СПОДЕЛИ

Понекогаш дури и најмалите работи имаат големо влијание врз изгледот на еден веб сајт. Типографијата е одличен пример за еден таков, мал детаљ. Исто така, таа е еден од најчесто превидуваните елементи во дизајнот кај повеќето веб сајтови. Дури и ако остатокот од распоредот и графиките се добро дизајнирани, крајниот резултат може да не е атрактивен, или тешко да се чита, токму заради лошата типографија.

Има многу совети и трикови кои може да ги употребите за да ги подобрите изгледот и читливоста на вашиот веб сајт. Поправете ги следниве, често незабележени области, и зголемете го бројот на читатели, како и количината на времето кое вашите посетители го поминуваат на сајтот.

Едноставни фонтови

Една од најголемите грешки која почетниците ја прават со типографијата е избирањето на претерано декоративни фонтови, како фонтови за скрипти, на нивните веб сајтови. Декоративните фонтови може изгледаат добро за некои од вас, но таквите фонтови тешко се читаат и се сигурен начин на кој може да ги нанервирате повеќето од вашите читатели. Вашиот фонт мора да остане едноставен, чист и лесно да се чита. Вашето пишување треба да доминира, а не фонтот кој изгледа интересно.

Боја

Како и што споменав, текстот на веб сајтот треба лесно да се чита и да не е напорен за очите. Иако многу нови веб дизајнери се обидуваат да го украсат изгледот на нивните веб сајтови, употребувајќи дречливи или уникатни комбинации со бои, таквиот ефект често предизвикува главоболка. Текст кој не е во доволен контраст со позадината и текст со светли бои сигурно е оптеретување за очите. Општо земено, текстот на веб сајтот треба да е црн или темно сив на бела или многу бледа позадина, а бел текст на црна позадина треба да се избегнува.

Serif наспроти Sans-serif

Serif фонтовите имаат мали испакнувања или акценти на крајот на секоја линија од буквата, а sans-serif фонтовите немаат. Неколку чести примери на serif фонтови вклучуваат Times New Roman и Georgia, додека најпознати sans-serif фонтови се Veranda и Arial. Иако на Serif фонтовите се се гледа како на поелегантни или класични, сепак тие не секогаш се одличен избор за веб сајтови. Од друга страна пак, Sans-serif фонтовите не само што даваат јасен, модерен изглед, туку и полесно се читаат на светли компјутерски екрани.

Наводници

Правите ознаки за наводници често се инкорпорирани во sans-serif фонтовите. Меѓутоа, закривените наводници се естетски попријатни и им помагаат на читателите полесно да влезат и излезат од цитатот. За да добиете зaкривени наводници внесете  %ldquo; на почетокот на цитатот и ” на крајот кога уредувате html. Изгледа како минорна забелешка, но токму малите работи прават голема разлика.

Проред

Проредот се однесува на празниот простор помеѓу секој од редовите во еден текст. Недоволната количина на празен простор може да направи блоковите со текст на еден веб сајт да изгледааат притиснато. За да направите текстот полесно да може да се чита, прилагодете го проредот на околу 120% до 150%. Со оглед на тоа што различни фонтови изгледаат различно со различен проред, можеби ќе треба да поекспериментирате малку за да добиете совршено растојание помеѓу редовите.

Исто така, прекршувајте ги долгите блокови со текст во повеќе пасуси. Така ќе оставите повеќе празен простор и вашиот веб сајт ќе биде почитлив.

Кернинг

Кернингот се однесува на просторот помеѓу одредени парови на букви. Некои уредувачи на html или блогови ви дозволуваат да го контролирате кернингот во областите за текст, но во најголем дел ова се однесува на текстуални графики, како оние кои се креирани во Photoshop и закачени како .jpeg, а не се внесени директно преку тастатура.

Ако кернингот помеѓу буквите е преширок, текстот ќе изгледа фрагментирано и разделено. Намалувањето на кернингот ви помага да ги доближите буквите кои се прошируваат во горниот дел (како V и T) до буквите до буквите на дното. Вгнездувањето на втората буква во просторот на првата буква, го елиминира празниот простор меѓу двете букви и ја подобрува читливоста.

Типографијата е уметност. Брзите совети одозгора би направиле вашиот сјат да изгледа подобро без да треба многу да учите. За повеќе ресурси, погледнете ги овие сајтови за типографија.

извор: designrfix

Повеќе

Сакате да научите повеќе за типографија? Кликнете овде.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.