СПОДЕЛИ

Курсот Вовед во UX е составен од 7 составни дела:

Дел 1: Истражувања

Корисничкото искуство се однесува на креирање дизајн на продукт или услуга во согласност со потребите на корисниците. UX истражувањето игра голема улога во сето ова, помагајќи ви да ги разберете корисниците, да оцените колку добро ги услужувате нивните потреби и да откриете нови можности за да креирате уште подобар дизајн.

Курсот е вовед во истражувањето на корисничко искуство, за секој да може да ги разбере придобивките од него и да почне да го интегрира истражувањето во секојдневниот процес на дизајн и развој. Погледнете го курсов, и научете како да го употребите UX истражувањето за да ги најдете одговорите на основните прашања за вашите корисници—кој, што, кога, зошто и како – па согласно тоа да направите подобро корисничко искуство и да постигнете подобри резултати во бизнисот.

Теми:

  • Преглед на методите за истражување, вклучувајќи тестирање употребливост, правење интервјуа, следење на погледот, анкети и многу повеќе.
  • Преглед на главните типови истражувања, квантитивно и квалитативно, истражување на однесување и став, модерирано и немодерирано.
  • Одредување на вистинските методологии врз основа на организациската околина, типот на клинти и фазата од проектот
  • Целење на вистинските учесници во истражувањето
  • Составување на вистинските прашања на вистинскиот начин
  • Анализирање и презентирање на вашите податоци

Дел 2: Архитектура на информации

Подобрете го начинот на кој се организирани и претставени информациите на вашиот сајт или апликација за да го зголемите задоволството кај вашите корисници. Архитектурата на информации може да ви помогне да откриете како корисниците размислуваат за светот, и она што ќе го научите да го употребите на вашиот продукт. Ќе ви помогнеме да научите како да извршите истражување со сортирање на картички за да добиете информации за интеракцијата на вашите корисници, како да ги анализирате добиените резултати и како да креирате валидизиран план за архитектура на информации. Потоа, ќе видите како да го пренесете планот во рафинирани менија, класификација на содржина и распореди на страници. На крајот, ќе научите и како да го тестирате успехот на вашата нова структура со обратно сортирање на картички, следење на записите на серверот и повиците до одделението за техничка поддршка.

Теми:

  • Што е архитектура на информации?
  • Зошто да спроведете истражување?
  • Креирање и работа со картички за сортирање
  • Регрутирање на учесници во тестирањето
  • Анализирање на резултатите од сортирањето на картички
  • Компјутерско сортирање
  • Креирање абстрактна архитектура на информации
  • Валидизирање на планот со обратно сортирање на картички
  • Префрлање на архитектурата на информации во распоредот и навигацијата
  • Следење на записите на серверот по активирање на апликацијата или сајтот

Дел 3: Логика и содржина

Во овој дел се зборува за тоа како дизајнерите, програмерите и авторите на содржина може да ја употребат античката уметност на логиката и резонирањето за да го подобрат корисничкото искуство и да ја олеснат комуникацијата. Ќе ги погледнеме принципите на логиката, како компјутерската логика се разликува од логиката на луѓето и како овие разлики може да се употребат за да ја подобрат комуникацијата. Основната идеја на логиката е да креира систем во кој комуникацијата е јасна, прецизна и недвосмислена, што (најмалку) мора да е цел на секој тип на веб сајт или друга комуникација.

Теми:

  • Како комуницираат луѓето
  • Споредба на комуникацијата на луѓето и комуникацијата на компјутерите
  • Логичко зборување
  • Употреба на логични аргументи
  • Разбирање на ограничувањата на компјутерската логика
  • Форматирање информации за луѓе
  • Комуницирање со логика

Дел 4: Правење прототипи

Правењето прототипи им дозволува на дизајнерите брзо и ефтино да истражат повеќе верзии од дизајните, да ја тестираат нивната изведба и да креираат подобро корисничко искуство за веб сајтовите и апликациите. Истражете што се прототипите, кога тие се соодветни, и погледнете ги различните стратегии за креирање прототипи. Научете за скиците, жичените модели, и другите типови на прототипи, алатките кои може да ви помогнат да ги изградите и начинот на кој може да ги тестирате и усовршите вашите дизајни. Овој преглед ќе ви помогне да го одредите работниот тек за правење прототипи кој најдобро ќе ви одговара вам и на вашиот тим.

Теми:

  • Што е прототип?
  • Како правењето прототипи влијае на корисничкото искуство?
  • Дефинирање цели на прототип
  • Скицирање идеи
  • Креирање прототипи на хартија
  • Градење прототипи со ниска и висока веродостојност
  • Креирање HTML прототипи
  • Тестирање и евалуација на прототипи
  • Избирање вистинска алатка за правење прототипи

Дел 5: Стратегија на содржина

Содржината е клучна за испорачување на успешно корисничко искуство на еден веб сајт, апликација или друго дигитално средство. Но што ја одвојува добрата содржина од остатокот? Во овој дел од курсот ќе го погледнеме процесот на анализирање и истражување на вашата веб содржина – не само текст, туку и видео, слики, социјални интеракции и метаподатоците кои лежат под сето тоа – за да го подобриме SEO и притоа да го усовршиме гласот на вашиот бренд. Научете како да креирате содржина кој има значење и да измерите колку е успешен вашиот сајт. Ќе ви покажеме како да развиете персони за подобро да ја сфатите вашата публика и да ги процените потребите на важните учесници во проектот и влијателните луѓе.

Теми:

  • Што е стратегија на содржина?
  • Оформување на гласот
  • Ревизија на вашата моментална содржина
  • Идентификување јазови во содржината
  • Дефинирање на вашата публика
  • Развивање персони
  • Работа со жичени модели
  • Мерење резултати

Дел 6: Тестирање употребливост

Извршете сопствено основно тестирање употребливост за да откриете што сакаат вашите корисници од вашиот веб сајт, апликација или уред – и научете каде да ги фокусирате подобрувањата во вашиот дизајн за да имате поголем ефект. Во овој дел од курсот ќе ви покажеме како да дизајнирате истражување кое ќе одговори на вашите прашања, како да регрутирате вистински учесници и како да прилагодите околина за тестирање. Ќе ви покажеме како да модерирате и набљудувате тестирање употребливост, да соработувате со учесниците и да ги поставите вистинските прашања, а потоа да ги анализирате податоците и да ги споделите со вашиот тим.

Теми:

  • Што е тестирање употребливост?
  • Наоѓање вистински учесници
  • Правење интервјуа
  • Поставување на вистинските прашања
  • Избегнување пристрасност
  • Правење листи со задачи
  • Креирање околина за тестирање
  • Водење пилот истражување
  • Модерирање сесии
  • Забележување набљудувања во реално време
  • Анализирање на резултатите и извештаи

Дел 7: Пристапност

Интернетот има отстрането многу пречки во комуникацијата и интеракцијата. Сепак, кога веб сајтовите, технологиите или алатките се лошо дизајнирани, тие креираат бариера која ги исклучува луѓето со посебни потреби од вебот. Во овој дел од курсот ќе научиме пристапноста ги намалува бариерите за влез, обезбедувајќи еднаков пристап и можности за луѓето со најразличен степен на потешкотии со слухот, видот, движењето и когнитивните способности. Ќе ве запознаеме со основните концепти на пристапност, како тие може да се употребат во дизајот на корисничко искуство, ќе ги разгледаме асистивните технологии кои корисниците би можело да ги употребат за да му пристапат на вашиот проект. Курсот вклучува практични примери, од рекреирање визуелни интеракции, со пишување одличен дополнителен текст, воведува персони со уникатни предизвици за движење низ вебот и покажува како да ја направите пристапноста редовен дел од вашиот работен тек. Откако ќе ги научите основите, ќе откриете како придобивките на пристапноста – подобрено пребарување, подобрена употребливост, и пристап до поголема публика – му помагаат на вашиот дизајн исто онолку колку што им помагаат и на вашите корисници.

Теми:

  • Што е пристапност?
  • Работа со тек
  • Обезбедување близина во вашиот дизајн
  • Како работат читачите на екран и програмите за препознавање глас
  • Дизајнирање за луѓе со потешкотии со слухот, видот, движењето и когнитивни проблеми
  • Пристапност во распоредот
  • Интегрирање пристапност во вашата стратегија на содржина

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
  • графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
  • сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн,

Предзнаења

За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Александар Пешевски e графички и веб дизајнер чија специјалност се UI, UX и бренд дизајн. Со дизајн се занимава речиси 20 години. Во моментов работи како дизајнер во Glitch agency која е дел од IWM Network (компанијата која стои зад популарниот портал it.com.mk) а претходно работел и соработувал со голем број компании каде најголем предизвик му бил решавање комплицирани веб структури. Извесно време бил и инструктор за флеш анимации, фотошоп и дизајн принципи. Негова пасија за изработка на уникатен накит од неодамна ја претвори во свој бренд, MightyCreation.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.