СПОДЕЛИ

Како и секој интегрален детаљ на корисничкиот интерфејс, така и дизајнот на менијата се менува зависно од тековните трендови. Некои метаморфози носат позитивни резултати кои го рафинираат искуството на корисникот, но некои пак, ги уништуваат посакуваните импресии. Следењето на трендовите, особено кога станува збор за навигација, е многу сложено.

На пример, скриените менија и минималните навигациски ленти сѐ повеќе се во центарот на трендовите. Меѓутоа, тие не функционираат добро со сите веб страници наспроти менијата на цел екран, кои од друга страна се идеални за скоро секој проект. Последниот тренд, благодарение на неговата разноликост и можноста да го подобрува, а не уништува UX-от, добива се поголема популарност. Тој ненаметливо сервира многу податоци, јасно прикажувајќи текст и мултимедиа. Се разбира, тој е на само еден клик од почетната страница, но таа жртва придонесува за подобар UX.

Денес ќе ви покажеме 20 свежи идеи и примери за навигација на цел екран во дизајнот на веб страниците.

Maecia

1-MaeciaMaecia со стимпанк изгледот дава нота на единствена рафинираност и дистинктивно механичко чувство. Навигацијата базирана на слики го зафаќа целиот екран и совршено одговара на динамичната насловна страница и севкупната тема.

Olcese

2-OlceseOlcese има неколку менија кои им овозможуваат на корисниците да ја истражуваат веб страната детално, и истовремено го засилуваат идентитетот на брендот. Стилската мрежна навигацијата базирана на слики изобилува со интересни фотографии, елегантна графика и пријатни пропратни ефекти. Комбинацијата на овие елементи игра главна улога.

Moeko ABE

3-Moeko-ABEШто повеќе може да очекувате од оnline портфолио на еден фотограф? Брилијантна почетна страница која се фокусира на фотографии јасно зборува во име на уметникот. Менито беспрекорно и глатко засенува сѐ на страницата со цел да обезбеди живописни фото линкови со јасна основа.

Conference Awwwards

4-Conference-AwwwardsСо ваква иновативна почетна страница која инстантно ви го привлекува вниманието преку серија на неверојатни, првокласни анимации направени во HTML/CSS/JS,  едноставната навигација која го окупира целиот екран и ги истакнува навигациските линкови е едно разумно решение.

Drygital

5-DrygitalГлавното мени на  Drygital зрачи со радост и позитивни емоции. Величенствената, жива позадина која се прелева служи како идеална основа за прикажување на навигацијата направена во блескава бела боја. Како и вообичаено, менито ја прекрива целата почетна страница. Меѓутоа, благодарение на полутранспаренниот канвас, корисниците имаат можност да го видат видеото на страницата на пристигнување.

Aleman’s Design

6-Alemans-DesignОвој дизајн има “seamless” навигација која добро се вклопува со целата сцена со што допринесува за поголема естетика. Тимот употребува несекојдневно решение со искористување на анимирана позадина за истакнуање на елементите на менито.

Mas Industries

7-Mas-IndustriesMas Industries употребува навигациско мени кое е базирано на слики и елегантно се појавува од едно мало “хамбургер” копче. Одличните слоеви на метални делови одредуваат чувство на сериозност и суровост. Иако контрастот помеѓу  позадината и  предната страна е слаб, сепак ова решение успева да ја зајакне дизајнерската линија.

Danne Olsson

8-Danne-OlssonDanne Olsson ги поздравува корисниците со спектакуларна позадина со фотографија полна со природни мотиви. Со цел да го помести фокусот од атрактивното централно парче кон посмирена и поедноставна навигација, тој се решава за поробусно решение инкорпорирајќи мени на целиот екран со позадина во јака боја.

Impossible Bureau

9-Impossible-BureauОвде главната навигација ја прекршува почетната страница во четири колони, со што не ви дозволува да не ги забележите примарните секции на веб страницата. Со цел да му даде повеќе светлина на изгледот и почетната страница да не изгледа мрачно, секој линк има убав канвас кој се прелева, чиста типографија и слика која одговара.

Voisins

10-VoisinsПрвата страница на Voisins е масивен систем за навигација кој содржи две менија. Првото, како и што се очекува од моменталните трендови во веб дизајнот, се активира преку “хамбургер” икона, а второто го зафаќа целиот екран за да може поефикасно да работи со линковите.

Fornace Studio

11-Fornace-StudioFornace Studio има употребено необично решение. Кај него главното мени се појавува со притиснување на малечка икона за навигација. Се лизга од различен агол, се замаглува и ја покрива почетната страница, со што веднаш успева да го привлече вниманието на корисниците.

Webgriffe

12-WebgriffeWebgriffe има суптилен дизајн со фокус на текстот, ултра-тенка, нежна типографија, дух копчиња, остра и стилизирана графика и фасцинантен канвас. Главното мени многу убаво се вклопува во темата.

Moma

13-MomaНавигација на целиот екран која им овозможува на корисниците да се префрлаат од сликите на почетната страница во други слики кои се одбрани за примарното мени. Ова решение е елегантно, јасно и целосно соодветно.

Giaco Morelli

14-Giaco-MorelliСлично како и кај претходниот пример, менито на целиот екран со транспарентна позадина и задебелен фонт го префрла вниманието на посетителите од интерактивната и возбудлива почетна страница кон поважниот дел на веб сајтот.

Gianluca Bocchi

15-Gianluca-BocchiОфицијалниот веб сајт на галеријата, и покрај минималниот дизајн и недостатокот на декор, дава слика на рафинираност, деликатност и артистичност. Овде, првиот впечаток, добиен заради менито кое суптилно ја дели страницата на пристигнување на три дела, навистина е важен.

Elliot Lepers

16-Elliot-LepersElliot Lepers има хоризонтален лизгач на целиот екран кој ги прикажува податоците колона по колона. Иако не станува збор за класична варијанта на мени, сепак навигацијата е јасна и им дозволува на корисниците да добијат најмногу што може од проектот.

Fahrenheit

17-FahrenheitКако и кај повеќето online портфолија, Fahrenheit има мало мени кое во себе содржи основни линкови. Сепак, тимот му посветува особено внимание давајќи и на навигацијата една цела страница со што ја идентификува како главен приоритет.

N3RD

18-N3RDОвде почетната страница е страница за навигација. Одличната работа е што тимот воопшто немал потреба да се грижи за варијанти за таблет и мобилни уреди, бидејќи ваквото решение совршено прилега на сите платформи. Иако е релативно обично, сепак е и елегантно,.

ivxvixviii

19-ivxvixviiiivxvixviii има софистицирана геометриска природа збогатена со спектакуларни слики и суптилни ефекти. Уникатната и детална навигација буди интерес и ги тера корисниците да ја истражуваат се подлабоко.

The Colors of Motion

20-The-Colors-of-MotionВеб страницата се карактеризира со навигација без текст која на прв поглед збунува. Дизајнерот има прифатено решение кое не е вообичаено, при што менито се стопува со секцијата на брендот, а сето тоа целосно ја поткрепува темата.

Заклучок

Кога ги следи трендовите, навигацијата може да се појави во најразлични форми, а менито на целиот екран е само една од опциите. Оваа презентација е добитна комбинација која успева да ги реши поголемиот број на проблемите во веб дизајнот.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.