СПОДЕЛИ

Back-end-от вообичаено е составен од 3 дела: сервер, апликација и база на податоци. Ако сакате да купите карти за кино или да резервирате авионски лет, вообичаено посетувате некоја веб страна и имате некаква интеракција со front-end-от односно она што можете да го видите. Штом ги внесете вашите податоци, апликацијата ги чува во база на податоци, креирана претходно и поставена на некој сервер. Сите тие информации остануваат таму, на серверот и кога повторно ќе се најавите со корисничко име и лозинка во апликацијата за да ги отпечатите картите, сите податоци се таму во вашата сметка.

Лицето кое е задолжено за изградбата и функционирањето на сета оваа технологија го нарекуваме back-end развивач (девелопер).

Вack-end развивачот е одговорен за пишување на логиката од серверска страна на веб апликацијата и за интегрирање на работата која ја завршиле front-end веб развивачите. Тој обично ги развива веб услугите и API-тa кои ги употребуваат повеќето front-end развивачи и развивачи на мобилни апликации.

Пишувањето добар опис за работа и оглас за back-end развивач бара да посветите внимание на деталите. Кога имате потреба од напреден back-end веб развивач, пишувањето општ опис за веб развивач во вашиот оглас ќе ви донесе многу апликации од луѓе кои се стручни за креирање на front-end кориснички интерфејс, или веб дизајнери кои немаат никакво познавање од програмирање.

Постојат технологии и знаења кои се заеднички за сите веб развивачи, но постојат и работи кои се специфични само за back-end развивачите. Овој текст ќе ви обезбеди пример на опис на работно место за back-end веб развивач со кој ќе може да составите совршен оглас за вработување, и да ангажирате човек кој совршено ќе одговара на вашите посебни критериуми и потреби.

Копирајте го овој образец и изменете го по потреба:

Претставување на компанијата

{{Напишете краток и привлечен пасус за вашата компанија. Обезбедете информации за културата на компанијата, придобивките и приходите. Споменете ги работните часови, можностите за работа на далечина и сето она што мислите дека ја прави вашата компанија интересна.

Опис на работното место

Имаме потреба од Back-End веб развивач кој ќе биде одговорен за размена на податоци помеѓу серверот и корисниците. Фокусот е ставен на развој на целата логика на серверска страна, дефинирање и одржување на централната база на податоци, обезбедување на добра изведба, и одговарање на барањата од front-end. Исто така, избраниот кандидат ќе биде одговорен за интегрирање на front-end елементите кои ќе ги креираат соработници на апликацијата, па затоа ќе мора да има познавање и од неопходните front-end технологии.

Обврски

  • Интегрирање на корисничките елементи развиени од front-end развивачите со логика од серверска страна
  • Градење код кој може одново да се употребува, и креирање библиотеки за употреба на идни проекти
  • Оптимизирање на апликацијата за максимална брзина и скалабилност
  • Интегрирање на безбедност и заштита на податоци
  • Дизајн и имплементација на решенија за чување на податоци
  • {{Овде додадете ги дополнителните обврски кои мислите дека се релевантни за позицијата која ја нудите}}

Вештини и квалификации

  • Основни познавања од front-end технологии и платформи, како JavaScript, HTML5, и CSS3
  • Добри познавања од CSS претпроцесори од серверска страна, како LESS и SASS
  • Разбирање на усогласувањата за пристапност и безбедност {{во зависност од самиот проект}}
  • Потврдување на идентитетот на корисникот и авторизација помеѓу повеќе системи, сервери и околини.
  • Интеграција на повеќе извори на податоци и бази на податоци во еден систем
  • Работење со хостинг компанија, вклучувајќи администрирање на база со податоци и скалирање на апликацијата за поддршка на промени во вчитување
  • Миграција на податоци, трансформација и пишување скрипти
  • Поставување и администрирање на резерви
  • Испишување на податоци во различни формати
  • Разбирање на разликите помеѓу различни платформи за испорака како мобилен наспроти десктоп, и оптимизирање за истото да се совпадне со специфичната платформа.
  • Креирање шеми со бази на податоци кои претставуваат и поддржуваат деловни процеси
  • Имплементирање автоматизирани платформи за тестирање и тестови по единици
  • Напредно знаење на back-end програмски јазик{{Во зависност од специфичниот случај, еден развивач би требало да има знаење од еден или повеќе јазици како PHP, Python, Ruby, Java, .NET, JavaScript итн.}}
  • Напредно познавање од алатки за контрола на верзии на кодот, како Git
  • Напредно познавање на  OWASP принципите за безбедност
  • Разбирање на “работа со сесии” во дистрибуирана серверска околина
  • {{Споменете други работни рамки, библиотеки или друга технологија, нешто што е во тесна врска со вашиот комплет за равој}}
  • {{Наведете го нивото на образование или сертификатите кои ги барате}}
извор: toptal

Патем…

…дали знаевте веб академијата Еверест:

Сега знаете.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.