СПОДЕЛИ
Пред извесно време, Netflix го откри својот нов идентитет. Дизајниран од Gretel, агенција за дизајн од Њујорк, ребрендирањето има за цел да го унифицира преносот на содржини во 50-те земји во кои во моментов Netflix работи.

Нашиот предизвик беше да креираме нешто променливо, а сепак систематско и трајно. Мораше да биде визуелно неодоливо, да се адаптира на секаков формат и да се придржува до она што Netflix значи во светов.
 Гретел

Дизајнот на новиот веб сајт се должи на дизајнот со картичка, наречен “The Stack”. Овој дизјан прикажува 3 картички: картичка со слика, картичка со боја (најчесто препознатливата црвена боја на Netflix), и картичка со текст. Дизајниран е како метафора за бесконечен избор и делување на корисникот.

Со употреба на системот на “The Stack”, секој дизајнер може да ги избере елементите кои му се потребни, по потреба нагласувајќи ги или ублажувајќи ги приоритетните точки. Количината на брендирање која Netflix ја има вклучено, на пример, се нарекува “brand volume” (јачина/капацитет на бренд).

Она што е фасцинантно за ребрендирањето на Netflix е начинот на кој тој го искористува и подобрува прилагодливиот дизајн. Овој прилагодлив дизајн оди подалеку од прозорците за приказ, тој е прилагодлив за мобилни, веб, печатење, социјални медиуми и се разбира ТВ.

Претплатниците на Netflix ќе знаат дека тој дозволува да се преминува од еден во друг уред без видливи разлики во приказот – неретко се случува да гледаме серија на мобилен, па да се префрлиме на телевизор кога сме дома, или да продолжиме на таблет и да изгледаме една епизода пред спиење. Од истражувањата, како она од 2012 на Google за употреба на повеќе екрани,  дознавме дека корисниците го прелистуваат вебот на сличен начин, и преминуваат од еден на друг уред врз основа на нивниот контекст, а не на нивната задача.

Ребрендирањето кои Gretel го направи за Netflix ни даде можност да погледнеме како може да дизајнираме таков вид на корисничко искуство:

Тоа навистина се пренесува на сите делови од брендирањето: однесување на јазикот. Однесување на видот. Однесување на движењето. Се обидуваме да креираме работи кои зборуваат и имаат препознатливи однесувања кај секаков тип на медиуми.
Грег Хан, Gretel

Неслучајно идентитетот е флексибилен систем кој лесно би се префрлил на еден кориснички интерфејс. Се надеваме дека во иднина, новиот бренд најпосле ќе ја формира основата на наизменичен кориснички интерфејс на  Netflix.

Визуелно најинтересниот дел од пристапот на дизајнот е исеченото лого. Многу логоа се употребени како елементи на дизајн и сечени по потреба, но дизајнот на Netflix екстремно го проширува овој пристап и ни покажува дека елементите на дизајн можат да бидат и премногу исечени, а сепак да успеат да го задржат интегритетот на брендот.

Ова за дизајнерите би значело дека вечната битка да се збијат елементите на брендот на екраните од мобилните уреди е минато. Како и што покажува ребрендирањето на Netflix, ако парчињата од основата се доволно препознатливи, доволно е само нешто да нé потсети на брендот за да може целосно да уживаме во сите негови аспекти.

By the way…

Прилагодливиот дизајн е само една од многуте работите кои ќе можете да ги научите на веб академијата Еверест.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.