СПОДЕЛИ

Денес, да се биде информатички писмен е исто толку важно колку да се знае да се чита, пишува или говори странски јазик. Поседувањето компјутерски вештини е од суштинско значење за опстојување во денешното современо информатичко општество. Но, ако во минатото поседувањето сертификат како доказ за компјутерската писменост не беше неопходен, сега неговото поседување е задолжително и утврдено со закон.

Имено, од февруари 2015 освен поседување компјутерски вештини, за вработување во јавната администрација потребно е да се достави и доказ (сертификат) за Вашите способности за користење на програмите за канцелариско работење.

Кој е засегнат од законот?

Законот за административни службеници ги засега практично сите, и оние кои веќе се вработени, како и сите оние кои планираат да се вработат во јавниот сектор. Според овој закон, како што е објаснето во членот 108:

  • оние кои се вработени со денот на почеток на применување на законот (13.2.2015) во рок од две години ќе треба да достават докази познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење,
  • ослободени од обврска за обезбедување сертификати се само лицата кои ќе остварат право на пензија во рок од 10 години од денот на започнувањето со примената на овој закон, односно до 13.2.2025.

Лицата кои во моментов се подготвуваат да аплицираат на огласите за вработување во јавниот сектор треба да обезбедат сертификати за користење на програмите за канцелариско работење и да ги приложат заедно со останатите документи.

Сертификати за програми за канцелариско работење

Во групата програми за канцелариско работење спаѓаат апликациите:

  1. Microsoft Word (за обработка на текст)
  2. Microsoft Excel (за табеларни пресметки)
  3. Microsoft PowerPoint (за изработка на презентации)
  4. Microsoft Outlook (за комуникација со е-пошта и организација)

Како се стекнува сертификатот

За разлика од постоечките сертификациски програми (ECDL, IC3, Microsoft MOS), каде што за да го добиете сертификатот мора да положите еден или повеќе испити, сертификатот кој го издава Марјановиќ Едукација се стекнува на сосема поинаков начин.

Наместо да полагаат испити, кандидатите добиваат определен број практични задачи кои треба самостојно да ги решат и достават на оценување до својот ментор. Услов за добивање сертификат е навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од избраниот курс.

Менторирано учење на далечина

За да ги стекнат сертификатите за користење програми за канцелариско работење, кандидатите можат да се подготват учејќи на далечина, работејќи на практични задачи, сето тоа со помош на искусни ментори со кои во однапред договорен термин имаат 1-на-1 индивидуални менторски сесии.

Учењето на далечина се изведува по методологијата менторирано учење на далечина, како комбинација од асинхрони и синхрони методи за учење:

11. ГЛЕДАЊЕ
Како и во случајот со традиционалното учење во училница, ученикот го започнува процесот на учење со гледање однапред снимени видео лекции. Видеата се на располагање за неограничено прегледување за сето времетраење на обуката.

22. ПОВТОРУВАЊЕ
Повторувањето е мајка на знаењето. Веднаш по гледањето на видео лекциите, ученикот се обидува самостојно да ги повтори презентираните операции. Тоа го прави со помош на истата апликација и датотеките со кои се снимени видео лекциите.

33. ПРИМЕНУВАЊЕ
Стекнато знаење ученикот го применува работејќи посложени домашни задачи и делови од проекти, градејќи го на тој начин своето online портфолио. Задачите ученикот треба самостојно да ги изработи а потоа да ги достави до својот ментор.

44. МЕНТОРИРАЊЕ
За сите потешкотии во текот на учењето, на ученикот му стои на располагање искусен личен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Консултациите се изведуваат on-line, во термин меѓусебно договорен помеѓу ученикот и менторот.

55. ОЦЕНУВАЊЕ
Домашните задачи и проекти се оценуваат од менторот. За успешно завршување на обуката и стекнување сертификат ученикот потребно е правилно да има изработено најмалку 80% од зададените задачи.

Курсеви за програми за канцелариско работење

  1. Word 2010 за деловни корисници
  2. Excel 2010 за деловни корисници
  3. PowerPoint 2010 за деловни корисници
  4. Outlook 2010 за деловни корисници

Бесплатен, демо курс

За да Ви овозможиме да имате појасна слика за тоа како изгледа ваквиот вид учење на нашата платформа MyMentor, поставивме извадоци од сите наши курсеви. За секој од курсевите поставивме по неколку снимени предавања, датотеки за вежбање и домашни задачи. Освен тоа, за да откриете точно што се би можеле да научите во одреден курс, поставивме и детален приказ за секој од нив.

За да го погледнете овој курс, кликнете на овој линк и потоа најавете се како:

корисник: demo
лозинка: MyMentor#1

Заклучок

Ако се подготвувате да аплицирате на огласите за вработување во јавниот сектор, поседувањето сертификат е ваша неминовност.

Марјановиќ Едукација, со својот иновативен пристап ви овозможува да ја остварите својата цел на нов, современ, удобен, квалитетен, полесен начин, истовремено заштедувајќи им и време и пари на учениците.

Со успешното завршување на секој од курсевите поставени на платформата за учење на далечина MyMentor на Марјановиќ Едукација стекнувате сертификат со кој ќе можете да се пријавите на конкурсите за вработување во јавниот сектор.


За MyMentor и Марјановиќ Едукација

MyMentor е продукт на МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА, компанија основана и водена од Александар Марјановиќ, основачот на најстарата приватна образовна установа во Македонија – Alexandria (www.alexandria.com.mk).

Во 2003, под водство на Александар, беше основата Академијата на ИТ, првата приватна стручна школа за ИТ занимања во Македонија. Како резултат на оригиналниот концепт, искусниот и посветен наставен кадар, над 500 студенти поминаа стручни едногодишни студии а Alexandria, според истражувањата на МАСИТ, Стопанска комора за ИТ, беше доживеана од работодавачите како најдобар добавувач на стручни кадри.

МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА, регистрирана кон крајот на 2013, ги започнува своите активности со создавањето на MyMentor (www.mymentor.edu.mk), платформа за менторирано учење на далечина.

Во јуни 2015, комисијата за одобрување иновативни проекти го одобри финансирањето на проектот Еверест на Марјановиќ Едукација, со што започна изградбата на првата веб академија специјализирана за веб технологии, дизајн и развој во Македонија.

Тимот на Марјановиќ Едукација составен е од искусни ментори кои се грижат за обезбедување помош, поддршка и секако, оценување на стекнатите вештини на учениците. Платформата за учење на далечина, заедно со новите студиски програми е резултат на над 20 години искуство во областа на едукацијата, многубројни истражувања на пазарот на трудот и е дело на тим составен од инженери, девелопери, искусни ИТ професионалци, проект менаџери, експерти за инструкциски дизајн и продукција на е-курсеви, администратори, како и голем број други соработници.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.