СПОДЕЛИ

Како дизајнер, можеби сте завршиле факултет или студии на далечина со очекувања дека ќе работите директно, очи во очи со вашите клиенти. Иако ова е реално, сепак треба да сте подготвени за работа на далечина со клиенти со кои нема да може да бидете во директен контакт. А, тоа е навистина поразлично отколку работата со локален клиент.

Кога почнувате сопствен бизнис, или кога работите хонорарно, мора да имате веб сајт. Ова и не е неочекувано, бидејќи тоа е еден од најдобрите начини да најдете клиенти на далечина. Ако се рекламирате локално, ќе добиете локални клиенти, но вебот е глобален и отворен ширум целиот свет. Тоа значи дека, ако вашиот сајт добро се рангира, или има вградено линкови до вашиот сајт од други места, луѓето од секаде ќе може да ве контактираат. Мене никогаш не ми било важно од каде се моите клиенти, важно ми е само да се пријатни и да плаќаат навреме.

Сепак, има неколку правила кои треба да ги следите за полесно да се снаоѓате со работата на далечина…

1) Комуницирајте навремено и соодветно

Комуникацијата веќе не е толку тешка. Порано беше само телефонот и факсот, но сега, постојат многу алатки кои може да ги употребите за да се состанете и да исконтактирате со вашите клиенти лице во лице. Јас лично употребувам Skype. Така може да споделам екран, со што може да му покажам секому за што станува збор во реално време. Може да ги поминете сите детали исто како лично да се среќавате со некого.

Бидете ажурни со електронските пораки

Знам дека не можете да живеете во вашето сандаче, но затоа можете редовно да си ги прегледувате електронските пораки. Дали некогаш ви се случило да му пишете некому, и потоа да чекате одговор цели 2 дена? Тоа е ужас! Особено ако од тој човек ви зависи понатамошниот тек на работата и ви го успорува напредокот на проектот.

Совети за електронски пораки за клиенти на далечина

Дали ви се случило некогаш да добите огромен текст во електронска порака? Ако сте добивале пораки за проект од мене пред неколку години, сигурно и сте добиле хаотична порака. Но, откако јас добив една таква, сфатив колку тоа може да заморува и одзема време. Немојте да испраќате џиновски парчиња текст испреплетени со размислувања и прашања. Така ќе го исплашите клиентот, ќе го збуните, и дополнително ризикувате да не добиете одговор навременено. Еве неколку совети со кои ќе ги поедноставите работите за клиентите на далечина:

  1. Обидете се да избегнувате долги, неконцизни електронски пораки.
  2. Ако веќе морате да испратите долга порака, организирајте ги идеите во подредена листа.
  3. Вклучете снимки од екранот за да можат да ве следат што зборувате.
  4. Не вклучувајте непотребни приказни или лични информации.

Не двоумете се ако треба да им телефонирате

Понекогаш, доволен е еден краток телефонски разговор. Не одложувајте. Јавете се ако треба да прашате нешто кое ќе ви помогне да продолжите со проектот во вистинска насока. Не се потпирајте само на Skype или електронските пораки. Секогаш телефонирајте кога имате итен проблем и така продолжете да бидете продуктивни.

Правете го она што го правите, но на веб

Знам дека е нејасно, па да ви објаснам. Ги знаете оние кратки разговори и презентации кои обично ги правите за вашите локални клиенти? Истото треба да го правите и за вашите клиенти на далечина. Тие не треба да добијат полош квалитет на услуга од вашите локални клиенти. Испратете им анкета или интервјуирајте ги на Skype. Предноста на употребата на Skype е што може да го снимите тоа кратко интервју, и потоа да се навраќате на него по потреба, што е од голема помош бидејќи на тој начин ќе се движите во вистинската насока во проектот.

2) Исплата по завршена работа

Сите сакаме да си ги добиеме парите. Ништо не нé лути повеќе од работење за клиент кој потоа нема да ја исплати договорената сума. Сето тоа може да го избегнете ако го употребите методот на исплата на делови.

Фази

Прилагодете план на исплата во кој ќе мора да ви се плати во дадени фази од проектот. Побарајте почетна уплата, и потоа наплатувајте по секоја завршена етапа од проектот.

Јас ова го правам од неколку причини. Прво, на овој начин тие остануваат активни во проектот, а јас не губам време дизајнирајќи нешто што можеби ме води во погрешен правец. Второ, кога наплаќате по завршена етапа од проектот, да речеме 25% на 4 етапи од проектот, знаете дека она што веќе сте го сработеле е исплатено и продолжувате во следна фаза. Па, тие ако сакаат работата да продолжи, ќе мора да ви платат.

Договори

Ова може да е малку покомплицирано, но има опции кои ви се на располагање за договори на далечина. Може да пратите копија од договорот по факс, што звучи малку старомодно, па затоа и повеќето од сопствениците може да немаат факс машина во канцелариите.

Има решенија на интернет за е-потписи, кои особено се од корист кога работите со клиенти на далечина. Само заради тоа што работите на далечина, не значи дека треба да заборавите на договорите и согласностите. Секогаш заштитете се! Погледнете го EchoSign од Adobe. Тоа е одлично решение за ваков проблем.

Веб сајтови & датотеки

Златното правило е никогаш да не ги објавувате датотеките пред да ве исплатат. Ништо нема да ги брза клиентите да ви го платат она што ви го должат. Нема да се брзаат да ви ги пратат парите, ако веќе го имаат сето она што им е потребно. Знам дека звучи лошо, скоро како да им го држите проектот во заложништво. Но, има разлика. Тие се тие кои ви должат пари, вие не изнудувате ништо што не ви припаѓа. 

Секогаш праќајте прегледи со помала резолуција, како PDF датотеки со еден слој. Така тие нема да може да ви ја земат работата и да ве остават да висите на конец. Ова е особено корисно за документи кои треба да се печатат, како летоци и брошури. Никогаш не им ги предавајте датотеките на клиентитие пред да ви платат.

За веб сајтови, креирајте им демо секција на вашиот сајт или поддомен.Откако ќе го направите каков што го сакаат, поместете го на сервер, но дури откако ќе ве исплатат. Тие ќе може да го разгледаат сајтот кој сте им го креирале преку демо линкот кој ќе им го пратите, но нема да можат да си ја присвојат вашата работа без да ја наплатите. Може да ви побараат и дополнителни измени пред да го финализираат плаќањето.

Праќање на поголеми датотеки

Ова отсекогаш било проблем, затоа што не може да пратите големи датотеки преку електронска пошта. E-mail клиентите нема да го дозволат тоа. Сепак, постојат начини на кои може да праќате големи датотеки, на пример ако имате Dropbox корисничка сметка, може да им пратите линк. Може да направите и папки кои ќе ги споделувате за проектот. Ова е одлично за подолгорочни проекти со повеќе членови.

Има и други сервиси преку кои може да испраќате големи датотеки: We TransferDropSendTransfer Big Files, и High Tail.

Заклучок

Работата со клиенти на далечина не мора да ви предизвикува главоболки. Напротив, тоа може да има многу предности. Ако ги следите овие едноставни инструкции, ќе си обезбедите среќни клиенти, навремено плаќање и процес без проблеми.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.