СПОДЕЛИ

Еден front-end веб развивач (или девелопер, сеедно) е она што повеќето од луѓето го имаат на ум кога ќе чујат за “веб развивач”. Тој е одговорен за имплементирање на визуелните елементи кои корисниците ги гледаат, и со кои се во интеракција, кај една веб апликација. Тие обично се поддржани од back-end веб развивачи, кои се одговорни за логиката на апликацијата од серверска страна и интегрирањето на она што front-end развивачите ќе го сработат.

Пишувањето добар опис за работа и соодветен оглас едно работно место бара да посветите внимание на деталите. Кога имате потреба од напреден front-end веб развивач, пишувањето општ опис за веб развивач во вашиот оглас ќе ви донесе многу апликации од луѓе кои специјализирале во градење на back-end веб услуги, или веб дизајнери кои немаат никакво знаење од програмирање.

Постојат технологии и знаење кои се заеднички за сите веб програмери. Во овој текст ќе ви обезбедиме пример на опис за работа за front-end развивач, кој се надеваме дека ќе ви помогне полесно да го најдете и ангажирате човекот кој ги задоволува вашите посебни критериуми.

Копирајте го овој образец и изменете го по потреба:

Претставување на компанијата

{{Напишете краток и привлечен пасус за вашата компанија. Обезбедете информации за културата на компанијата, придобивките и приходите. Споменете ги работните часови, можностите за работа на далечина и сето она што мислите дека ја прави вашата компанија интересна.

Опис на работното место

Имаме потреба од Front-End веб развивач кој ќе биде мотивиран да ја комбинира уметноста на дизајнот со уметноста на програмирањето. Обврските ќе вклучуваат претворање на UI/UX жичените модели во вистински код, со кој ќе се произведат визуелните елементи на апликацијата. Ќе треба да соработувате со UI/UX дизајнерот и да го премостите јазот помеѓу графичкиот дизајн и техничката имплементација, земајќи активна улога и од двете страни, а притоа дефинирајќи како апликацијата ќе изгледа и како таа ќе работи.

Обврски

  • Развивање на нови кориснички опции
  • Градење код кој може одново да се употребува, и креирање библиотеки за употреба на идни проекти
  • Обезбедување на техничка реализација на UI/UX дизајните
  • Оптимизирање на апликацијата за максимална брзина и скалабилност
  • Обезбедување на валидизација за целиот кориснички внес пред истиот да се прати на back-end
  • Соработка со други членови на тимот и учесници во проектот
  • {{Овде додадете ги дополнителните обврски кои мислите дека се релевантни за позицијата која ја нудите}}

Вештини и квалификации

  • Напредно знаење на веб ознаки, тука вклучувајќи HTML5, CSS3
  • Основно познавање од CSS претпроцесори од серверска страна, како LESS и SASS
  • Напредно познавање од пишување скрипти на клиентска страна и JavaScript работни рамки, вклучувајќи ја и jQuery

Забелешка: Секој front-end развивач се очекува да има напредни знаења на JavaScript, додека пак од повеќето се очекува да знаат да работат и со jQuery.

  • Добри познавања од {{Во зависност од специфичниот случај, еден развивач би требало да има напредни знаења од JavaScript библиотеки и работни рамки, како AngularJS, KnockoutJS, BackboneJS, ReactJS, DurandalJS итн.}}
  • Солидно познавање од асинхрони барања, парцијални ажурирања на страница и AJAX
  • Основни познавања од алатки за работење на слики. Се очекува веб развивачот да умее да сече, менува големина или прави мали прилагодувања на сликата. Познавања од алатки како Gimp или Photoshop е плус.

Забелешка: UI/UX дизајнерот се очекува да предаде завршени ресурси за развивачот да ги инкорпорира во апликацијата. Сепак, често се случува front-end развивачот да мора да направи мали прилагодувања.

  • Напредно познавање на проблемите поврзани со компатибилност кај прелистувачи и начините за справување со истите
  • Напредно познавање од алатки за контрола на верзии на кодот {{Git / Mercurial / SVN}}
  • Добро разбирање на принципите на SEO и работење на апликацијата согласно истите
  • {{Споменете други работни рамки, библиотеки или друга технологија, нешто што е во тесна врска со вашиот комплет за равој}}
  • {{Наведете го нивото на образование или сертификатите кои ги барате}}

Патем…

…дали знаевте веб академијата Еверест:

Сега знаете.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.