СПОДЕЛИ

Кои опции ги имате, доколку вашиот сон е да најдете профитабилна работа која ве исполнува, без да мора да ги жртвувате времето и енергијата кои треба да им ги посветите на вашето семејство и приватен живот?

Рамнотежата помеѓу работата и животот не е проблем само на жените. Татковците, старателите и луѓето во било каков тип на врска, мора да се справат со проблемот на давање приоритет на семејството без тоа да предизвика уназадување во кариерата.

Можеби е невозможно да најдете совршена рамнотежа, но според анкетата на FlexJobs, 92% од родителите мислат дека може да бидат добри работници И добри родители.

Суштината е само да сфатите кои услови ќе ви го овозможат тоа.

Еве што сакам да кажам. Можеби не може да работите во стандардно работно време од 09.00 до 17.00 и да го обликувате вашиот приватен живот на начинот на кој сакате. Потребно ви е да работите нешто што ви значи, по распоред кој вам ви одговара.

Ви треба флексибилна работа! А, флексибилна работа може да подразбира: работа на далечина, работа со скратено работно време, работа со флексибилен распоред, хонорарна работа, па дури и работа со можност за подолго породилно боледување. FlexJobs откри дека најмотивирачките фактори кои ги тераат родителите да бараат работа на далечина се:

  • Фамилијарни обврски  (52 проценти)
  • Рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот (74 проценти), поврзана со здравје/вежби
  • Заштеда на време и трошоци, и намалување на стресот од патување до работа.

Анкета: Дали вработените родители може да се добри работници, но и добри родители во исто време?

Постојат многу различни модели на флексибилни работни ситуации кои може да ви помогнат да си ги постигнете целите.

“Повеќето родители сакаат да работат од дома, но постојат и други видови на флексибилно работење”

  • Телекомуницирање – цело работно време (79%)
  • Алтернативни или флексибилни распореди (47%)
  • Телекомуницирање – во дел од времето (44%)
  • Распореди со скратено работно време (45%)
  • Позиции за хонорарци (39%)

Анкета: Дали вработените родители може да се добри работници, но и добри родители во исто време?

Идејата е да откриете која флексибилна работна ситуација ви одговара вам.

Кои се добрите вести? Ако имате вредни технички вештини тогаш имате и многу можности за флексибилна работа. Тука не станува збор само за многуте традиционални работни места (како веб програмер, на пример), туку реално, на пазарот на труд за флексибилни работни места СЕКОЕ работно место бара познавање од некаков вид на ИТ вештини, како на пример да можете да работите во исклучиво дигитална работна околина.

Независно дали барате да кодирате Ruby апликации додека вашето бебе спие или да работите на непрофитен маркетинг план само 3 дена во неделата, за вас постои флексибилна работа која ви е на располагање во овој момент.

Разгледајте ги огласите и работните позиции подолу и откријте која индустрија е за вас, а потоа аплицирајте! Зошто да чекате?

1. Happiness Engineer

2. Senior UI and JavaScript Frontend Engineer

3. Product Designer

4. Quality Assurance Engineer

5. Web Applications Developer – Drupal

6. Mobile Web Developer

7. Visual Designer

8. Web and WordPress Developer

9. DevOps Engineer

10. Ruby on Rails Developer

11. Node.js Developer

12. Lead UI Designer

13. Senior JavaScript Engineer (Angular JS)

14. Front end designer

15. Senior Android Mobile Developer

16. PHP Developer

17. Senior UX Designer – SaaS – eCommerce Consulting

18. PHP or Magento Developer

19. Front End Developer

20. Back-End Services Engineer

21. Marketing Designer

22. PHP – JavaScript Engineer

23. Content Marketing Manager

24. iOS Developer

25. Senior UX Designer

Дали сега сте инспирирани, но малку исплашени од процесот кој претходи на добивањето на една од овие флексибилни позиции? Тогаш, преземете го нашиот БЕСПЛАТЕН работен лист кој ќе ви помогне да се подготвите за интервју за работа на далечина. 

Во него ќе ги поминеме 18-те најчесто прашувани прашања (од вистински тимови на далечина!) кои сигурно ќе ги чуете на интервјуто за било која од наведените работни позиции во овој пост.

преземи

Заклучок

Една изрека вели: “Работа има за секој кој сака да ја најде.“ Тоа, во случајот со ИТ индустријата (и не само таа), е повеќе од точна. Ако од секогаш сте сонувале за добро платена работа, сега имате можност да ја најдете повеќе од било кога. Но, главното прашање е: дали го имате тоа што е потребно за да ја добиете? Ако го имате потребното знаење и искуство, аплицирајте веднаш. Во спротивно, проучете што е тоа што се бара и стекнете го. И, се разбира, погледнете ги студиските програми со кои можеме да ве подготвиме за некои од гореспоменатите позиции.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.