СПОДЕЛИ

Практичната настава за позицијата WordPress администратор се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. По завршувањето на оваа програма студентот ќе умее самостојно да креира и одржува веб страници и блогови базирани на готови WordPress теми, да креира и уредува фотографии и илустрации со помош на Photoshop и Illustrator, како и да ја зголеми видливоста на сајтот во неплатените резултати од пребарување кај пребарувачите.

Како и сите останати програми за практична настава, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.

1. Едукативeн дел
има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат за оваа позиција. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.

# основен модул опционен модул
1 WordPress CMS Photoshop CC за веб
2 Photoshop CC 2015 Illustrator CC за веб
3 Illustrator CC 2015 Проекти со Photoshop & Illustrator
4 SEO

2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.

3. Менторски сесии
Во рамки на практичната настава, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.

Потврда
По успешното завршување на практичната настава студентот добива потврда за изведена практична настава.

Цени за поединечни модули

# модул траење редовна цена цена за студенти
1 WordPress 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
2 Photoshop CC 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
3 Photoshop за веб 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
4 Illustrator CC 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
5 Illustrator за веб 1 месец 4.129 ден 3.000 ден
6 Проекти со Photoshop & Illustrator 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
7 SEO 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
вкупно 46.603 31.000
Попусти за студенти за повеќе модули Попуст Модули Траење Цена
Комплетна програма WordPress уредник 20% 1-7 6 мес. 24.800
Скратена програма WordPress уредник 15% 3 модули 3 мес.

Менторираната пракса на далечина е комерцијална услуга која Марјановиќ Едукација по бенефицирани цени ја нуди  исклучиво за студентите од:

  • Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје,
  • Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје,
  • Факултетот за информатика при универзитетот Гоце Делчев во Штип,
  • Факултетот за современи науки и технологии при универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Доколку Вашиот факултет не се наоѓа на оваа листа, контактирајте нè на contact@everest.mk за да ви дадеме натамошни инструкции.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.