СПОДЕЛИ

Кога станува збор за употреба на мапи во дизајнот, непишано правило е дека на основната контакт страница е поставена мапа на Google за да ја прикаже локацијата на компанијата, агенцијата, продавницата, хотелот, итн. Со само малку имагинација и помош од високата технологија, мапата може да стане вистински магнет за посетители кој ќе го усоврши проектот и ќе креира уникатно корисничко искуство кое долго се памети.

Неверојатна трансформација од примитивен и незабележителен елемент до дополнение на визуелната привлечност како атрактивен и основен централен елемент кој го сочинува целиот дизајн. Сето тоа е возможно со инкорпорирање на различни видови на интерактивни елементи: ефекти, суптилни движења, мултимедијални совети за алатки, динамични курсори, итн. Модерните трендови како рамниот стил, многуаголните илустрации, елегантната графика на контури и оригиналните цртежи можат да и донесат свежина на една мапа.

Денес имаме листа на паметно употребени мапи кои ги оживуваат веб страниците и прават тие да се разликуваат и да изгледаат ексклузивно.

 

Примери на мапи во веб дизајнот

 

1. Rolex Awards 2014

Оваа почетна страница прикажува мапа поврзана со суптилни линии во јаки бои која изгледа префинето и нежно. Не само што таа помага да се прикажат петте млади визионери и нивните земји на невообичаен начин, туку и одлично се поврзува со елегантната атмосфера својствена за брендот.

 

2. TFI World Map

Многу слично на претходниот пример, овде јасната мапа во верзија со точки е употребена за да ги поврзе луѓето со нивните локации. Интерпретацијата направена во режим на сиви нијанси дозволува таа одлично да се вклопи во дизајнот на веб страницата и ги истакнува сликите на луѓето со големо влијание во модата.

3. Sailing Seas of Plastic

Темните и мрачни бои веднаш ја најавуваат сериозноста на прашањето и ситуацијата кои се главна тема на проектот. Тимот навистина генијално ја нагласува дистрибуцијата на пластика на глобално ниво, употребувајќи точки и мапа на светот.

4. Cost of Living

Сакате да откриете кој главен град во Европа е најскап за живеење, а кој дозволува живот со мал буџет? Истражете го овој интересен, целосно илустриран веб проект, кој со мапата станува навистина забавен. Проектот прикажува кој град е “ненаситен“ а кој е најдомаќински, вклучува практични совети како да заштедите пари, што да посетите и од што да се чувате.

5. Alfoart Photo Travel

Доколку сте љубител на историски места, тогаш овој проект е токму за вас. Овде, мапата со антички стил обоена во мека, бледа боја и полна со софистицирани икони кои симболизираат различни познати обележја, има улога на совршено интерактивен туристички водич.

6. Deutschland

Google ви овозможува подлабоко да ја истражите Германија. Веб страницата нуди целосно интерактивна мапа полна со обоени динамични иглички кои откриваат 25 различни теми. Секоја реченица може да ја преведете на вашиот јазик и да се вклучите во конверзацијата.

7. Beyond the Track

Beyond the Track е фантастичен, интерактивен водич кој им овозможува на корисниците да се запознаат со светкиот шампионат во премиер трките со коли Moto GP на еден забавен начин. Веб страницата ги прикажува 5-те најдобри патеки, вклучува интересни факти, статистики, културни занимливости, можности за сместување и други корисни информации.

8. Galapagos

Овде тимот оди на покреативно решение со динамична, три-димензионална интерактивна мапа. Добивајќи го максимумот од многуаголните илустрации во HTML5, воведот изгледа софистицирано и уникатно и ги прикажува Галапагос островите во најдобро можно светло.

9. Everyday Moments

Everyday Moments е интерактивна визуелизација која ги прикажува твитовите за дневни рутини во Англија и Ирска. Благодарение на меката боја, нежната графика и пријатните за око ефекти, оваа варијација на мапа веднаш ви го привлекува вниманието.

10. Dangerous Roads

Употребувајќи ги технологиите за приказ на улици, тимот успешно го привлекува вниманието на најопасните патишта низ светот. Иако илустрирана верзија на мапата има само во секцијата за добредојде, целиот проект е базиран на концептот на допографски опис.

11. Windward

Овде имаме сина, спокојна и мирна интерпретација на мапата на светот која е употребена како статична позадина, што многу допринесува кон целиот концепт и хармонично се повторува во графиките и палетата на бои.

12. Wellesley

Почетната страница прикажува спектакуларна позадина која го поддржува логото и го зајакнува првиот впечаток. Беспрекорно изработената фотографија дава драматичен и рафиниран изглед.

13. Svenska Kyrkans Internationella Arbete

Веб страницата е базирана на внимателно изработена мапа со интерактивни точки кои вибрираат и имаат за цел да покажат фотографии од луѓе заболени од различни болести.

14. Oil Spills in the Beaufort Sea

Како и што може да погодите од насловот, веб страницата се обидува да го насочи внимануието на корисниците кон истекувањата на нафта предизвикани од транспорт преку демонстрација на неколку сценарија кои ги откриваат ефектите и најлошите случаи.

Дополнително, ова е комплексен проект со повеќе цели во кој може да додавате слоеви, да истражувате различни области и многу повеќе.

15. Get the Look

Прецизно изработена векторска мапа служи како дополнителна навигациска помош која визуелно го оддржува главното мени позиционирано долу. Црвените области ги даваат земјите кои се опфатени во проектот.

16. Give Holland

Give Holland е мала, забавна веб апликација базирана на полуреалистична мапа со спектакуларни фотографии кои ве забавуваат и обезбедуваат задоволство.

17. Explorez

Explorez е мала игра на пребарување каде анимираната три-димензионална мапа е клучен елемент кој го оживува целиот проект.

18. Anywayanyday

Anywayanyday е популарна веб страница за наоѓање и резервација на авионски карти. Нежната мапа со линии е индикатор за полнење кој ги забавува корисниците додека системот ги пребарува опциите кои се достапни.

19. Ferias para Curtir

Оваа веб страница се карактеризира со мала мапа во стил на цртан филм. Мапата ја збогатува и засилува главната страница и хармонично се поврзува со останатиот дизајн.

20. Grano Armando

Добро обележана мапа на Италија елегантно ја краси една од секциите на менито и одлично одговара со мапата во позадина на почетната страница. Употребена е да ја прикаже локацијата на продавницата и да го поддржи брендот. Иако ова е само статична слика без ефекти таа совршено ја надополнува почетната страница.

21. Lotr Project

Навистина е пријатно кога обожавателите ќе креираат софистициран проект посветен на своите омилени филмови. На пример, проектот Lotr ја користи интерактивната мапа на средишниот појас на Земјата. Оваа софистицирана веб страница ви дозволува да ги истражувате движењата на карактерите, местата и настаните.

извор: designmodo

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.