СПОДЕЛИ

Ако бројките во текстот на Форбс може да се индикатор, тогаш се’ повеќе луѓе заработуваат работејќи како хонорарци. Иако текстот се однесува на Америка, лесно е да се дојде до заклучок дека трендот е речиси ист низ целиот свет, особено затоа што интернетот го изедначи патот за сите.

Меѓутоа, ова не значи дека се напуштени неумесните стереотипи за хонорарците. Според една анкета спроведена од Crunch Accounting, 75 проценти од хонорарците тврдат дека не се сфатени онолку сериозно колку поголемите компании, особено заради погрешното сфаќање дека “хонорарците го поминуваат цел ден во пижами”, односно “хонорарците се луѓе кои не можат да најдат работа со полно работно време” или “хонорарната работа е јазот кој те дели од кариера со полно работно време” и секако “хонорарците се помалку сигурни од агенциите”.

Можно е дури и вашата фамилија и пријатели да ја имаат истата претстава за хонорарците, и воопшто да не ве подржуваат. Доколку имате таков проблем, и доколку тоа толку ве фрустрира за да не можете да функционирате на работа, еве неколку начини кои можат да ви помогнат да се справите со недостатокот на пoддршка.

Откријте од каде потекнува таквото однесување

Една од емоциите која ги тера вашите сакани да не ве поддржуваат е стравот.

Можеби се плашат дека на крајот ќе останете на улица, бидејќи “стабилен приход” не оди заедно со “хонорарна работа”. Можеби не сакаат вашата опсесивна посветеност на работата да ве претвори во стереотипен самотник: валкан, без храна во фрижидер и сосема несвесен за надворешниот свет. Можеби ви завидуваат затоа што може да си го поместувате распоредот како ви одговара, додека пак тие мора да се во канцеларија од 9 до 5.

Што и  да е изворот на тој страв, Вие мора да го откриете а потоа…

Разубедете ги

Откако ќе сфатите зошто се плашат, следен чекор е да им помогнете да го надминат стравот.

Ако ги плашат вашите финансии, кажете им дека имате добро разработен план за иднината. Не блефирајте! Мора навистина да имате план!

Ако проблемот е вашиот социјален живот (или недостатокот од него) тогаш закажете си еден до два часа секој ден и прошетајте. Тоа не само што позитивно ќе влијае на вашето здравје, туку и ќе ги смири вашите сакани.

Доколку ви префрлаат дека “работата од дома е толку пријатна што дури и сте се здебелиле”, најдобро е да ги игнорирате коментарите и да смените тема, или да одговорите нешто слично на ова: “Можеби струкот ми е двојно поголем, ама и паричникот ми е!”

Сепак ве предупредувам: за вицови како овој погоре треба да сте вешти, инаку може да изгледате премногу самопотценувачки или арогантно. Би помогнало ако имате природен талент за хумор, разбирање за тоа кои карактеристики прават еден човек да исгледа добро во друштво и здраво ниво на самодоверба..

Бидете јасни до каде ви се границите

Понекогаш ќе ви речат: “Да, немам проблем со твојата хонорарна работа”, но и ќе прават работи за да ја саботираат вашата кариера – со или без умисла.

На пример, ќе ви се јавуваат на сред работа само бидејќи сте рекле дека имате “флексибилен распоред”. За да се справите со ова, речете им дека вие всушност имате многу строг распоред и дека иако ви претставува задоволство да разговарате со нив во тоа време, би ви било од голема помош доколку ве бараат во некое друго време (кое вие ќе го назначите).

Што и да правите, не дозволувајте да ги преминат вашите граници. Доколку вие не изгледате како да ја сфаќате сопствената работа сериозно, како може да го очекувате тоа од другите.

Нека се приклучат на тимот (ако се заинтересирани)

Може да се љубопитни и да сакаат да откријат што е тоа хонорарна работа.

Во тој случај, објаснете им во детали и со огромен ентузијазам. Кога ќе видат со колкава страст зборувате за својата работа, можеби и тие ќе ја сменат песната. Дури возможно е и да одлучат да станат хонорарци – што е одлично, бидејќи полесно ќе пловите заедно!

Прифатете ја реалноста

Или подобро не.

Можеби и покрај сите ваши напори да ги убедите во спротивното, тие одбиваат да прифатат дека хонорарната работа може да биде легитимен пат во кариерата. Тогаш, најдобро е да прифатите дека тие се такви и да продолжите да работите најдобро што можете. Ако некогаш во неврзан разговор прашаат за вашата хонорарна работа, само одговорете кратко: “Супер ми е/Одлично/Добро ми оди!” и веднаш сменете ја темата. Очигледно тие и немаат ништо добро да кажат, па затоа не ни охрабрувајте таков вид на разговор.

Се’ на се’, најдобриот рецепт кој ќе ви помогне да се се справите со сите оние кои не ве поддржуваат – барем според мене – е еден малку емпатија, чинија самодоверба и една лажичка компромис.

Доколку имате свои приказни кои би сакале да ги споделите направете го тоа подолу во секцијата за коментари.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.