиринт кој се менува како што се поминува низ него

0152Потребни им беа 40 часа за да се изгради овој градски пејзаж од спојници. Чекајте само да го видите градот од компири!

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.