СПОДЕЛИ

Ајде да почнеме со основите. Што всушност работи еден front-end развивач (девелопер)?

Неговата работа е да го оформи вашето искуство на една веб страница. Тие тоа го прават на неколку различни начини, вклучувајќи креирање распоред (layout) на страницата како поглавја и пасуси, стил на страницата како боја и фонт, и карактеристики на страницата како анимации.

Како успеваат да го направат сево ова? Со магија, очигледно.

Добро, можеби има и малку магија, но повеќето е само употреба на корисни алатки и научени вештини. За тоа малку подоцна.

Пред сѐ, ако мислите дека сте заинтересирани да го работите ова, можеби се прашувате како би изгледал еден типичен ден. Мал дел од времето ќе го поминете во разговор со проект менаџерот или тим лидерот. Најверојатно и ќе ве пратат да разговарате со луѓето од сметководство за тоа колку долго би траел проектот за тие да пресметаат колку тоа ќе чини. Но дефинитивно, најголемиот дел од времето ќе го поминете седејќи пред компјутер и кодирајќи.

Имам зборувано со многу Front-End девелопери за да дознаам како изгледа нивниот ден и што е она што им се допаѓа во нивната професија, и еве што рекоа:

Предности:

  • Магични моќи за оживување на зборовите
  • Може да сте креативни и логични во исто време
  • Многу можности за развој, и дополнително, никогаш нема да престанете да учите
  • Многу барана професија на пазарот

Негативности:

  • Нема доволно жени во областа
  • Фрустрирачки е кога треба да поддржувате стари, надминати пребарувачи
  • Може да е стресно кога работите со краен рок

Сега, ајде да позборуваме за важните работи. За што станува збор во оваа работа со кодирање? Ќе бидам искрен – јас не знаев ништо за кодирањето кога почнав да ја пишувам оваа колумна, па морав да викнам неколку експерти за да ми го објаснат сето тоа наједноставно што можат.

Front-end развивачите обично употребуваат неколку јазици. Еве неколку основни јазици и кратки објаснувања за тоа што го прават:

HTML: “Структурата” на една веб страница. Ги дефинира елементите кои ја прават основната градба на веб страницата.

CSS: “Стилот” на веб страницата. Контролира како HTML елементите се прикажани, вклучувајќи ја бојата и фонтот.

JavaScript: Програмски јазик кој е вклучен во сите модерни пребарувачи. Се употребува за да ги направи веб страниците динамични, и да вклучи анимации.

jQuery:  JavaScript библиотека која ги прави најчестите JavaScript задачи многу поедноставни.

Ако сте заинтересирани за програмирање, би сакале да почнете со HTML. Со него ќе ги научите стандардните елементи кои ги гледате на повеќето страници,како глава, тело, итн.

Потоа, може да преминете на CSS, кој ќе ви дозволи да додавате фонтови и бои на вашите страници. Звучи страшно? Не е. HTML и CSS се релативно лесни за  учење.

Е, во оваа фаза ќе ja употребам Џенифер Гилберт, самоук програмер. Ова е она што тaa имаше да каже за учењето како да кодирате:

Е, во оваа фаза ќе ja употребам Џенифер Гилберт, самоук програмер. Ова е она што тaa имаше да го каже за учењето како да кодирате:

Jennifer Gilbert
Jennifer Gilbert

Повеќето  HTML страници секогаш се прават од едните па исти основни парчиња, а потоа со CSS, откако ќе ја научите групата на фонтот, големината и бојата на фонтот, и бојата на позадината, може многу да направите за визуелниот изглед. Синтаксата на HTML и CSS се повторува, па затоа лесно може да ги научите доколку искуцате неколку примери.

Вашиот следен чекор е JavaScript, кој го додавате за анимации или други ефекти и интеракција.  JavaScript го прави тоа така што додава или исфрла HTML елементи, или ги менува CSS стиловите на тие елементи, па затоа логично е прво да ги научите  HTML и CSS. JavaScript ги следи настаните на страницата, како на пр. “корисникот кликна на слика број четири,” и потоа реагира на истите. JavaScript е важен за интеракцијата со корисниците  – кога корисникот работи на чет прозорец, на пр. JavaScript е одговорен за можноста на корисникот да куца нова порака или да ги види скокачките прозорци од пораките на другите луѓе.

JavaScript е скок за многу нови програмери. Додека тие да се подготват за ефектите кои JavaScript ги обезбедува, може прво да започнат со jQuery. jQuery не е јазик сам по себе, туку е библиотека на JavaScript, односно сет на  JavaScript кратенки. За еден нов програмер тоа може е и поедноставно. jQuery може да ги постигне истите работи како и едноставен JavaScript, но заради слогот со кратенките кои ги додава на JavaScript, страницата може да е поспора. Понекогаш дури и искусните програмери го употребуваат, особено ако им се брза или ако сакаат да истестираат како нешто би изгледало – а подоцна, може да испишат целосен JavaScript.

Се’ што споменав веднаш е достапно на Веб Академијата Еверест, па секој заинтересиран за учење има многу можности!

И јас верувам дека речиси секој кој е front-end развивач ќе мора да ги научи сите овие работи, но сепак постојат и луѓе кои се специјализираат во една област. Јас познавам програмери кои работат исклучиво во JavaScript или исклучиво во CSS (плус основниот HTML се разбира).

Има повеќе јазици од овие кои јас ги споменав, но HTML, CSS и JavaScript се многу чести и добри за почеток. Ова трио многу често се бара во огласите за работа.

Епа, еве ви се! Не е страшно откако ќе сфатите дека сѐ може да се расклопи на мали делчиња, нели?

Домашна работа: Гледајте го видеото Why You Should Learn to Code  (Зошто треба да научите да кодирате) на Code.org и потоа кажете дека не сте заинтересирани за кодирање. Ајде, ве предизвикувам!

Како да станеш веб развивач?

Без лажна скромност, најбрзиот, најлесниот и најудобниот начин да станете Front-End девелопер без да потрошите цело богатство за школување е да се запишете на веб академијата Еверест. Еверест ви овозможува учење на далечина со помош на искусни ментори а по завршувањето на студиите ќе добиете и помош при вработување. Впрочем, повеќе од 40 компании (наши партнери) веќе чекаат на таленти со вакви знаења. Затоа, не чекајте, запишете се уште денес.

А сега: понуда која тешко се одбива!

Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина, сосема е нормално доколку можеби се чувствуваш резервирано.

Ако се прашуваш:

  • Дали ќе можам да го совладам ова?
  • Да не ги фрлам парите за џабе?
  • Дали е ова за мене?

… не грижи се, ќе ти помогнеме да се чувствуваш сигурно и безбедно. За почеток, стани гостин-студент на нашата академија и ќе ти го обезбедиме првиот курс од програмата (HTML) по цена од 1.999 ден односно со попуст од 75% во однос на редовната цена.

По 30 дена ќе имаш можност да ги добиеш одговорите на горенаведените прашања. Ако ова е навистина премногу тешко и комплицирано за тебе, најмногу што ќе изгубиш се 1.999 ден. Ако пак откриеш дека ова е вистинската работа за тебе и ваквиот начин на учење сосема ти одговара тогаш првиот курс ќе ти го признаеме како да е платен по редовна цена и ќе го доплатиш само остатокот.

Заинтересиран(а)? Кликни ОВДЕ и запиши се уште денес.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.