СПОДЕЛИ

Вертикални шари и скролување

beoplayunoСо повеќе внимание посветено на мобилните уреди, заради мислењето дека мобилниот сообраќај ќе се изедначи со сообраќајот на десктоп годинава, повеќе сајтови се дизајнираат со вертикални кориснички текови.

Пред неколку години, сите зборувавме за крајот на скролувањето во веб дизајнот, за неколку години подоцна, истиот да се врати на голема врата, како многу важна алатка за интеракција. Помалите екрани ги тераат корисниците повеќе да скролуваат, а дизајнерите да креираат кориснички интерфејс кој е многу повертикален.

Повеќе интерфејс со стил на карти

Еден од најголемите елементи кои излегоа од материјалниот дизајн е појавата на интерфејс со стил на карти. Тој е во сé, од апликации, преку веб сајтови, до печатени парчиња. Картите се забавни, ги организираат информациите во елемент содржател кој е лесен за употреба, и ги ангажираат корисниците. Дополнително, тие одлично функционираат кај сите уреди, бидејќи картите може да се “наредат” хоризнотално или вертикално (или и на двата начини).

block16oyya

Заглавја со видео (како сајтовите со стил на филм)

Дизајнот на веб сајтови влегува во филмовите. Побрзите интернет конекции и подобрата интеграција на видео додатокот, го олеснуваат начинот на кој веб сајтовите може да вклучат тродимензионално искуство со стил на филм. Видео клиповите растат, од мали фрагменти во подолги клипови. Сликата е остра, јасна и со висока дефиниција, што овозможува да се креира видео искуство на интернет кое е ново за корисниците, но познато од другите уреди, како телевизиите на пример.

intuitionchristmasexpyounusabdalla

Мали анимации

Анимацијата е еден од трендовите за 2015. Елементите кои се движат се насекаде, од анимации со херој-стил кои го почнуваат дизајнот на сајтот, па сé до мали анимации кои дури и може да не ги забележите. Нивната популарност ќе расте, дури и кога ќе се намалува нивната големина. Анимираните елементи на кориснички интерфејс се забавен начин за интеракција со корисниците, начин со кој има давате нешто додека тие чекаат содржината да се вчита, а во исто време обезбедувате елемент на изненадување.

Најважниот фактор кога станува збор за анимациите е да сте сигурни дека тие одговараат на нивната цел. Треба да знаете зошто го креирате ефектот и што тој се очекува да направи.

campertrue

Фокус на интеракцијата

Интеракцијата оди рака под рака со анимацијата. Како главен продукт на интерфејсот на апликациите и мобилните уреди, интеракциите креираат линкови помеѓу корисниците и уредите. Добрите интеракции се често мали, дури премали, и на корисникот му обезбедуваат некаква вредност. Од наједноставни аларми, до текстуални пораки и звук дека вам ви е ред во играта која ја играте. Сите овие мали интеракции го оформуваат начинот на кој луѓето се во интеракција со уредите,а и нивната лојалност кон поврзаната апликација или мобилен уред.

wovemyunitedway

Уште поубава типографија

Ефикасниот интерфејс го поплочи патот за да може да се појави убавата типографија. (Заедно со додавањето на покорисни алатки за фонт на веб, од типот на Google Fonts и Adobe Typekit како доминантни опции за креирање на библиотеки за фонт на интернет).

Големите, задебелени фонтови ќе продолжат да владеат, бидејќи одлично функционираат со другите модерни елементи. Овој едноставен концепт на букви им остава простор на другите елементи, а сепак ја пренесува пораката во многу читлив приказ. Трикот кој мора да го испробате е едноставно да оскомбинирате  читлив фонт со една од новите забавни опции.

vienshawk

Илустрации и цртежи

Илустрациите и цртежите донесуваат забавен елемент во дизајнот на веб сајтовите. Може да функционираат со сите типови на веб сајтови, и повеќе не се однесуваат само на децата. Силот со илустрации се популаризира кај помалите делови од дизајнот на веб сајтот, како што се иконите и другите елементи на интерфејс. Она што е убаво кај овој тренд е тоа што илустрациите прават сајтот да е поличен. Икона со стил на илустрација или цртеж кој изгледа како да е нацртан со рака, повеќе му се доближува на корисникот токму поради личниот изглед и чувство, а тоа допринесува за поголема поврзаност со корисникот.

orangeclimate

Посилни, посветли бои (со чувство на 80-тите)

Светлите бои почнаа да се појавуваат со рамниот дизајн и продолжија да добиваат поголемо забрзување во развојот.  Документацијата за материјален дизајн  на Google ја продлабочува конверзијата. Погледнете на Dribbble, бојата е насекаде. Ова се клучните показатели дека бојата ќе остане главна и во следните години. Дел од промените во трендот со силни бои е типот на бои кои се употребуваат. 2015 употребуваше монотони бои, сега боите се поместуваат кон посветли палети налик на атмосферата на 80-тите години.

circlesinlayrightcolors

Повеќе хамбургер копчиња и икони

Икони, инкони, икони! Од  хамбургер иконата, до засебните икони низ проектите за дизајн, иконографијата е важна и голема. Повеќе дизајнери креираат забавни комплети на кориснички интерфејс и икони кои навистина лесно се употребуваат, а и не се скапи. Една од работите со кои експериментираат дизајнерите се преголемите икони, и тоа благодарение на SVG форматите.

primeitiqor

Замаглување на границата помеѓу реалноста и имагинацијата

Дали овој сајт е реален или анимиран? Дали патеката е однапред одредена или може самиот да правам избори патем? Следниот чекор во дизајнот е појавата на нејасна линија помеѓу она што е реално и она што е создадено од уметникот (или е замислено). Резулататот воодушевува.

Од виртуелна реалност до веб сајтови кои ви даваат можност за избор при наоѓањето на содржината. Овој тип на прилагодување е лично и им се допаѓа на корисниците. Трендот вклучува креирање на композиции од слики кои изгледаат реално, иако сте свесни дека не е така.

bluestagcoleman

Вебсајтови со лизгачи

Прво имаше лизгачи за веб сајтовите да може да ги движат сликите во рамка за да прикажат содржина. Следен чекор на еволуцијата на лизгачите е лизгање на цел екран. Секое лизгање го освежува целиот екран со нова содржина. Ова може да функционира и со кликнување, скролување или ефект со време. Корисниците може да се движат напред и назад со искуство кое е скоро физичко. Очекувајте многу сајтови со овој концепт во следните месеци.

presidentialapple-e1451894595130crisis

Заклучок

Гледајќи низ примерите лесно може да заклучиме дека нема само еден тренд во дизајнот на кој ќе се фокусираат дизајнерите оваа година. Станува збор за комбинација, и кулминација на неколку трендови од последните неколку години. Ако ги погледнете подетално сајтовите во примерите, ќе забележите дека многу од нив употребуваат повеќе елементи од оваа листа за да креираат интерактивен веб сајт.


Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.