СПОДЕЛИ

извор: CNN Money

Немате универзитетска диплома? Нема проблем.

Станете веб развивач (девелопер).

Оваа позиција е во брз подем, нуди просечна плата од околу 30 долари на час или 62.500 долари годишно и не бара универзитетска диплома.

Причината е едноставна: компаниите не можат да најдат програмери. Професијата е сеуште нова, а понудата од работна сила сеуште не е доволно голема за да ги задоволи потребите.

“Нема доволно луѓе за да се пополнат работните места,” вели Џуди Вандерлик, коосновач на WunderLand, фирма за вработување од Чикаго којашто е специјализирана за дигитални, маркетинг и креативни работни позиции.

Според статистиките на Бирото за труд, професиите поврзани со компјутер се очекува да пораснат за околу 22% помеѓу 2010 и 2020.

Дополнително, за развивачите на веб и мобилни апликации, традиционалните програми на факултет не задоволуваат. Иако многу училишта нудат курсеви за компјутерска технологија, тоа поле се менува толку бргу што ретко кога наставната програма останува иста од година во година.

“Ако некој сака да ја добие оваа работа, нема логика да учи за универзитетска диплома, вели Вундерлик.

Поврзано: Најдобрите работни места во Америка

Од 2010 наваму, според податоците од пописот, околу 38% од веб програмерите имале помалку од универзитетска диплома. Многу од работниците во тоа поле се обучувале самите.

Земете го за пример Мет Кенефик. Додека растел, тој посветувал време на учење на код. На тоа гледал како на хоби, а во суштина планирал да стане архитект. Меѓутоа, по само неколку недели на факултет, архитектурата му се здосадила.

На 18 години, тој се отпишал и почнал да кодира со полно работно време. Со малку повеќе од диплома од средно образование, тој почнал да прави по 65.000 долари годишно.

Од тогаш па наваму, тој има работено за Percolate, Vimeo и други стартапи, и сега на возраст од 25 години, тој заработува суми со повеќе од шест цифри.

“Во оваа област никој навистина не се грижи за вашето образование. Прашањето повеќе е дали знаете нешто да направите или не.” – вели тој. “Сега, кога интервјуирам луѓе и тие ми покажуваат листа на училишта во нивното резиме, јас им велам да ми покажат што направиле.”

За почетници кои се заинтересирани за ова поле постојат и online програми кои нудат помош.

Во Чикаго, The Starter League нуди курс за веб развој во времетраење од три месеци за $8.000 долари, а Mobile Makers нуди  8-неделен курс за градење на iPhone и iPad апликации за $7.000 долари. General Assembly нуди 12-неделна програма на различни локации како Њујорк, Сан Франциско и Бостон, за $11.500 долари.

Може да учите и на стариот начин. Крис Лемке возел камиони, и во декември 2011 си купил две книги за креирање на мобилни апликации.

“Сакам математика и одлучив да се обидам,” – вели тој. “По само еден месец, јас имав калкулатор на допир во App Store.”

По само една година самостојно учење, 29-годишниот Лемке почнал да оди на пракса во VOKAL Interactive, за да го научи остатокот од работата.

Сепак би преувеличил доколку речам дека оваа работа е за секого. Бара да имате основни предзнаења во математика и многу часови вежбање.

“Мора да не сте инертни за да успеете,” – вели Кенефик. “Во почетокот вежбав буквално по цели ноќи и денови и си го градев портфолиото. Сигурен сум дека тоа е многу повеќе работа отколку одење на факултет.”

Веб програмерите се на листата на CareerCast за најдобри работни места кои не бараат универзитетска диплома. Другите професии на листата се водоводџија, електричар и машински техничар. Може да ја погледнете листата овде.

Заклучок

За да имате одлична плата, не секогаш мора да имате факултетска диплома. Всушност, добро е да ја имате но ако зад неа не стои уште нешто друго, од неа нема да имате премногу голема полза. Дипломата сама по себе не е доказ дека имате вештини туку дека сте ги положиле предвидените испити и сте направиле добра основа за надградба. Ако освен дипломата не стекнете вештини кои ги бара пазарот на трудот, не се надевајте премногу.

Во Македонија сте. Што можете да направите?

Стекнете вештини. Ако не знаете од каде да почнете, запишете се на некоја од студиските програми на веб академијата Еверест и ќе можете, учејќи од дома и со помош на искусни ментори, да ги стекнете вештините кои ќе ви донесат одлични приходи.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.