СПОДЕЛИ

Во овој курс ќе ја видиме моќта на PHP техниките за програмирање со објектно ориентиран пристап. И почетниците, но и искусните програмери може да имаат придобивки од ефикасниот, добро организиран и реупотреблив код кој го нуди објектно ориентираниот метод. Ќе ви покажеме како може да ги поедноставите прашалниците за бази на податоци, да работите со сесии и да го поедноставите најавувањето на корисникот. Курсот се потпира на реален пример, а вклучува многу практични совети во многу области, од структурирање на кодот, до акции за најавување и одјавување на корисникот.

Теми:

  • Дефинирање и употреба на класи, методи и атрибути
  • Разбирање на наследството на класи и модификаторите за пристап
  • Работа со датотеки и директориуми
  • Закачување на датотеките на сервер преку форми
  • Праќање е-пошта со PHP
  • Обележување на страници и образци за приказ

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • дизајнери и девелопери кои сакаат да креираат динамички, веб базирани системи и апликации со помош на PHP & MySQL

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

10.028 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студиа итн. Моментално работи како head of IT во интернационална компанија.
LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.