СПОДЕЛИ

Прилагодливите слики се следната еволуција во веб дизајнот. Научете како да ги имплементирате со реални сценарија за најдобри практики за имплементирање на прилагодливи слики во сајтови за продукција. Во овој курс ќе ви објасниме што се прилагодливите слики и како тие функционираат, како да го употребите Picturefill JavaScript пролифилот, за да направите прилагодливите слики да работат во прелистувачите кои сé уште не ги поддржуваат. Потоа ќе ги погледнеме двата главни типови на прилагодливи слики (употребувајќи го <img> тагот со srcset и w и новиот <picture> таг), и ќе работиме со примери подготвени за продукција за да ви помогнеме да се стекнете со практично искуство за нивна имплементација.

Теми:

  • Како работат прилагодливите слики
  • Додавање Picturefill на вашиот сајт
  • Како да ги направите обичните слики прилагодливи
  • Употреба на елементот &lt;picture&gt
  • Идентификување точки на прекин и промена на распоред
  • Употреба на &lt;picture&gt; елементите за заменски ресурси на слики

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

  • HTML: основи
  • CSS: основи
  • JavaScript: основи
  • Основи на прилагодлив дизајн
  • Применет прилагодлив дизајн

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.