СПОДЕЛИ

Дизајнирањето на интеракција никогаш не било лесно. Тоа во себе вклучува длабока анализа и точно планирање. Со појавувањето на новите технологии и модели на дизајн за интеракција работите не стануваат полесни.

Корисниците се потешко се импресионираат од сјајни слики, глатки ефекти на поминување со глувчето врз линковите и неочекувани анимации. Дилемата останува иста- како може да креирате убаво корисничко искуство кое покрај конверзации генерира и насмевки? Доколку сте свесни за најчестите замки, поретко ќе запагате во нив. За да ви олеснам – и за да ви дадам до знаење дека не сте сами – еве краток преглед на најчестите грешки во дизајнот на интеракција.

1. Премногу иновативно

Ние веб дизајнерите сме многу креативни. Ние сакаме да се изразиме преку нашата работа. Секогаш бараме иновативни начини за да направиме нашите дизајни да се издвојуваат од остатокот. Меѓутоа, кога станува збор за дизајнот за интеракција (IxD), иновативниот пристап не секогаш значи добро завршена работа, па дури и лошо да влијае на вашата страница. Корисниците имаат потреба од нешто што им е познато и многу често очекуваат одреден вид на работа.

Ренди Ј. Хант, креативниот директор на Етси и авторот на Product Design for the Web, јасно истакнува: “Дизајнери: престанете да се обидувате да бидете паметни..” Во овој текст тој во детали ви објаснува зошто не треба да претерувате со иновации при дизајнирањето за на интернет.

Земете ја веб страницата на Iotorama за пример. Таа изгледа убаво, музиката е како за душа, но сите оние топки кои се движат прават корисникот да се прашува што треба да направи. Не сфаќајте ме погрешно, проектот е фантастичен и многу креатиен! Ми се допадна идејата која потсетува на апликација за игри, но страницата не е ни малку интуитивна.

1Еве уште еден пример. Момците зад проектот Safety on the Slopes смислиле многу интерактивна веб графика која ги информира корисниците за опасностите од зимските спортови. Иновативна е, но истовремено и интуитивна и забавна.

2

2. Навигација која збунува

Правилото “не се прави многу паметен” се однесува и на навигацијата исто така. Некои дизајнери се обидуваат да бидат оригинални експериментирајќи со екликтични имиња на страниците. На пример, веб страницата на Chijoff прави корисниците да не знаат каква услуга нудат и како да ги ангажираат. Ќе ви треба малку повеќе прелистување за да сфатите дека страницата “Co-Create” е предвидено да е еквивалент за “Services”. Па дури и тогаш, откако ќе ја прочитате целата страница, сеуште нема да сте сигурни што треба да направите. На дното на страницата, има мал формулар кој треба да го пополните за најновите вести и совети од индустријата! Нема форма за пополнување ниту на страницата за контакт, само поштенска и електронска адреса. Тие навистина не им ја олеснуваат работата на луѓето кои сакаат да стапат во контакт со нив или пак да ги ангажираат.

3Дали може да претпоставите за што е “Universe” на страницата на Maison Margiela? Тоа е всушност линк до нивната Facebook страница. Кој би помислил?

5Наспроти овие, погледнете ја веб страницата на legworkstudiо. Таа е изненадувачи креативна и необична, но навигацијата е јасна и недвосмислена. Нема никакви шанси корисникот да се изгуби!

3. Пренатрупаност

Во минатото веб страниците се обидуваа да стават што е можно повеќе содржина во видното поле на екранот. Но тоа време е поминато. Сепак, многу веб страници сеуште ја прават истата грешка. Погледнете ја оваа online продавница:

6

Дизајнерот се обидел да се задржи до едноставна шема на бои, но големиот број на полиња, логоа и фонтови во различни бои го ставаат корисникот на мака. Полето за пребарување има атрактивен текст “So, what are you wishing for today?” (Што посакувате денес?), но цевкупниот впечаток и чувство се застарени.

EBay е еден од најголемите online продавачи и на неговата страница е онака како што треба. Наместо да ја натрупа страницата со слики од продукти, промоции и повеке повици за акција,еBay има чиста и едноставна страница на која е отенцирано само она кое тие сакаат да е првото нешто што ќе го види корисникот, со јасни инструкции што треба тој да направи следно.

7

4. Контраст момци!

Контрастот е едно од најважните средства за воспоставување на визуелна хиерархија и привлекување на вниманието на корисниците кон одредени елементи. Во веб дизајнот, контрастот не подразбира само употреба на бои, туку и големина, форма и позиционирање.

Наједноставен пример е овој. Момците успеале во конзистентноста, но општиот впечаток на позадината и копчињата не е атрактивен кога станува збор за правење редослед.

8Споредете го со овој. Изборот на бои е многу сличен, но резултатот е радикално поинаков. Дополнително, креативниот ефект на скролување суптилно ја претставува новата карактеристика на продуктот-карактеристичниот материјал. Интересно, нели?

9

5. Запоставување на дизајнот на формите

Дизајнот на формите е еден од најфундаменталните делови на корисничкото искуство. Секоја веб страница има цел, независно дали тоа е да генерира понуди, да продава продукти или да обезбедува информации. За жал, има многу веб сајтови со преубави почетни страници кои им досадуваат на корисниците со долги форми и комплицирани CAPTCHA. Освен ако корисникот нема претходна силна мотивација, голема е веројатноста токму поради ова да го напушти сајтот.

Со ефикасни решенија како JCF, време е да заборавиме на грдите елементи на формите и да се упатиме кон попријатно корисничко искуство.

10Уште една од работите кои иритираат е кога формата бара многу податоци и не е добро истестирана. На пример, sketchybusiness.io формата ги селектира сите празни полиња, дури и кога не се задолжителни.

11Доколку погледнете на mostlyserious.io формата, дефинитивно ќе ви се допадне, а особено белешката ,,Don’t be shy” (Не срамете се) додава слатка и хумористична нота на целото искуство.

12

На крајот…

Немојте да сте мрзливи и да не тестирате! Она што ви е вам важно може да се разликува од она што им е важно на клиентите. Каде се соочуваат со проблеми и заглавуваат? Дали тоа е навигацијата, модерните ефекти на паралакса или видеото кое предолго се вчитува? Една од најголемите користи на тестирањето е што може да се ставите на местото на корисникот, да се фокусирате на неговите потреби и да правите подобрувања. Немојте да се обидувате да си ја ограничите креативноста! Сепак, имајте на ум дека посетителите на страницата може да се збунат и да се изнервираат.

Ако сте веќе дизајнер, или пак сакате тоа да станете, погледнете го нашиот курс Дизајн на интеракции. Дизајнот на интеракција се фокусира на креирање интерфејси, системи и уреди кои се вртат околу корисничкото искуство. Во овој курс ќе ви покажеме како да дизајнирате интеракции за секој дигитален медиум. Курсот го истражува процесот на дизајнирање интеракција, објаснува како работат дизајнерите на интеракција и во детали зборува за принципите на дизајнот на интеракција: конзистентност, можност да се научи, видливост, предвидливост и повратна информација. Исто така се воведуваат и основните психолошки концепти и улогите на контекстот, мотивацијата и перцепцијата во дизајнот. Курсот ќе ви ги покаже најдобрите практики и како да дизајнирате за мотивација и однесување и да им обезбедите повратна информација на посетителите.

Во вториот дел од курсот, со наслов Применет дизајн на интеракции, ќе ви покажеме како да го подобрите дизајнот на интеракција за да произведете подобро корисничко искуство на веб. Во курсот ќе ги поделиме компонентите на еден веб сајт, почнувајќи од неговата почетна страница, и одејќи низ страниците со категории, содржина, па завршувајќи со процесот на пазарење и плаќање. Ќе ви покажеме како сценаријата за типичен корисник може да се употребат за да се идентификуваат можностите за подобрување на искуството. Ќе научите како да ја подобрите навигацијата, да соберете повратни информации по интеракцијата, да работите со слоевите со содржина, и да додадете опции како бесконечно скролување, модални прозорци кои се собираат и динамичка содржина. На крајот ќе го споредиме оригиналниот веб сајт со неговата подобрена верзија, за да разбереме како техниките кои сме ги употребиле го прават веб сајтот поинтересен и поефикасен.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.