СПОДЕЛИ

Дали страдате од синдромот “оваа работа воопшто не е она што сакам да го правам”? За жал, ова е честа појава денес. Можеби навистина ви се допаѓа она што го работите, па дури и луѓето со кои работите, но, кога ќе ги земете во предвид сите аспекти на вашата работа, некако не ви е доволно.

Иако незадоволството од кариерата е ужасна мака, добрата работа е што причината зошто не ја сакате вашата работа често пати е јасна. Ако само малку подразмислите ќе откриете дека проблемот е недостаток на флексибилност.

Го знаете она чувство кога ви требаат парите кои ги добивате од работата за да се грижите за семејството, но заради времето кое ви го одзема таа работа, вие впрочем и никогаш немате време за да бидете со семејството.

Или имате добра работа, но губите по два часа во денот на патување.

Ако сакате да си ги гледате децата по повеќе од 15 минути пред легнување, или сакате да си прошетате со кучето и тие два часа да ги потрошите во природа наместо позади воланот, тогаш ви треба лек.

Ако проблемот е флексибилноста, тогаш лекот е едноставен: најдете флексибилна работа.

Флексибилна работа е онаа која ви дозволува да имате слобода во распоредот и на работното место. Тогаш вие ја имате контролата врз тоа каде и кога ќе работите. Има многу можни сценарија за тоа, како на пример:

Работа на далечина
На оваа позиција, вие најчесто сте редовно вработен и се пријавувате на работа во одредено време од вашата канцеларија дома (или на плажа!).

Работа со скратено работно време со работни часови по договор

Работа на проект со определена дата на почеток и завршување
Најчесто работите колку и каде сакате, и секогаш може да имате периоди на пауза помеѓу два проекти.

Полно работно време со флексибилни работни часови
Размислете: Може да работите од дома 2 дена неделно, или да си ги земете петоците како слободен ден во лето.

Работата на далечина, се разбира, ви дозволува да работите од секаде – од дома, од библиотека, па дури и од лежалка на плажа. Можеби звучи предобро за да е вистинито, но Скилкраш се жив доказ дека работата на далечина е вистинска работа. Нивните членови на тимот се наоѓаат во 7 различни земји и тие имаат секаков вид на ангажмани, од хонорарна работа до работа со полно работно врме.

Кога зборуваме за работното време, тоа е уште една флексибилна можност. Денес, може да се заврши многу работа независно од периодот од денот кога се работи. Тоа значи дека утрото може да си го поминете дома со вашите најмили, а да работите во вечерите, кога децата ќе бидат со вашиот партнер. Или може да работите од понеделник до четврток, а петоците да ви се слободни за да му помогнете на пријателот или да ги посетите родителите.

Или пак, може да си оставите простор за дишење во животот, така што ќе работите на проекти кои траат одредено време, еден месец, два месеци или една година. Кога ќе завршите со еден проект, одморете (ако добро сте си ги испланирале финансиите) или почнете нов проект. Промените се она што прави постојано да ни е интересно!

Мене, флексибилната работа ми дозволува да ја работам работата која ми се допаѓа, а сепак да го имам и животот што го сакам. Впрочем, без опцијата да се работи од далечина, јас не би ни имал работа.

Доколку ви се допаѓа идејата да имате можност да си ги изберете работните часови, должината на работното време и локацијата од каде ќе работите, следниот чекор е да дознаете што е потребно за да добиете таква работа. Како што стојат работите, работата на флексибилна позиција доаѓа со неколку дополнителни обврски. Дали сакате менаџерот за вработување да ве избере токму ВАС за една од оние позиции по кои копнеете? Ако одговоривте потврдно, ова се вештините кои ќе ве доближат до вашата флексибилна работа:

Вештини за само-менаџирање

Еден од најослободувачките аспекти на флексибилната работа е фактот дека сте оставени сам на себе. Тоа значи дека нема шеф за да ви стои над глава и да ве ѕирка на секои половина час за да ве “поздрави”, и што е подобро, нема колеги кои шушкаат, грицкаат и си потпевнуваат. Но во пакет со “времето само за вас”, доаѓаат и некои обврски. Бидејќи нема менаџер кој ќе го следи секој ваш чекор, треба самите себе си да се надгледувате. Има три особено важни вештини за да сте успешни во флексибилна атмосфера на работа.

1. ВРСКИ

Кога не сте на иста локација, кога работите во различно време од останатите или кога често менувате проекти, губите малку од онаа “непланска” поврзаност со останатите, неврзан разговор на паузите за новиот продукт или за феноменалниот одмор на вашиот колега. Во флексибилна работна ситуација ви треба дополнителен труд за да креирате врски со вашите соработници, затоа што познато е дека кога се согласува тимот, кога се согласувате со колегите, добрата работа станува одлична.

2. ГРАНИЦИ

Меѓутоа внимавајте да не претерате! Само затоа што работата online подразбира достапност 24/7, не секој сака да разговара со вас во секое време. Внимавајте на распоредот (особено кога работите во интернационален тим… Поздрав до временските зони!) и земете го во предвид карактерот на личноста. Можеби дизајнерот е љубител на Gchat, но маркетинг менаџерот претпочита електронски пораки. Обидете се да откриете што сакаат и почитувајте го нивниот стил.

3. НЕЗАВИСНОСТ

Конечно,за да успеете како работник со флексибилна работа, мора да сте проактивни и одлучни. Независно дали сте на различна локација или во различна смена, не секогаш ќе може да се потпрете на вашиот шеф, ниту пак на членовите од вашиот тим за помош. Затоа мора да сте желни и подготвени да делувате и да ја превземете одговорноста за крајните резултати. Не е сé мед и млеко!

Организациски вештини

Кога работите сами мора сé да ви биде под контрола и на дофат, затоа што нема да имате помошник или секретарка кои би ве потсетувале да завршите нешто и би ви помагале да ја организирате работата. Токму затоа, вие мора да имате вештини за организација.

4. АПЛИКАЦИИ ЗА РАБОТА НА ЗАДАЧИ TO-DO ЛИСТИ

За да биде успешен во флексибилната работа мора да умеете да следите крајни рокови и да ги завршувате предвидените задачи. Вашата компанија може ќе ви обезбеди решение, но скоро секогаш од вас зависи. Подгответе се, пред да се согласите да работите. Пробајте ги различните апликации за управување со задачи (Trello е мојата омилена апликација од тој вид) во приватниот живот или на помали задачи. Ќе ги научите основите и вашиот ум нема да мора да помни дека треба да го контактира сметководителот во јануари (а, не април) или да купи поклон за годишнина една недела порано (а, еден ден пред годишнината).

5. СОФТВЕР ЗА ПРОЕКТ МЕНАЏМЕНТ

Покрај личните обврски, можеби ќе ви треба алатка која ќе ви помогне да ги искоординирате вашите обврски со тимот, особено на поголеми задачи или проекти. Повеќето софтвери за управување со проекти се направени на истиот принцип како и оние за работа на задачи, но софтверите за проекти нудат повеќе опции кои овозможуваат секој од членовите да е информиран и ги чуваат сите информации и распореди на едно место. Популарни системи се Asana, JIRA, и Basecamp. Меѓутоа, познавањето на било кој систем од овој вид е од огромна корист кога барате флексибилна работа.

6. ЧУВАЊЕ ВО ОБЛАК

Буквално секоја компанија ги има дигитализирано своите податоци, а многу дури и се свртеле кон чување на истите online или во облак. Ако сте употребувале Google Drive или DropBox, тогаш знаете и што е чување во облак! Многу компании ги употребуваат точно тие услуги за нивниот бизнис. Затоа, уште сега почнете да ги разгледувате и испробајте што сé нудат, за потоа, кога ќе побараат од вас да најдете датотеки или да креирате табеларна пресметка, да не губите време на учење.

Комуникациски вештини

Соработката и комуникацијата се од особено значење за секоја работа, но при флексибилна работа вашите комуникациски вештини мора да се на многу високо ниво, особено бидејќи ќе недостасуваат говорот на телото, тонот на гласот и гестикулацијата. Дополнително, мора да ги искористите модерните алатки во своја полза, па затоа повторете ги уште веднаш.

7. ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Не може да сте граѓанин на 21 век ако не сте запознаени со електронската пошта. Знам дека знаете како да избришете непотребна е-пошта или да испратите смешна слика на колегата, но мора да знаете и како да пишувате јасни и концизни пораки кои брзо и ефикасно ја пренесуваат поентата. Ви треба помош за да напиптете порака која секој ја чита? Погледнете ги советите за пишување на електорнски пораки кои луѓето ги читаат и кои добиваат брз одговор…

8. ТИМСКИ ЧЕТ (РАЗГОВОР)

Ако мора да сте кратки во електронските пораки, тогаш тоа е уште поважно со новата алатка за флексибилни работни групи- team chat. Може да испратите брза порака до секого, до одредени групи (или соби, како што се нарекуваат) или личности. Го намалува времето потрошено на збунувачки, верижни електронски пораки и служи како виртуелно сретство за канцелариски муабет. На него сите се логирани за време на работниот ден и лесно може да започнете разговор. Испробајте го team chat со Slack разгледувајќи ги групите кои се поставени од различни групи на интерес во Chit Chats.

9. ВИДЕО ПОВИЦИ

Уште една модерна алатка за комуникација, позната како видео повик или видео конференција. Ако сте употребувале аппликации како FaceTime, Skype, или Google Hangouts, знаете за што станува збор. Средете го просторот околу себе, изгледајте претставително, отстранете ја бучавата од позадина и фокусирајте се на задачата. Погледнете ги овие фантастични совети за видео конференции за да бидете целсоно подготвени за повиците откако ќе почнете со флексибилната работа.

Вештини

Последно, но и НАЈВАЖНО е да имате вештини релевантни за областа. Не мора да сте гуру за кодирање или веб еднорог. Доволно е да имате основно познавање од основните алатки за веб содржина за да се искачите повисоко на листата за вработување. Најдобар начин за да почнете со подобрувањето на вашите техничките вештини е да ги научите овие три основни сетови со вештини:

10. HTML

HTML, или HyperText Markup Language, е јазик којшто ја дава структурата на веб страниците, веб сајтовите, па дури и на билтените за електронска пошта. Кога ќе знаете што да правите со div тагот или кога ќе умеете да вметнете простор кој не се прекршува, ќе може да извлекувате веб содржина и да станувате  помоќен во очите на вашиот шеф (а, тој да станува посреќен). За само неколку недели може да го научите кодот и да поставите сопствена страница. Хммм… Супер online портфолио е еднакво на одлична нова флексибилна работа!

11. CSS

CSS, или Cascading Style Sheets (Каскадни листи со стилови), е јинг на јангот на HTML. CSS е кодот којшто го пишувате за да направте HTML содржината да изгледа одлично. Со него може да менувате фонтови, бои, маргини… Замислете си колку ќе ви помогне за да направите брзи измени на постовите на блогот на вашата компанија, или да креирате кампања преку електронска пошта, која клиентите ќе сакаат да ја видат во своите сандачиња.

12. CMS

Вооружани со HTML и CSS, може да запливате во Системот за управување на содржини на вашиот работодавач. Ова е нешто што најголемиот број на компании и организации го употребуваат за да ја постават својата содржина (текстови, фотографии, видеа, итн) на интернет. Можеби веќе имате чуено за најпопуларниот CMS во светот WordPress. Знаењето како да креирате, уредувате и објавувате содржини, лесно ќе ве направи херој на секој флексибилен тим.

Па?

Ако случајно се пронајдовте некаде во текстов, не седете со скрстени раце, превземете нешто. Ако ви недостигаат вештини кои ќе ви помогнат да ја најдете работата од соништата, направете го првиот чекор – проучете ги студиските програми на веб академијата Еверест. Запишете се на студии и учете од дома во време кое вам ви одговара. Нашите ментори ќе ви помогнат додека ги работите задачите и проектите а портфолиото кое ќе го создадете ќе ви помогне да ја добиете работата од соништата.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.