СПОДЕЛИ

Има многу нешта кои треба да ги цениме во портфолијата кои се ставени во листата, па затоа земете си шолја кафе и разгледајте ги најдобрите и најнови сајтови на кои се прикажува дизајнерската работа. Има многу веб дизајнери од студија ширум светот кои објавиле, или си ги ажурирале, своите портфолија во последниве недели.

Ако имате сопствено портфолио пишете ни за да ве претставиме и вас.

Andrea D. Labarile

Ова портфолио е италијанско, но не плашете се. Фактот дека има лесна навигација во јазик кој воопшто не го разбирам доволно говори за употребливоста на овој сајт. Едноставен сајт кој се памети и има одличен стил со неверојатно корисничко искуство.

Нема што повеќе да побараме, нели?

Umwelt

Работите кои изгледаат едноставно, често не се навистина едноставни. Во случајот со Umwelt, она што изгледа како едноставна серија на слики во суштина е суптилна навигација на портфолиото. (Но, не е до толку суптилна за да ве збуни.)

Вертикално центрираниот текст, кој се менува врз основа на проектот кој го гледате, е фантастичен детаљ, барем според мене. Анимираниот текст нуди доволно упатства за навигацијата низ десктоп верзијата, а воедно, и одлично изгледа.

Colin Grist

Има неколку одлични примери на екстремен минимализам, а портфолиото на Colin Grist дефинитивно може да се додаде во листата. Распоредот е базиран на мрежа, комбиниран со многу празен простор, што и дозволува на работата на дизајнерот да доминира и да ја раскаже приказната.

Maria De La Guardia

Сајтот на Maria De La Guardia изгледа и функционира добро, како и повеќето сајтови на оваа листа. Она што прави тој да се истакнува е начинот на кој таа во портфолиото ги меша текстовите на блогот со нејзината визуелна работа.

И зошто да не? Ако сте напишале нешто на што сте горди (и тоа е поврзано со дизајнот), можеби треба да го додадете во вашето портфолио. На крајот на краиштата, вашето портфолио треба да покаже што знаете. Нема причина зошто да не го направите тоа преку пишан збор, или слика.

The Charles NYC

The Charles NYC покажува одлична типографија, главно монохроматска тема (нивната работа ја обезбедува единствената боја на секоја страница), фина анимација и непогрешлив стил. На листава е затоа што едноставно е убаво за гледање.

Сепак, сé уште не сум љубител на програми за вчитување однапред.

Оstmodern

Ostmodern Многумина се пожалиле дека рамниот дизајн секаде изгледа “исто”. Една од причините за таа изјава е зголемувањето на основните шеми со боја.

Дизајнот на Ostmodern употребува дел од незаситените бои кои ги знаеме и сакаме/мразиме, но убавото е во тоа што ги комбинира со посмелите, посветли бои на ТВ . Ostmodern работи за телевизиите, па тематски зборувано, ова совршено се совпаѓа.

Swallows and Damsons

Swallows and Damsons е портфолио на компанија за цветни аранжмани. Не сум броел, но се сомневам дека има повеќе од 30 зборови во целата содржина и кориснички интерфејс заедно. И, не гледам дека ова е проблем. Што би имале да кажете за цветните аранжмани?  “Ах… ти се навистина, НАВИСТИНА убави, ве молам купете ги? “

Ова е место каде одлично е искористена идејата дека фотографиите треба да продаваат, а дизајнерот направил тоа да успее.

Studio Rodrigo

Сајтот на Studio Rodrigo е еден од оние кои неверојатно подеднакво добро се прилагодуваат на големи и мали екрани. Ако сакате да научите како да направите малку текст и информации да изгледаат добро на HD екран, погледнете го примерот на овие момци.

Центрираните колони се толку застарени….очигледно.

 

Molamil

Molamil e естетски интересен случај. Комбинира “модерна” типографија со илустрациии и фотографија за да креира дизајн кој е професионален и  многу личен.

Дава чувство дека членовите на агенцијата се паметни и друштвени, а нивната соработка со Generous Store и Pass It On оди во прилог на таа идеја.

James Tupper

Отсекогаш ме фасцинирале луѓе кои оставаат дел од својата личност во дизајнот на страницата. Откако го видов личното портфолио на James Tupper, мислам дека имам некоја идеја како би изгледала соработката со него. И само си посакувам да имав пари, и потреба, за да го направам тоа.

SFCD

SFCD е агенција која специјализира во правење апликации. Наместо да се потпрат на снимка од екранот од  iPhone (тие имаат неколку такви), тие навистина вложиле многу труд во сајтот, и тоа се забележува. Земете ги за пример убавите анимации кои не се издвојуваат претерано од содржината, одличната типографија и беспрекорната работа.

Fable & Co.

Искрено, треба да го погледнете  Fable & Co. само заради типографијата. Не ме разбирајте погрешно, и остатокот од дизајнот е убав, но начинот на кој го дизајнирале текстот ме тера да го читам, само поради тоа што е убав.

Richards Partners

Richards Partners е уште една одлична страница за секој кој сака распореди на полн екран. Подгответе се за повеќе од нив во иднина, бидејќи is Flexbox го олеснува сето тоа.

OrangeYouGlad

OrangeYouGlad е токму онаква светла и весела страница како и што навестува името. Во дизајнот има комбинации од многу одлични илустрации и дигитално боење, а дополнително, распоредот налик хамбургер (оној со три лепчиња, не линии) е навистина инспиративен.

Pat Kay

Портфолиото на Pat Kay е фантастичен пример за начинот на кој може да се направат секции во страницата со висина на екран. Жално е што бара многу скролување, како и многу други распореди од овој вид, но сепак, сé останато е одлично.

Atulesh Kumar

Atulesh Kumar зема нешто што би било стандарден распоред, и со посебно внимание на деталите го прави фантастичен. Едноставно сакате да го гледате, а тоа е квалитет кој често им недостасува на функционалните и корисни страници.

R Style

Нешто во естетиката на овој сајт ме потсетува на некои стари времиња, но на добар начин. Како ова да е она што сакавме, а не знаевме како,  да го постигнеме со распоредите од табели исечени во Photoshop.

Сајтот употребува мноштво нови техники, како анимација на позадина, а сепак го задржува футуристичкиот поглед на постарите правци преку типографијата, изборот на бои и фотографијата на дизајнерот. Она што посебно ме воодушевува е што во него гледам стар сајт направен онака како што требало да се направи.

 

Bakken & Baeck

Веќе и официјално велам дека Monospace фонтовите се вратија во мода, до некој степен. Не дека се жалам, но сепак треба да се работи на него за да изгледа како да не сте се труделе премногу. А, тоа е дел од предизвикот.

На Bakken & Baeck им успева употребувањето на Мonospace фонтовите за текстот во нивното портфолио на стартап компании. Да…Портфолио на компании кои тие ги изградиле или помогнале да се изградат.

Единствена замерка за овој тип на естетика ми е тоа што мислам дека е премногу минималистичка. Мислам, има поле за внес на страницата, но морав да прочитам инструкции за да сфатам каде е.

Fakepaper

Оние убави монохроматски дизајни во мрежа кои се појавија на почетокот од развојот на минимализм на интернет, не се заборавени. Само сега се прилагодливи, и поубави. Fakepaper ја употребува оваа естетика, правејќи ја и убава и употреблива.Бели позадини и црни редови за секого.

Carl Kleiner

Carl Kleiner, за жал, целата своја навигација ја крие позади едно копче, како и некои од другите сајтови на листава. Сепак, она што ми се допаѓа кај него, е неговиот пристап во портфолиото. Една слика во секција, и секоја слика со сопствена боја во позадина. Фактот дека многу од портфолијата не покажуваат големо уметничко уредување, го прави ова портфолио да изгледа како аномалија.

Armad Biteau

Сајтот на Armand Biteau е едноставен, модерен и естетски прифатлив. Има мал проблем на почетокот кога ќе отидете на почетната страница, бидејќи ви треба некоја минута за да сфатите каде е неговото портфолио и да го погледнете. И потоа, не се чувствувате многу бистро, кога ќе сфатите дека ви е директно пред очи.

Сепак, откако ќе успеете да ја разберете оваа неконвенционална навигација на сајтот, ќе видите дека сајтот има многу нешто што треба да се цени на него. Потсетува на научно фантастичен компјутерски интерфејс (или интерфејс на игра), а сепак е елегантен.

This Also

This Also може да ве збуни на почетокот, бидејќи имињата на проектите се ставени директно во главната навигација, и тоа е единствено нешто што не ми се допаѓа. Остатокот од сајтот е чист минимализам инспириран од Google. И сигурен сум кога го велам ова, бидејќи знам дека тие имаат направено неколку проекти токму за тој гигант во технологијата.

We Are Fellows

We Are Fellows навистина сериозно ја сфатиле идејата дека делата треба да се прикажат на почетната страница, па буквално ставиле сé таму. Почетната страница е со многу мали сликички.

Не го препорачувам овој пристап за секого, но во нивниов случај, добивате неверојатна слика. Очигледно е дека имаат многу одлична работа зад себе и истата може да ја погледнете од блиску со едно кликнување.

А сега, вие сте на ред…

Ве предизвикуваме:

  1. да ни испратите линк до вашето онлајн портфолио (долу, во коментар)
  2. да ги поканите вашите пријатели (веб) дизајнери да го сторат истото

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.