СПОДЕЛИ

Банерите со слика се во тренд веќе подолго време и се чини како да не ја губат магијата и креативноста. Покрај мали трансформации (вртелешки, лизгачи, интерактивни слики), банерите со слика се оние истите дизајни инспирирани од списанија кои никогаш не го губат својот шарм.

Модерните дизајни се потпираат на едноставност, минимализам и визуелна естетика. Овие слики се одлична замена за просечните репертоарски фотографии и совршено се вклопуваат во овој опис, што најверојатно е и причината зошто ги има на огромен број на веб страници.

Но, како може да направите вашата слика на банерот да се истакне? Да погледнеме некои од најдобрите веб сајтови со вакви слики за инспирација за да откриете како!

Catscarf

image 1Независно дали сте љубител на мачки или не, она што тимот за дизајн на CatScarf го има направено на оваа веб страница, која продава шалчиња за мачиња, сигурно ќе ви се допадне (знаевте ли дека има и ваква продавница?). Со совршено поставено мени и лого, веб страницата ни прикажува слика на целиот екран од  маче со шалче кое спие. На средина е   насловот на колекцијата и  CTA копчето, а во горниот дел, дизајнерот успеал да ги вклучи најважните елементи  без тоа да изгледа пренатрупано.

Tatamagouche Brewing Company

2Nova Scotia има прекраснен дизајн на паралакса кој го поставува нивниот продукт централно и напред. Анимираната серија на точки ги упатува  корисниците да скролуваат надолу, по што, со секое следно скролување, сликата полека изчезнува.

Cleverbird Creative

image 3Cleverbird, компанијата за дигитално брендирање, навистина има паматен дизајн за инспирација. Сликата барем мене успеа да ме заинтересира. Едноставна слика со маса и столици кои најверојатно се знак за “компанија”. Но, тоа не е сé. Како што скролувате, следи уште една серија на големи слики, кои секој пат воведуваат нешто ново.

The Renovator

image 4Renovator е програма за обука, дизајнирана да ги услужи вашите потреби за вежбање и физичка активност. Сликите на цел екран се воведуваат со лизгач на вртелешка.

Falve

image 5Еве уште една вртелешка со слики за инспирација. Falve е продавница на интернет за облека и модни додатоци за мажи. Со одлични, високо квалитетни слики, оваа веб страница овозможува корисникот да остане на страницата, во буквално значење да остане. Нема опција за скролување лево или десно. Менито во горниот дел е сосема добро, едноставно и слактко.

Daniella Draper

image 6Daniella Draper е дизајнер за накит со диплома за дизајн на накит (да, постои и тоа!) Нејзината продавница за накит на интернет има слики од модели кои го носат DD накитот. Не треба ништо премодерно и пренакитено за да се занеми публиката. Нејзините модели се доволно добри!

Twenty8Twelve

image 7Ова е бренд за облека, со база во Лондон. Покрај големата слика во горниот дел, веб страницата ви открива и многу други слики, поделени во три различни фотографии со ист модел, кој носи различна облека. Идејата е уникатна. Фотографии во преден план кои се комбинираат во слики на банер на цел екран.

Metropol Band

image 8Ова е познат веб сајт на шпански бенд со одличен и интерактивен веб дизајн. Почнува со слика на планина – можеби инспирацијата е од логото, а потоа, продолжува со некои од нивните хитови, видеа и дополнителни слики од бендот. 

Magisto

image 9Magisto е неверојатна апликација за трансформирање на вашите слики и видеа во интерактивни кратки филмови, кои ќе сакате да ги гледате по повеќе пати. Дизајнерот направил паметен избор за дизајнот на овој сајт, бидејќи претставува слика со која ја опишува главната карактеристика на апликацијата: претварање на сликите во бесценети парчиња љубов.

GC Watches

image 10GC часовниците се прикажани на голема слика веднаш до минималистички текст од десната страна. Дополнително, сликите се јасни, смели и со висок квалитет. Ова исто така им дозволува на потенцијалните купувачи да ги погледнат продуктите, без да мора да кликнуваат на засебни слики и да чекаат истите да се вчитаат.

Sharp and Savory

image 11Дуото на дизајнери отишле чекор понапред со последната верзија на дизајнот на нивната почетна страница. Шарлот Танг, дизајнер за интеракција и сопственик на страницата со портфолио, за главна слика избрала фотографија од себе  со шик очила кои неодамна си ги купила.

Britney Spears

image 12Последниот веб сајт на Бритни Спирс има слики на целиот екран кои (очигледно) ја прикажуваат во повеќе светла. Дизајнот е минималистички, со хамбургер копче за мени во горниот агол веднаш до името над сликата. Што повеќе и е потребно на Бритни за да ги импресионира луѓето околу себе?

BottegaRomana

image 13Јас бев многу инспириран од овој дизајн од кој ви се пријадува. Станува збор за BottegaRomana, пица локал во Париз. Најдобриот начин за промоција е квалитетна и вкусна фотографија од она што го нудат (пица!). И покрај деловите со текст од левата страна, фотографиите со пици зафаќаат доволно простор за да ја постигнат целта. Ми се допаѓа и начинот на кој сликата се вклопува во посакуваниот ефект.

 Just Bean

image 14Just Bean има убава колекција на слики од Бен и Беки – кафе ентузијастите. Додека Бен прави убави фотографии од кафулињата кои веќе ги посетиле (“just bean”), Беки размислува што ќе напише за кафето и атмосферата за останатите љубители на кафе да добијат претстава за местото. Веб дизајнот е совршен пример за употреба на слика во банер на цел екран со јасна и убава визуелна презентација.

Innographs: Innovative Photography

image 15“Innographs” е уникатен свет за иновативни фотографии. Сајтот го сумира она што фотографите на свадби можат и се спремни да го направат. Паралелно, и дизајнерот на веб сајтот не направил ништо помалку, употребувајќи спектакуларна ретина фотографија на цел екран. Лизгачот со вртелешка прикажува колекција на убави фотографии преку кои се прикажува услугата која ја нуди веб сајтот. Со мени во горниот дел, наслов во центарот и CTA (Call-to-Action) копче под него, нема што да му го украде вниманието на посетителот и тој целосно се фокусира на сликите.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.