СПОДЕЛИ

Во јапонските дизајни на веб страници преовладува атмосфера на хармонија, интегритет и смиреност.

Дури и кога во беспрекорниот изглед на проектот преовладуваат екстравагантни визуелни елементи или ултра модерни карактеристики и динамични ефекти, кои би требало да воведат хаос и немир, сепак постои совршена рамнотежа помеѓу содржината и дизајнот. Резултатот ви дава впечаток дека секој елемент е неопходен дел од целокупната композиција.

Ова заедништво и смиреност во изгледот може да го поврземе со урбаното разбирање на зен кој воспоставува мирна и релаксирана атмосфера. Ваквите проекти, со скоро безвремено чувство, нудат неповторливо корисничко искуство.

Следниве 20 свежи примери од талентирани веб дизајнери и програмери би требало да ви дадат идеја за посебностите на јапонските страници.

Најдобрите веб страници од Јапонија

1. Kenji Saito

1Kenji Saito на посетителите им ја покажува моќта скриена во HTML5/CSS3/JS. Ова лично портфолио на овој талентиран програмер е преполно со фантастични, експериментални дела кои може секого да го убедат дека овој уметник совршено се чувствува во областа во која твори.

2. Exit Film

2Exit Film успева на ненаметлив начин да постави четири кратки видеа на екранот. Елегантниот, централен распоред на страницата споен со темна позадина, мали графики и нежна типографија дава силен визуелен ефект и во истовреме не ги преоптеретува корисниците.

3. Satoshi Kuroda

3Првото нешто што ќе го приметите е прекрасната типографија испишана со четка која се двои од позадината. Буквите, не само што ја потенцираат креативната природа на уметникот, туку се и декоративен елемент кој го заокружува целиот изглед.

4. Kenji Endo

Официјалната страница на Kenji Endo моќно го прикажува авторот. Класичната комбинација на бела и црна боја ја гради естетиката и му дава на проектот впечатлив изглед кој се памети. Дополнително, зачинета со ситни комплементарни ефекти, оваа страница предизвикува и позитивни вибрации.

5. Gakuten

5Gakuten е летен уметнички фестивал чија позитивност и разиграност може да се почувствува од официјалната веб страница, со што таа е во тесна врска со настанот. На почетната страница, како и што треба да е, се прикажани спектакуларни фотографии, членовите на тимот и важни информации за сите оние кои сакаат да земат учество.

6. Sanga Ryokan

6Sanga Ryokan има преубаво online портфолио со моќна јапонска атмосфера. Страницата на пристигнување малку посетува на јин и јанг заради вештата поделба на два спротивни дела, додека техниката на модуларно скролување им дозволува на корисниците да ја скенираат секоја колона посебно.

7. Hys-inc

7Hys-inc оди на појасен, чист и невин изглед кој дефинитивно паѓа во очи и е во контраст со елементите над позадината. Избалансираните графики, содржина и анимации кои се во совршен ред, ја збогатуваат веб страницата и јасно ја демонстрираат сферата на делување.

8. Koto-bana

8Доколку сте во потрага по иновативни концепти или идеи, убаво разгледајте ја оваа веб страница. Koto-bana е фантастична галерија која може да ви ја разбуди креативнота. Употребувајќи модерни техники, на екранот се цртаат цветови од зборови, што е мошне интересно.

9. Lexus

9Beyond ве зашеметува со прекрасната слика на позадината која само го потврдува чувството на иновација. Ова online списание го комбинира спокојот на морскиот пејзаж со луксузот на Лексус автомобилот, креирајќи навистина драматична слика која е магнет за привлекување на посетители.

10. Don-guri

10Don-guri ви нуди одличен начин на кој може да си потрошите неколку минути од времето. Музички инспирираниот проект ја полни атмосферата на вашата канцеларија со позитивна емоција, ве орасположува, ги растргува вашите грижи и ви го подбрува денот. Ве шармира, не само со оригиналната идеја, туку и со забавната и весела реализација.

11. Hanatsubaki

11Импресивна фотографија која на веб страницата и дава чувство на индивидуалност и прикажува слика на чиста убавина. Иако фотографијата е во центарот на вниманието, совршено избалансираниот дизајн се темели на усогласениот тандем од аглести блокови и мека боја.

12. Howlt

12Дизајнерот вешто ги меша цртежите со анимации со што многу лесно го одвојува своето протфолио од останатите и дозволува тоа да зборува самото за себа. Цртаната тема го насочува вниманието кон уметничката работа со  што додава креативност и уметничка вредност на веб страницата.

13. Fabrik

13Уметникот претпочита да оди директно на целта и да ги демонстрира материјалите во најдобро можно светло преку прекрасни слики од близу. Благодарение на светлите бои, крутиот распоред на страницата и многу празен простор, продуктот доаѓа во центар на вниманието.

14. Kobaphoto

14Kobaphoto е лично портфолио, каде сликите зборуваат во име на фотографот. Типографијата и навигацијата не ве оддалечуваат од ремек делата, туку благо го префрлаат фокусот на визуелните елементи.

15. Don-guri Magazine

15Ова е уште еден проект од тимот don-guru кој заслужува внимание. Тој најдобро го искуристува еден од најпознатите елементи на модерната јапонска култура-аниме. Не вклучува живи анимации, меѓутоа е со посебен стил кој буди интерес.

16. Letters

16Монохроматските и нежни графики во линија, оживеани од придружните ефекти се токму она што ја развеселува почетната страница на Letters.inc. Сличноста со гротеските постери на Големиот Гетсби на страницата на пристигнување додаваат нота на надреална убавина.

17. Ondo

17Ondo има дизајн на почетната страница кој секако се издвојува од останатите. Неконвенционалната шема на бои, модерните анимации и чудните компоненти будат измешани чувства кои се врежуваат во умот на корисниците.

18. Midori Aoyama

18Midori Aoyama го наполнил своето лично портфолио со високо технолошка енергија. Секој елемент придонесува кон темата: деликатна типографија, дух копчиња, жива позадина и тродимензионален автопортрет со мал број на полигони.

19. Herbal Bises

19Почетната страница на Herbal Bises е обележана со неверојатна фото манипулација која го рефлрктира неоспорното чувство на природност. Прекраснотата централна декорација не само што го добива целото внимание туку и ја задржува хармонијата и го збогатува дизајнот.

20. RedBull

20Уметникот употребува модерни решенија со цел ефикасно да искористи мултимедиа, да создаде атмосфера за содржинната, да го зајакне брендот и да обезбеди веб страница со одлично корисничко искуство.

Заклучок

Јапонските уметници се чувствуваат пријатно употребувајќи ја високата технологија и моменталните трендови. Чувството за композициска кохерентност и хармонија се обележје на секој од овие проети, но она што ги става понапред од останатите е корисничкото искуство.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.