СПОДЕЛИ

Веб проектите се очекува да работат на повеќе различни уреди, големини на екран и контексти на прелистување. Веб дизајните треба да се прилагодат на овие варијабили, обезбедувајќи оптимално искуство на приказ за секое сценарио. Во овој курс ќе дискутираме за основите на прилагодливиот дизајн за почетници во дизајнот, но и ќе ги објасниме сите недоразбирања кои ги имаат искусните дизајнери за веб, зборувајќи за начинот на кој моменталните трендови кај уредите, поврзливоста и корисничкото искуство, го имплементираат овој прилагодлив дизајн. Курсот ги покрива концептите на густина на екран, флуидни мрежи и прилагодливи слики, како и актуелните стратегии за дизајнирање кои ве водат од реален модел до тестирање.

Теми
• Што е прилагодлив дизајн?
• Контролирање на прозорците за приказ
• Дизајнирање за повеќе густини на екран
• Работа со медиа прашалници
• Употреба на флуидни мрежи
• Градење прилагодливи форми
• Оптимизирање на изведбата на сајтот
• Градење прилагодливи модели
• Развивање стратегија за содржина
• Дизајнирање можности за мобилни
• Креирање флексибилен HTML
• Тестирање прилагодливи дизајни

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

  • HTML: основи
  • CSS: основи
  • JavaScript: основи

Практичен дел

За овој курс не се предвидени посебни практични задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

3.539 ден (пакет Basic)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.