СПОДЕЛИ

Еве уште неколку бесплатни работи кои ќе ви помогнат да останете во тек со светот на дизајнот кој постојано се менува. Овие ресурси сигурно ќе ви помогнат да сте понапред од повеќето кога станува збор за стил и технологија. Подгответе се да ги откриете некои од најдобрите винтиџ елементи, GUI пакети, модели, образци за печатење, фонтови и икони  кои интернетот ви ги нуди во последниве неколку недели.

Не заборавајте да им пишете по некоја реченица на дизајнерите кога ќе ги превземате нивните ресурси од интернет и да им помогнете да се рашири нивната идеја споделувајќи го овој пост со вашите колеги. Уживајте!

ВИНТИЏ ЕЛЕМЕНТИ


Рачно нацртани рустични елементи

Комплет на повеќе винтиџ елементи кои се употребуваат во активности на отворено. Одлични за проекти за патувања и авантури. Достапни во PSD, AI и EPS формати.

1

10 Винтиџ ретро етикети

Совршен сет на класични дизајни за етикети. Како што може да видите во примерот, тие неверојатно добро се мешаат со светли бои и комплексни текстури.

2Рамкастично: Четири пакети со рамки

Одличен сет со четири различни модели на рамки во кои ќе ставите слики, дизајни или друг тип на визуелна работа. Има и одлични слики кои го придружуваат главниот елемент.

3

GUI китови


iOS 8 GUI комплет

Изобилство на елементи за дизајн на интерфејс наменети за iOS 8, последниот мобилен оперативен систем на Apple. Бесплатни за лична и комерцијална употреба.

4

Комплет за рамен кориснички интерфејс за веб PSD

Интересна колекција на веб елементи за вашиот следен проект. Сетот содржи елементи за сите видови на веб страници во многу одредена палета на бои, кои секогаш може да се сменат од оригиналната PSD датотека.

5

Едноставен UI (кориснички интерфејс) – PSD

Мноштво елементи за кориснички интерфејс со многу едноставен изглед. Разбирлива и прифатлива колекција на елементи за вашата следна дизајнерска авантура. Бесплатно достапна PSD датотека која може да ја менувате.

6Алатка за скецирање на шематски приказ за iPhone 6

Да го почнете вашиот дизајн за апликација на соодветнен начин е од огромна важност за успешноста на процесот. Оваа алатка за шематски приказ ќе ви помогне да го постигнете токму тоа.

7

ОБРАЗЦИ И МОДЕЛИ ЗА МОБИЛНИ


Модели за Samsung Galaxy S6

Пар векторски модели во црно бели верзии за последниот модел на смарт телефон на Samsung: Galaxy S6.

8

Бесплатни 14 PSD модели за iPhone

Повеќе од 12 iPhone модели кои одговараат на iPhone 5S и iPhone 6. Идеални за деловно ориентирани прикажувања.

9Ултимативен пакет за мобилни уреди

Неверојатен сет на реалистични мобилни уреди, достапен во SVG, PSD и AI формат. Ги вклучува скоро сите глевни уреди во моментов, па немате изговор зошто да не го посакате овој комплет.

10

Презентација на модели за Apple уреди

Трио на модели за  Apple уреди кои ги претставуваат iPad, iPhone и MacBook Pro. Тие може да се многу корисни за тестирање и го презентираат вашиот дизајн на апликација на различни екрани.

11Apple Watch Frames for Sketch

Забавен пакет на рамки на часовници за Apple кои доаѓаат во формати 38mm и 42mm, назабени и со детални стилови.

12

Рамни модели за смарт часовници

Едноставен модел дизајн за смарт часовник за  Adobe Illustrator, достапен и во EPS и PNG формати.

13

ОБРАЗЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ


Образец за визит картички

Јасни модели за визит картички кои прикажуваат еден елемент над куп од повеќе картички. Дрвената маса дава чувство на елеганција, додека се задржува на минимализам, како и што е замислено.

14Образец за професионално CV

Бесплатен образец за CV кое ќе ве стави пред конкурентите кога аплицирате за некоја работна позиција. Уредувајте го со Аdobe Illustrator.

153 модели на кеси и торби од јута

Многу реалистично трио модели на торби за прикажување на вашите дизајни, независно дали е за компанија, продавница или нешто друго. Достапно во PSD формат.

16

Образец за леток со црна текстура

Внимателно текстуриран образец за леток кој може да го употребувате кога промовирате настани, продавници или други нешта. Зависно од вашите потреби може да го уредувате со InDesign, Illustrator и  Photoshop.

17PSD модели за списание

Супер модели за списание со јасен приказ на 3 страници кој лесно се уредува преку смарт слоевите на Photoshop.

18Сет за брендирање на канцелариски материјал

Компаниите имаат различни елементи во канцелариите за секојдневна употреба и сите тие треба да се соодветно брендирани. Прегледајте ги сите тие дизајни со овој комплетен сет на модели за канцелариски материјал.

19

ИКОНИ


Рамни икони за безбедност

Многу модерен пакет на рамни икони кои ги прикажуваат сите видови на елементи кои се поврзани со безбедноста: камери, вируси, електронска пошта, штитови, итн.

20

Модерен рамен сет со preload икони

Прекрасен сет со 12 рамни preloaders кои ќе го подобрат искуството на корисниците. Тие ви се обезбедени во три различни големини за подобра флексибилност при нивната употреба.

21Gemicon V2.0 Тестер

Мала проба на нешто што ќе стане целосна колекција на икони под името на Gemicon. Превземете го PSD за да прегледате што е она што се подготвува, иако овие икони се скоро подготвени за употреба.

22Sketch 3 векторски икони

Пакет со повеќе од 50 векторски икони обезбедени како векторски форми кои вие може да ги уредувате во Sketch 3. Тие ги прикажуваат најчестите елементи на кориснички интерфејс за музика, време, четување, аларми итн.

23Littlebox

Littlebox обезбедува краток начин да креирате чисти CSS икони, навистина корисни за екрани со висок DPI. Може дури и да ги анимирате иконате за да добиете забавни ефекти.

24Сет со икони за фотографија

Повеќе од 30 икони поврзани со фотографија со едноставен двотонски стил, заедно со долги сенки достапни во AI, EPS и PSD формати за полесно уредување.

25Пакет со рамни икони

Добро организиран пакет со икони за модерен рамен изглед, во најразлични теми како на пр. електроника, пари, патувања итн. Достапни бесплатно во PSD формат.

26

ФОНТОВИ


Maxwell Free

Многу разнолик фонт за врвна дизајнерска работа кој доаѓа во три различни тежини за да одговара на вашите потреби колку што е можно повеќе. Најмногу одговара за наслови и имиња поради заоблените рабови и пријатниот изглед.

 

27Erster Caps

Фонт кој доаѓа само за големи букви. Има индустриски изглед, како да е направен во метал. Доаѓа во два различни стила: регуларен и задебелен.

28Arkhip

Интензивен руски фонт со неверојатни заоблувања насекаде, совршен за наслови и големи букви. Бесплатно може целосно да се превземе и употребува.

29Nordic

Инспириран од античките норвешки руни, овој фонт овозможува мистичен изглед на вашите наслови и имиња.

 

30

Simply Rounded

Сладок, заоблен фонт дизајниран за лесно да се чита искористувајќи едноставни форми кои секој корисник може да ги разбере.

31Nickainley

Убав ракописен фонт со старинска нишка, погоден за свадбени картички, етикети, беџови, итн.32

Fabiolo

Fabiolo е убав sans serif фонт кој нуди субтилен и елегантен изглед, соодветен за многу видови на дизајн.33

Tauri

Нежен sans serif фонт, идеален за средно големи и мали величини кај буквите. Тој се ужива пополека, прикажувајќи ги своите квалитети малку по малку во текот на неговата употреба.34

 

ОБРАЗЦИ ЗА ВЕБ


Образец за iPress PSD списанија и блог

Комплетен образец за веб страница во РSD формат наменет за списанија и блогови. Се карактеризира со остар, модерен, рамен дизајн и содржи импресивна разноликост на елементи со кои може да го постигнете токму изгледот и функционалноста кои ги посакувате.35

 

UpCloud образци за хостирање

Пар концепти за хостирање на веб страница на компанија кој доаѓа и во темна и во светла верзија. Се карактеризира со претежно рамен изглед со светли детали во јаки бои.36

 

РSD тема на хонорарен фотограф

Креирајте веб страница ориентирана претежно кон слики со помош на овој неверојатен образец во PSD  создаден од Кике Ескаланте.37

 

Shoebas образец за веб страница

Интересен концепт за online продавница за чевли, иако може да се адаптира за секаков вид на проекти. Се карактеризира со супер чист изглед  и дава модерна нота.38

 

ДРУГО


 

Low Poly Пакет за Позадини

Шарен пакет со геометриски слики кои прикажуваат пејзажи, животни, познати места и други теми.39

Пакет за ефекти на текст

Модерен сет со повеќе 3D ефекти за текст кои навистина ги истакнуваат важните делови од вашиот дизајн. Достапно за употреба во Photoshop.40


Патем, кога сте веќе тука…

ако сте искусен дизајнер, а сакате луѓето да ве доживеат како вистински другар, покажете им дека се грижите за нив – споделете го со нив овој пост! Така ќе им помогнете на нив а и на нас 😉

ако сте почетник кој штотуку открил дека веб дизајн или програмирање е област во која би сакале да градите кариера, погледнете ги задолжително студиските програми на нашата академија. На неа можете да студирате на далечина, дури и паралелно со традиционалните студии. Ќе учите во време и со динамика која вие сами ќе си ја определите. Ќе учите работејќи на интересни и мотивирачки проекти а ќе имате и свои ментор/и кои ќе ви даваат поддршка и совети. Студиите ќе ги завршите целосно оспособени за работата која ја посакувате а освен диплома ќе имате и свое дигитално портфолио составено од трудови кои вие сте ги изработиле. Потоа, ќе ви помогнеме да најдете работа кај некој од нашите партнери.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.