СПОДЕЛИ

Во последниве години, во дизајнот постои тренд кој се фокусира на дизајнот на страниците на пристигнување. Независно дали станува збор за апликации за iPhone, веб апликации, услуги или физички продукти, границата на дизајнот на страниците на пристигнување (анг. landing page) сé повеќе се поместува нагоре.

Мислам дека најголемиот дел од ова се должи на стартап компаниите. Во светот на стартап, имате само една шанса да оставите прв впечаток, па затоа претставувањето на продуктот е од огромно значење. Поголемите брендови го забележаа тоа и ја сменија својата игра за да останат конкурентни, а резултатот е серија на маркетинг страници, кои одлично го прикажуваат продуктот, воведувајќи ги неговите карактеристики и придобивките од него, а притоа пулсирајќи со возбуда и исчекување.

За овој напис ви составив збирка од некои од моите омилени дизајни на маркетинг страници, оние кои мислам дека се промислени и во кои е вложено многу труд, и кои се надевам дека ќе ви послужат како инспирација.

1. Forest

01-landingForest е апликација за продуктивност, која има за цел да ви помогне да го фокусирате вашето време и внимание, со зголемувања од по 30 минути по сесија. Нивната страница на пристигнување е минималистичка, скоро спартанска, но и покрај тоа, успева да го објасни концептот, и тоа на едноставен и елегантен начин.

2. Moto 360

02-landingВлезот на Motorola на пазарот за паметни часовници, Moto 360, е продукт кој тие сакаат да го прикажат на иновативен и интересен начин. Скролувањето низ страницата на пристигнување ви прикажува како се склопува часовникот, дел по дел, а оди сé до UI. Паметните опции го прикажуваат времето на сликата од часовникот со точно време според реалното време во кое корисникот ја гледа страницата.

3. Instapaper

03-landingInstapapeе една од најуспешните read-it-later апликации со едноставен, минималистички интерфејс. Нејзината почетна страница го следи тој стил со неверојатниот бел простот на кој има сé што ви е потребно, без непотребен дизајн.

4. Ring

Ring е ѕвонче на интернет. Вградената камера ви овозможува да видите кој ви ѕвони на вратата директно на вашиот телефон, а може да детектира и движење на вашиот имот и да ве предупреди. Концептот е нов и треба време да се разбере, но страницата на пристигнување одлично ги претставува, и елегантно ги продава придобивките од продуктот.

5. Gumroad

05-landingGumroad е услуга која ви дозволува да продавате на интернет, и да ги собирате уплатите на средства преку нивниот систем. Нивната страница на пристигнување има многу одлични работи: очигледна патека за правецот во кој треба да се движите (големото “Get started for free” копче), брилијантно составено копче за повик на акција, логоа на сајтови кои ја употребуваат нивната функција, и убав опис на начинот на кој работи системот.

6. Rdio

06-landingRdio е услуга за пуштање музика со убава страница на пристигнување. Елегантна и чиста, со огромен бел простор и големи слики на цел екран, и со храбар дизајн кој има моќ да го привлече вашето внимание.

7. Intercom

07-landingIntercom е услуга која ви овозможува поефикасно да им праќате електронски пораки на клиентите. Страницата на пристигнување зема комплексна идеја, и истата ја поедноставува за да ви покаже како функционира продуктот и кои се неговите предности. Она што најмногу ми се допаѓа во овој дизајн е илустрирањето на споредбата на стариот начин на работење наспроти едноставниот пристап на Intercom.

8. iPhone 7

Страницата на пристигнување за iPhone 7 на Apple го употребува нивниот препознатлив стил на маркетинг – многу црн простор, голем, читлив текст и слики со одличен квалитет на црна позадина. Но, тие отишле чекор понатаму и додале суптилни анимации. Кога скролувате надолу телефонот се движи, скоро како паралакса. Целата страница е пријатна и типична за вкусот на Apple.

9. Shyp

09-landingShyp е нова услуга која е дизајнирана да го унапреди праќањето на пакети. Процесот започнува со фотографирање на пратката, употребувајќи ја апликацијата на вашиот телефон. Вие организирате да се земе пратката, а останатото е во рацете на Shyp. Станува збор за неочекувана понуда, па бара и повеќе објаснување за тоа како услугата може да се искористи, а токму тука страницата на пристигнување ја игра главната улога. Скролувајќи надолу, чекор по чекор, ги откривате сите детали и добивате јасна слика за  предностите на процесот.

10. Squarespace

10-landingSquarespace го олеснува начинот на кој малите компании и поединци може да постават сопствени веб сајтови, без да мора да знаат да програмираат. Нивната страница на пристигнување има огромна слика на која се прикажува продуктот на дело. Едноставна страница која е ефикасна и лесна за употреба.

11. Disqus

11-landingDisqus им овозможува на сопствениците на веб сајт да додадат коментари на секој дел од нивниот сајт преку вградување на нивниот код. Disqus отсекогаш се фокусирале на креативна, мудра и осмислна страница на пристигнување, но во последната додаваат уште еден елемент – идентитет.   Заглавјето на нивната почетна страница прикажува слајдови од интересни, необични и забавни коментари, со што дава дополнителен шарм на убаво дизајнираната страница.

12. Campaign Monitor

12-landingКреирањето на едноставна и елегантна страница на пристигнување на е толку едноставно како што изгледа, а Campaign Monitor е одличен пример за тоа. Ова е една од наједноставните, но и најубавите страници кои сум ги видел. Има силен наслов, очигледно копче за повик на акција и цел блок со познати и реномирани компании кои го употребуваат нивниот софтвер.

13. Human

13-landingHuman е апликација за  iPhone која го следи вашето ниво на здравје, внесот на калории и повеќе. Почетната страница ја промовира апликацијата. Дизајнот употребува голема типографија, многу бел простор и големи слики. Јасна е, и едностана, па лесно ве води онаму каде што треба.

14. Circle

14-landingCircle е нова услуга која ви овозможува да употребувате Bitcoin за полесно да плаќате. Страницата на пристигнување веднаш ви нуди форма за регистрација и има многу интересни дизајн елементи, како елегантниот ефект на паралакса на сликите во позадина при скролување, со кој големите слики се смалуваат во далечина и даваат необично чувство на движење.

15. Dyson 360 Eye

15-landingDyson ја прикажуваат нивната робот – правосмукалка Dyson 360 Eye. Страницата на пристигнување го претставува продуктот на невообичаен начин. Во горниот дел се гледа завршениот продукт, но кога скролувате се создаваат интересни анимации кои го прикажуваат секој дел од правосмукалката и ви дозволуваат подетално да ја погледнете. Крајниот резултат е информативна и интересна страница на пристагнување која одлично го продава продуктот.

Заклучок

Постои една изрека која вели дека “Никогаш нема да добиете втора шанса за да го постигнете првиот впечаток“. Затоа, вашата почетна страница мора да ја подготвите на најдобар можен начин. Во спротивно, посетителите што прв пат ве посетуваат ќе си отидат – и никогаш нема да се вратат.
Ако сакате да научите не само како тоа се прави туку и која е науката зад тоа, погледнете ги студиските програми за веб дизајн и UX дизајн.
Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.