Дома WordPress 11 WordPress додатоци кои мора да ги имате

11 WordPress додатоци кои мора да ги имате

453
0
СПОДЕЛИ

Како и обично, имаме многу различни додатоци со различни можности за употреба. Сепак запомнете, некои од овие додатоци се сосема нови, а на некои сигурно ќе им требаат повеќе верзии за да станат совршени , но и вака се доволно добри. Па, ајде да ги разгледаме:

1. Bump This

Bump This додава копче Bump (збор кој доаѓа од – Bring Up My Post, т.е однеси го мојот пост горе) кога се прегледува пост. Кога доволно луѓе ќе кликнат на копчето под постот, тој пост ќе се помести погоре на листата со постови. Ова е одличен начин на кој корисниците ќе може да во помогнат да ја поставите популарната содржина на место каде и другите ќе може да ја видат.

Некои мали недостатоци: во моментов само пријавените корисници може да го употребуваат копчето. Уште полошо е што еден корисник може по неколку пати да го кликнува копчето под истиот пост, но претходно треба да го напушти постот и повторно да се врати на истиот. Навистина ме интересира како би напредувал овој додаток после неколку ажурирања.

bump_this

2. Video Capture

Со овој додаток може да додадете видео снимки на вашата WordPress инсталација. Поставете краток код на било која страница или пост и корисниците ќе може да снимаат кратки видеа до 3 минути должина.

Откако ќе се сними видеото, може да му пристапите од администраторскиот панел на WordPress. Може да го превземате и бришете, и претпоставувам, да го вметнете на друго место. Видео снимките се со лош квалитет,.flv датотеки, и се зачувуваат на сервер на трето лице. (Ова веќе загрижува!) Сепак, доколку имате потреба од едноставен, бесплатен начин да добиете снимка од корисниците на веб камера и ви одговараат условите, овој додаток ќе ви заврши работа.

capture_this3. LeadIn

LeadIn е еден од порафинираните додатоци на оваа листа. Тој се интегрира со голем број на додатоци за формулари за WordPress, и секогаш кога некој ќе поднесе формулар (на пр. за контакт) на вашата веб страница, тој се додава во контакт базата на податоци. Историјата на прегледи на страницата за секој контакт се наведува во неговата датотека, па може да видите за кои делови од вашата веб страница се интересираат вашите корисници.

Додатокот доаѓа со изборен формулар за пријавување за билтени кој се појавува само ако корисникот скролува до дното на било која страница. Корисникот може да се пријави или да го затвори скок формуларот и тој повеќе нема да се појавува.

4. Gmail Comment Approval

Кај Gmail Comment Approval додатокот треба да се прилагодат повеќе параметри на почетокот, но крајниот резултат навистина воодушевува. Откако ќе го инсталирате, целата ваша електронска пошта за известувањаво WordPress ќе биде DKIM потпишана, а со тоа вашата адреса за електронска пошта ќе биде регистрирана на Google па ќе може да дозволувате дозволувате нови коментари на вашата веб страница преку Gmail.

5. Flaunt Your Clients

Иако првично е дизајниран за фотографии, овој додаток може да се употреби во различни сценарија. Она што е најважно е дека тој додава нов тип на поле за содржина дизајниран за приказни на клиентите и изјави за нивното искуство. Овие страници за клиентите може да се сортираат по категории, да се поврзуваат со постови на блогот, итн.

6. Google Web Fonts Customizer (GWFC)

Не сте задоволни со фонтот на вашата претходно направена тема? GWFC додава секција во прилагодувачот на теми во администраторскиот панел. Ова ќе ви дозволи да го изберете било кој фонт од Google веб фонтовите за насловот, текстот во пасусите, блок цитатите и за ставките во листите.

7. Meet My Team

Сте ги виделе ли оние веб страници со слики од членовите на нивниот тим на кои можете да кликнете и да добиете повеќе информации во модален прозорец кој личи на lightbox (прозорец кој го покрива екранот притоа замаглувајќи ја содржината во позадина? Од искуство ви кажувам дека, иако е возможно, тоа многу тешко се прави од почеток.

Доколку не можете сами, овој додаток ќе ви обезбеди тип на поле за содржина дизајнирано за прикажување на членовите од тимот и информации за нив. Со краток код ќе ги прикажете членовите на тимот во мрежа на која страница или пост да сакате.

Не постојат параметри за прилагодување, па секоја визуелна измена ќе мора да ја направите преку CSS. Ако веќе правите измени, тогаш направете сѐ сами, но ако ви треба брзо решение без прилагодувања, овој додаток ќе ви помогне.

8. tinyfier-wp

tinyfier-wp ги оптимизира вашите CSS, JS, и (ако сакате) HTML средства, отстранувајќи се што е непотребно од податоците за вашата страница да може брзо да се вчитува. Јас пробав… и функционира. Кодот се минимизира.

Не видив некое големо зголемување на брзината, веројатно бидејќи употребувам основна инсталација на WordPress со предодредена тема како тест околина. Сепак, ако веќе броите бајти, ова е за вас.

9. WP Club Manager

Еве една за оние по спортот. WP Club Manager е дизајниран за управување со веб страници на спортски клубови. Еве ја листата на карактеристики:
• Може да се употребува за скоро секој тимски спорт
• Може да работи со повеќе тимови
• Профили на персонал и играчи
• Рејтинг на играчи
• Стартовите на секој играч за секоја сезона
• Закажани натпревари и табели со резултати
• Табели од лигата
• Извештаи од натпревари
• Спонзори
• widgets за закажани натпревари, резултати, табели и спонзори

10. Firefox OS Bookmark

Firefox OS Bookmark можеби е нов на пазарот, но критиките се одлични. Ако сакате да ја регистрирате вашата WordPress страница како хостирана апликација на нивниот пазар, овој додаток ќе ви обезбеди сѐ што ви е потребно за да го направите тоа.

11. Zethos for WordPress

Мобилна апликација која неодамна ме заинтригира. Во основа, го олеснува брзото читање со тоа што доволува да се фокусирате на еден по еден збор во дадено време. Zethos ја креирал одново оваа функционалност со JavaScript, со што секој може да ја вметне во својата веб страница. Овој додаток го вметнува Zethos во секој пост, со што читателите ќе може да одберат како сакаат да го читаат постот.


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првиот чекор кој би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи да чести заглавувања, без гаранциија дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.


 

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.