СПОДЕЛИ

Ја удирате масата од нервоза? Има грешка што ве нервира и заради која почнувате да го мразите WordPress? WordPress е одлична платформа за блогирање и CMS, но како и секој друг софтвер, не е без недостатоци. Во овој текст ќе ги погледнеме 3-те најчести WordPress грешки и ќе ви обезбедиме решенија за ‘The White Screen of Death’ (белиот екран на смртта), ‘Internal Server Error’ (внатрешна грешка на сервер), и ‘Error Establishing Database Connection’ (грешка при воспоставување на конекција со базата на податоци). Некои од решенијата може да се искористат и кај други пораки за грешка во WordPress. Дури и ако вашиот сајт сé уште не паднал, сево ова може да ви е од корист во иднина…

1) THE WHITE SCREEN OF DEATH

Една од најозлогласените грешки која се сведува на една од следниве три работи:

  • Исцрпена меморија
  • Додаток
  • Тема

Ако екранот се појавува на повеќе различни сајтови кои употребуваат ист хост, тогаш може да сте сигурни дека проблемот е од страна на обезбедувачот на хостинг услугата. Ако не, тогаш проблемот е во вашиот сајт:

Исцрпена меморија

Постигнувањето на лимитот на меморија често е проблемот кој стои позади оваа грешка. За да ја зголемите меморијата, пристапете на wp-config.php датотеката, одете до матичната-root датотека на вашиот сајт употребувајќи FTP клиент на File Manager во вашиот панел за хостирање. Со главниот php таг ќе треба да додадете еден ред код со кој ќе го зголемите ограничувањето на вашата меморија до 64M:

define('WP_MEMORY_LIMIT', '64M');

Можно е да одите и над 64M, но тоа зависи од серверот, па затоа 64M се прифаќа како генерално безбедна количина. Ако ова не ви помогне, или ако веќе имате повисока меморија од 64M, проблемот се сведува на додаток или тема.

Додаток

Ако имате пристап до контролната табла тогаш решавањето на проблемот кој е кај некој додаток е едноставен. Кликнете на ‘Plugins’ и оневозможете го оној кој последен сте го инсталирале. Ако тоа не ви помогне, може да ги деактивирате сите додатоци на сајтот, селектирајќи ги и потоа избирајќи ‘Deactivate’. Ако немате пристап до контролната табла, тогаш алтернативниот начин е да ги тестирате додатоците преку FTP. Ако имате FTP клиент, одете до соодветниот директориум, отворете го ‘wp-content/plugins’, во кој се наоѓаат инсталираните додатоци, и само сменете го името на папката ‘plugins’ во нешто налик на ‘plugins-test’. Истава оваа методологија може да ја употребите и за да го смените името на папките на поединечни додатоци, со што би го тестирале секој додаток засебно, наместо сите одеднаш. Ако сакате одново да ги инсталирате вашите додатоци, само вратете го оригиналното име на папката. Ако грешката била кај додатокот, може да има многу причини за тоа. Најдобриот пристап е да го отстраните додатокот и да најдете друг додаток кој постигнува слични резултати. Обидете се да најдете понова или ажурирана верзија.

Теми

Ако барањето на грешки кај додатоците не ви помогна, за жал, проблемот може да е во темата. Прва работа која треба да ја направите е да направите резерва на папката за теми, а потоа само да ја избришете темата, и WordPress ќе ви инсталира предодредена тема. Ако сте сигурни дека грешката е кај темата, би било добро да погледнете во functions.php датотеката на темата. Најверојатно станува збор за лошо програмирање. Ако немате познавања од областа за да ја поправите грешката, најдобро е да го побарате авторор. Токму заради ова се препорачува да употребувате теми од автор кому му верувате и кој нуди поддршка. Сé уште удирате по работната маса? Има уште еден метод кој може да ви помогне – Enablе Debug mode (Овозможи режим за дебагирање).

Овозможете PHP дебагирање

Ако решението од погоре не ви го реши проблемот, тогаш мора да отидете малку подлабоко. Процесот кој следи подолу може да ви помогне да го идентификувате проблемот, но за да го решите ќе мора да имате стручни познавања и малку понапредни вештини. Прво, отворете ја датотеката wp-config.php. Потоа лоцирајте го следниов ред:

define('WP_DEBUG', false);

Ставете ‘//’ на почетокот. Редот одозгора сега е ставен како коментар. Следно, вметнете го кодот подолу директно под редот од погоре:

define('WP_DEBUG', true);
define('WP_DEBUG_LOG', true);
define('WP_DEBUG_DISPLAY', false);
@ini_set('display_errors',0);

Сега веќе ќе треба да имате познавања од програмирање. Чекорите кои ги превземавте ќе резултираат во грешки кои ќе ви се испратат во датотека под име error.log (истата може да ја најдете во wp-content папката). Ако не можете да ја најдете датотеката, тоа може да значи и дека немате дозвола да ја креирате. Тогаш, само креирајте нова error.log датотека и дадете и дозвола 666. Отворете ја датотеката во уредувач за текст, и побарајте грешки во PHP-то. Ако оваа област не ви е позната, ве советуваме да побарате помош.

2) ВНАТРЕШНА ГРЕШКА НА СЕРВЕРОТ

Ако сте ја добиле пораката за грешка 500 (внатрешна грешка на сервер), тогаш ве чекаат навистина лоши вести. Оваа грешка може да значи еден од многуте различни проблеми. Затоа, направете си пијалок со многу кофеин, земете воздух и почнете да ја барате грешката. Има ли добри вести? Да. Дел од методологијата е иста со претходната секција.

Додаток или тема

Погледнете ги секциите за додаток и тема од претходниот дел. Методологијата на наоѓање и решавање на проблемот е идентична.

Исцрпена меморија

Повторно, овој процес е ист како и во претходната секција.

Лоша .htaccess датотека

Не е до додатоците, ниту некоја од темите? Време е да проверите дали вашата .htaccess датотека е корумпирана. Прво сменете го името на датотеката (повторно додадете само ‘temp’ или нешто слично на крајот). Ако не можете да ја видите датотеката проверете дали опцијата ‘viewing of hidden files’ (приказ на скриени датотеки) ви е овозможена. Начинот на кој може да го постигнете тоа зависи од вашиот FTP клиент, но е едноставен. На пример, во Filezilla, изберете ‘Server’ од врвот и потоа изберете ‘Show hidden files’. Сега, вратете се во администраторската секција на WordPress. Одете до  ‘Settings – Permalinks’, и потоа ресетирајте ги вашите пермалинкови. Со ова генериравте нова верзија на работната датотека, и може да проверите дали проблемот е решен.

Овозможете  PHP дебагирање

И ова е покриено во претходната секција. Само скролувајте нагоре.

3) ERROR ESTABLISHING DATABASE CONNECTION

За оваа грешка може да има неколку причини. Најчесто е серверска грешка, но понекогаш се случува и ако сте ги смениле деталите за регистрација на базата со податоци. Важно е да видите дали оваа грешка ја добивате и на предниот и задниот дел од вашиот веб сајт. Ако ја видите оваа порака за грешка на задниот дел (wp-admin) може да го прескокнете следниов чекор. Меѓутоа, ако видите различна порака за грешка, која меѓу другото вклучува и нешто како…. The database may need to be repaired… (Базата со податоци треба да се поправи), тогаш треба да го направите следново на вашата wp-config.php датотека:

define('WP_ALLOW_REPAIR', true);

Потоа посетете ја оваа страница на вашиот сајт: http://www.examplesite.com/wp-admin/maint/repair.phpТаму ќе може да видите опција за поправка на базата со податоци. Откако ќе го решите проблемот, немојте да заборавите да го тргнете кодот од wp-config.php

WP-Config датотеката

Дали сте ја смениле лозинката на матичната датотека или на базата за податоци? Ако е така, тогаш ќе треба да го смените ова и во вашата wp-config.php датотека. Одете во вашата wp-config.php датотека и проверете дали следниве информации ви се точни.

define('DB_NAME', 'database-name');
define('DB_USER', 'database-username');
define('DB_PASSWORD', 'database-password');
define('DB_HOST', 'localhost');

Важно е да проверите која е вредноста на вашиот DB хост за последниот ред да е точен. Најчесто тоа е  localhost, но сепак проверете. Ако работите со WordPress на локален сервер, тогаш заменувањето на localhost со IP адресата може да го реши проблемот.

Бидете во контакт со вашиот хост

Ако забележите дека грешката се појавува секогаш кога сајтот има поголем сообраќај, тогаш проблемот може да е кај вашиот хостиг сервис. Има методи кои ви дозволуваат да видите дали MySQL серверот одговара на барањата, но и вашиот веб хост би можел истото да ви го каже. Одржувањето на комуникација со веб хостот е добра идеја. Јавете им се.

Дополнителни решенија

Во најголем број на случаи, понудениве решенија ќе го решат проблемот, но секогаш постојат неочекувани проблеми кои би можеле да предизвикаат вакви грешки. Ако се мачите со проблем и покрај овие чекори, би било добро да ја посетите страницата: http://codex.wordpress.org/Common_WordPress_Errors

Со среќа!
Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.