СПОДЕЛИ

Овој курс се фокусира на два елементи од веб развојот: пристапност и оптимизација за пребарувачи (SEO), демонстрирајќи зошто тие се важни и како функционираат заедно. Во курсот ќе ви покажеме како добрите практики во програмирањето и модерните веб стандарди може да го направат вашиот веб сајт попристапен и повеќе видлив за пребарувачите и социјалните мрежи.

Теми:

  • Разбирање на придобивките од пристапност и SEO
  • Читачи на екран за Windows и Mac
  • Инсталирање алатки за развој на прелистувач
  • Споредување сајтови кои се добро и лошо оптимизирани
  • Дефинирање јазик за страница
  • Креирање подобри HTML5 семантички ознаки
  • Точно означување на слики и линкови
  • Креирање призтапно мени со неподредена листа

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
  • сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
  • сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
  • SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
  • Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
  • сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
  • секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.

Предзнаења

За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

Игор Ѓуровски е SEO и интернет маркетинг професионалец со повеќе од 12 години релевантно искуство. Работел за повеќе дигитални агенции од САД и Обединетото Кралство, како и на повеќе самостојни проекти за компании од Западна Европа и Америка. Специјалност му се SEO, глобална веб видливост, блогови и интернет медиуми. Својата кариера ја започнува како Google adsense фриленсер, за да продолжи со контент маркетинг, градење линк мрежи и изработка на целосни IM решенија. Во моментов е сериски предприемач со свое прототајпинг студио и CTO во неколку странски стартапи.
LinkedIn, PeoplePerHour

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делотОдговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.