СПОДЕЛИ

Како што сé повеќе и повeќе луѓе пристапуваат на веб страниците преку мобилни телефони, таблети и други паметни уреди, така мора да сте сигурни дека вашиот веб сајт изгледа и функционира добро на сите уреди. Едноставно кажано, задолжително е распоредот на вашиот веб сајт да е доволно флексибилен за да се прилагоди на секоја големина на екран и резолуција.

Сите ваши напори да го направите вашиот веб сајт компатибилен со различни уреди може да  се залудни, ако сајтот не се вчитува точно. Дополнително, важно е и да сте сигурни и дека темата се вчитува брзо. Независно дали сакате тема за различни уреди или тема која се обработува брзо, минималистичките теми во WordPress ќе ви помогнат да ги исполните критериумите на најдобар можен начин.

Минималистичките WordPress теми не само што ви помааат да креирате веб сајтови кои работат добро на сите уреди, туку и ви помагаат да се ослободите од дополнителните проблеми кои произлегуваат од вашиот веб сајт и да ги подобрите неговите перформанси. На располагање имате многу минималистички WordPress теми, иако да ја изберете идеалната за вас знае да биде тешка работа.

Подолу ви нудиме листа на 10 минималистички WordPress теми кои вреди да ги разгледате:

1. Minimaliste

MinimalisteMinimaliste е минималистичка, прилагодлива WordPress тема која може да ја употребите за креирање на личен блог, веб сајт со фотографии или портфолио.

Оваа тема е совршена за дизајнери и други креативци кои уживаат во чист дизајн, и овозможува вашата содржина да изгледа одлично, независно од уредот на кој се прегледува вашиот веб сајт.

Дополнително, темата ви обезбедува лизгач за секој пост/страница. Minimaliste доаѓа со 11 фонтови за икони за социјални медиуми, едноставен панел за прилагодување на бои и многу повеќе.

2. Responsive Brix

Responsive BrixОва е една од најдобрите WordPress минималистички теми. Темата се вчитува многу брзо, а е наменета за креирање на корпоративни и деловни веб сајтови.

Оваа retina-ready тема се карактеризира со храбар, прилагодлив дизајн кој доаѓа во комплет со неколку опции за уредување и сопствени прилагодувања. Дополнително, темата лесно може да се конфигурира.

Responsive Brix може да се прошири во распореди со полна ширина и има богата збирка на можности, како HTML и лизгачи на слики, бројни опции за бои, повеќе од 360 икони за фонт и многу повеќе.

3. Kouku

KoukiKouki е тема совршена за креирање на сопствен блог (особено блог за храна). Впрочем, ова е одлична тема за издавачи кои сакаат да ја претстават својата содржина на пријатен, минималистички начин.

Незадолжителните опции на темата ќе направат да се издвоите на интернет. Дополнително, може да менувате бои, фонтови и да додавате социјални икони. Дизајнот е целосно прилагодлив и изгледа одлично на секој уред.

4. Shrake

Shrake-Ако барате WordPress минималистичка тема за поставување на сајт за микро-блогирање, тогаш Shrake е вистинската тема за вас. Едноставниот дизајн и јасната типографија го насочуваат фокусот кон содржината на веб сајтот.

Темата е краирана со употреба на мобилен пристап, со што обезбедува вашата содржина да се прегледува брзо и лесно, независно дали корисникот пристапил преку телефон, таблет или компјутер.

Ако сакате повеќе креативност, Shrake доаѓа со искуство на скролување со кое може да ја  смените големината на вашето лого и лента за навигација и да ги задржите во видно поле кога корисникот ја скролува страницата надолу.

5. Motif

Motif-Motif е прилагодлива тема дизајнирана за деловни веб сајтови. Се карактеризира со јасен минималистички распоред на страница кој дозвлува фиксни постови, сопствени менија, десен лизгач, две колони итн.

Темата има модерен распоред со добра типографија со што успева да го задржи вниманието на публиката.

6. Founder

FounderПовеќето минималистички теми се фокусираат на едноставност, но Founder успева да изгради веб сајт со минималистички стил на кој содржината е претставена на смел и професионален начин.

Founder е прилагодлива тема која е визуелно привлечна на телефони, таблети и лаптопи. Оптимизирана е, и има интегрирано многу корисни опции како на пр. повеќејазичниот фонт на Google.

Најдобриот дел е што Founder е подготвената тема со пристапност на која и посетителите со  посебни потреби ќе може да уживаат во содржината.

7. Invisible Assassin

Invisible-AssassinВо случај да барате минималистичка WordPress тема која беспрекорно работи на сите модерни (и најголеми) мобилни платформи како iPhone, Android, и Windows Phone, тогаш Invisible Assassin е одлично решение за вас, бидејќи темата е тестирана на сите споменати платформи.

Лесна тема која доаѓа со сите неопходни опции за успешен веб сајт, како  прилагодлив лизгач, навигација во повеќе нивоа и widget-и во подножјето.

Темата е оптимизирана со најбрзо време на вчитување.

8. Perfetta

PerfettaPerfetta се фокусира на слики за да го задржи минималистичкиот стил. Станува збор за прилагодлива тема која првенствено се фокусира на веб сајтови за храна. Нема преобемни опции, а содржината ја презентира на разбирлив и атрактивен начин.

Tемата е идеална за прилагодливи веб сајтови за кафулиња, ресторани и блогови.

Комбинацијата од распоред во една колона и минималистички дизајн, резултира во свеж и чист изглед кој дефинитивно ќе ги задржи посетителите на вашиот блог.

9. MAKE

MAKEMake е одлична опција за креирање на веб сајт-портфолио, веб сајт за електронско тргување или списание. Може да ја поедноставите темата колку сакате, употребувајќи ги опциите за прилагодување без притоа да треба да пишувате код.

Може да го прилагодите логото, позадината, фонтовите,итн… да додадете галерија, слика, видео или лизгaч на секоја од страниците на вашиот веб сајт.

Make може да се пофали со прилагодливиот распоред со кој изгледа одлично на сите уреди. Ги поддржува популарните додадоци како Gravity Forms, Jetpack, WooCommerce, итн.

10. Gazette

Gazette-Gazette е јасна минималистичка тема која најдобро одговара на потребите за блог, списание или веб сајт со многу содржина. Ви помага да нагласите одредени текстови на почетната страница.

Она што е најдобро кај Gazette е убавата рамнотежа која ја создава со одржување на читливоста во комбинација со фотографијата. Помага да изградите распореди на страници кои ќе функционираат беспрекорно, независно од уредот кој корисникот го употребува за пристап кон вашиот веб сајт.

Заклучок

Доколку барате минималистичка тема за да им одговорите на барањата на вашите клиенти, сигурни сме дека некоја од темите кои ги споменавме совршено ќе одговори на вашите потреби.


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.