СПОДЕЛИ

Напливот на нови апликации, работни рамки, ресурси за дизајн, ресурси за мобилни уреди, итн. не стивнува и многу е тешко тоа да се следи кога имате проект со краток рок. Во овој текст ви презентираме листа на 70 ресурси кои ги разгледавме за вас.

Речиси сé на оваа листа е бесплатно, а она што се наплатува има навистина ниска цена во однос на високиот квалитет кој го нуди. Овие ресурси се одлични за секој дизајнер, независно дали е почетник или стручњак во областа.

Cactus

cactusCactus е брз и бесплатен генератор за статички веб сајтови за Mac. Само изберете образец на страница (портфолио, блог или едностран веб сајт) за да започнете, и потоа фокусирајте се на уредувањето со преглед во живо.

Evil Icons

eviliconsEvil Icons е сет на open source SVG икони и бројачи на вчитување, кои се чисти и едноставни. Сетовите доаѓаат со код за поддршка на Rails, Sinatra, Node.js, Gulp, и Grunt.

UI Tiles

uitilesUI Tiles е систем за креирање на мапи на сајтови и визуелни дијаграми на тек, за веб проекти, со вклучени 72 екрана. Лесен и елегантен дизајн, кој лесно се употребува и се прилагодува според вашите потреби.

Skeleton

skeletonSkeleton е едноставен, прилагодлив шаблон на околу 400 реда код. Лесно може да почнете со него. Нема потреба од инсталација или компајлирање.

Material Palette

materialpaletteMaterial Palette е генератор на палета за материјален дизајн. Тој се употребува многу лесно, само треба изберете 2 бои и ќе добиете палета од 8 бои која може да ја превземете од интернет.

AndroidLibs

androidlibAndroidLibs е колекција на библиотеки за развој на Android апликации. Библиотеките се сортирани по категорија, а имате и можност да пребарувате за да го најдете она што ви е потребно.

Isso

issoIsso е сервер за коментари сличен на Disqus. Коментарите може да се напишани во Markdown, и може да импортирате коментари од Disqus и WordPress, и тоа бесплатно.

Campfires.io

campfiresCampfires.io е колекција на интервјуа со вашите омилени дизајнери. Тие споделуваат детали, совети и приказни кои ви помагаат да учите од нивното искуство.

Underdog

underdogБарате работа кај водечка стартап компанија? Underdog ви дозволува да аплицирате кај водечките стартапи во Њујорк, Сан Франциско, и сите оние кои работат на далечина, за само 60 секунди.

AppVirality

appviralityAppVirality е комплет со алатки за хакирање на раст за мобилни апликации. Само внесете ја вашата App Play Store URL и започнете.

agileAgile Domain Search е моќен механизам за пребарување на име на домен. Треба само да внесете збор и тој ќе ви врати листа со сите можни имиња на домен кои го вклучуваат тој збор.

Transformicons

transformiconsTransformicons е сет на анимирани икони кои се трансформираат. Има икони за менија, мрежи, додади/отстрани икони, вчитувачи и многу други.

Specfox

specfoxSpecfox ви го олеснува креирањето спецификации за веб сајт. Може да закачите екрани, да додадете белешки и да генерирате PDF датотеки, кои потоа може да ги споделувате со вашиот тим за развој.

Practice

practicePractice им дозволува на front-end развивачите да ги вежбаат своите вештини, добивајќи креативна инспирација и повремени предлози. Може да добиете и случаен предизвик, на пр. да вклучите Dribbble или да решите случаен Github проблем.

NativeScript

nativescriptNativeScript ви дозволува да употребувате JavaScript за да изградите апликации за  iOS, Android, и Windows од една база со код.

Cuckuu

cuckuuCuckuu ви овозможува да го претворите вашиот аларм и распоред во социјална игра. Може да употребувате зборови, слики и видеа за алармите да ви станат попривлечни, а дополнително, добивате поени секогаш кога побрзо ќе успеете да го исклучите ѕвонењето.

Women Who Startup

womenstartupThe Women Who Startup претставува, поврзува и охрабрува жени основачи, жени кои  програмираат, жени кои се менаџери и жени во ИТ. Партнери во одржувањето на сајтот се Lizelle van Vuuren, основач и CEO на Effectively and Women Who Startup, и G. Krista Morgan, коосновач и CEO на P2Binvestor.

Stripe Connect

connectStripe Connect е нова понуда од Stripe за места за продажба и платформи кои нудат услуги со плаќање. Нуди плаќања од повеќе странки, целосна контрола и целосно е скалабилен за уплати до милијарда долари годишно.

Brick by Brick

brickbybrickBrick by Brick е бесплатно напатствие за градење заедници. Вклучува информации за публика, ангажман, електронска пошта, промоција, контрола, рециклирање, вредност и глас.

#Launch

launch#Launch е заедница од дизајнери, креатори, развивачи и бизнисмени, основана во 2006, и одново активирана во 2015. Почна како тајна заедница со 20 членови, меѓу кои  основачите на 5 Y-Combinator, еден од Thiel Асоцијацијата, и уште неколку, а сега веќе може да се зачлени секој.

Funnel

funnelFunnel ви овозможува да креирате контакт форми, да следите зделки, да праќате предлози, да следите клиенти итн. а работи со Gmail.

Trianglify Generator

trianglifyTrianglify Generator ви дозволува да креирате прилагодени слики врз основа на триаголници и прелевања на бои. Може да ја прилагодите висината и ширината на конечната слика, да ја прилагодите варијацијата во формите на триаголникот, големината на ќелиите и палетата со бои.

Beagle

beagleBeagle е алатка за креирање подобри предлози која ви дозволува да импортирате содржина, како основа на постоечките предлози. Има алатки за соработка и ви овозможува на клиентот да му испратите предлог со прилагодено пропратно писмо.

Ways We Work

ways

Ways We Work прави интервјуа со многу основачи и креативни работници за начинот на нивната работа. Интервјуата вклучуваат прашања за алатките кои ги употребуваат, начинот на кој се справуваат со електронската пошта, итн.

Visual Studio Code

codeVisual Studio Code е бесплатна апликација за градење и дебагирање модерни веб апликации и апликации во облак. Работи на Linux, Mac OSX, и Windows.

AppLandr

applandrAppLandr го олеснува креирањето страници на пристигнување за iOS и Android апликации. Се фокусира на маркетинг, ви заштедува време и ви нуди 24/7 часовна поддршка.

Invoice.to

invoiceInvoice.to е неверојатно брз и едноставен начин на поставување и испраќање фактури. Може да се поврзете со Stripe за брзи уплати, и потоа да ги испратите, или испечатите вашите фактури.

Custom vs. Template

customОвој прашалник ви помага да одлучите дали да креирате сопствен дизајн за веб сајт, или да употребите образец. Проверете ги вашите барања, за да ви каже која опција вам ви одговара најмногу.

Makerbook

makerbookMakerbook е директориум кој е составен од неколку од најдобрите бесплатни ресурси за дизајнери и други креативци. Има категории за фотографија, модели, фонтови, текстури, видео, аудио и повеќе.

Great Email Copy

emailcopyGreat Email Copy е Tumblr блог кој собира одлични електронски пораки ширум веб-от. Може да филтрирате по тип на ознака, а дури и ви покажува зошто секоја од пораките е вклучена во блогот.

DeployBot

deploybotDeployBot е едноставна апликација за поставување код. Поставувањето може да го активирате рачно или автоматски.

IconStore

iconstoreIconStore нуди бесплатен пакет со икони од најдобрите дизајнери во светот. Имате на располагање повеќе од десет сетови.

Teachery

teacheryTeachery ви овозможува да креирате и продавате курсеви на интернет, без да мора да имате вештини во дизајн или развој. Само треба да се пријавите, да креирате курс, да додадете часови и лекции, да нанесете стил, да креирате страница за нарачки и може да почнете да продавате.

Foundry

foundryFoundry е колекција векторски елементи за дизајнирање  мобилни апликации и други интерактивни дизајни. Вклучува многу слики, од рамки за прелистувачи до секојдневни објекти, кои може да ги превземете на вашиот компјутер.

Lrn

lrnLrn ви помага да научите да програмирате според вашите потреби, директно на вашиот паметен телефон. Во процесот на учење вклучува забавни, интерактивни мини квизови.

Prototyp

prototypPrototyp ви овозможува брзо и лесно да направите интерактивни прототипи. Изграден е на Framer.js.

BlackStock

blackstockBlackStock нуди бесплатни колекции на готови слики за на веб кои се фокусираат на културата и автентичноста на црната популација. Нудат слики за веб проекти и за печатње, а сите слики се ослободени од плаќање за авторски права.

The Working Lunch

workinglunchThe Working Lunch е дневна колекција на корисна содржина за бизниси во зачеток и развој. Наменет е за да го читате или гледате во вашата пауза за ручек.

NoDesk

nodeskNoDesk нуди колекција од ресурси за дигитални номади. Ако вашата работа не е зависна од локација, NoDesk сигурно ќе има некои корисни алатки за вас.

Rucksack

rucksackRucksack е колекција на CSS опции, како прилагодлива типографија и групи својства, изградена на PostCSS. Модуларна е и многу брза.

Frontify Style Guide

frontifyFrontify Style Guide ви овозможува да креирате бесплатни помошни линии за стил на брз и едноставен начин. Може да вклучувате логоа, слики, палети со бои, типографија и друго.

Bonsai

bonsaiBonsai нуди бесплатни и сигурни договори. Вклучува едноставен е-потпис и интегриран, загарантиран депозит при трансакции.

Color Hunt

colorhuntColor Hunt секој ден ви нуди убави палети со боја. Може да ги погледнете најпопуларните палети или да предложите сопствена.

GMass

gmassGMass е систем за електронска пошта за Gmail. Помеѓу многуте опции кои ви се на располагање може да креирате брзи листи на приматели, да отворате следење, и да персонализирате врз основа на имиња или адреси.

The Freelancer Podcast

freelancerThe Freelancer Podcast е краток, неделен поткаст за дизајнери, развивачи и писатели. Хостиран е од Paul Jarvis од Creative Class.

Webflow

webflowWebflow е првиот во свет, визуелен CMS за креирање на прилагодени, динамички вебсајтови. Лесно може да ја структурирате вашата содржина, да креирате прилагодени дизајни, да уредувате директно на страницата и повеќе.

Vectr

vectr

Vectr е бесплатна апликација за дизајнирање за веб и печатење. Може да превземете десктоп верзија или да го употребите директно во вашиот прелистувач.

Primer

primerPrimer е бесплатна апликација која нуди часови за маркетинг од Google. Секоја недела додава нови теми, и употребува практичен пристап кон учењето.

Growth Hacking Experiments Template

hackingОвој образец на Growth Hacking Experiments  ви дозволува да ги пробате стратегиите за хакирање на раст кои се рафинираат кај повеќе од 1200 стартап компании. Сé се дели на процес во чекори, за да може лесно да го употребите.

Workmanship Manual

workmanshipWorkmanship Manual ви дава упатство за пишување на front-end код кој е сигурен и лесен за одржување. Вклучува напатствија за  HTML, CSS, и др.

Blend

blendBlend ви овозможува да изберете од стандардните палети на боја (Flat UI, Material Design, итн.) и да креирате CSS прелевање. Лесно се употребува бидејќи ви дозволува  едноставно да го превземете кодот кој е потребен за во вашите проекти.

WP Email Delivery

wpemailWP Email Delivery е управувана испорака на електронска пошта за WordPress. Работи со секој додаток кој испраќа преку WP-mail.

Fundamental UI Design

uidesignFundamental UI Design е бесплатен курс преку електронска пошта во кој се обработуваат клучните теми на дизајнот на кориснички интерфејс.

Landing.Jobs

landingjobsLanding.Jobs ви помага да најдете одлична работа преку селектирани понуди. Овде не станува збор за случајна листа на отворени работни позиции.

Seeby

seebySeeby е маркетинг асистент за стартап компании. Ви помага да најдете иницијативи, содржини кои се релевантни за твит, проверување на содржината и коригирање на текстовите од електронската пошта. Нуди многу маркетинг задачи со кои стартап компаниите потешко се справуваат.

Azendoo

azendooAzendoo е календар кој ви дозволува да ги организирате, визуелизирате и да работите со задачите на вашиот тим. Интегрира различни апликации, тука вклучувајќи ги и Salesforce, HubSpot, MailChimp, GitHub, и др.

BatchedInbox

batchedinboxBatchedInbox ви овозможува да закажувате испорачување на електронска пошта во Gmail. Ви заштедува време така што може да ги закажувате електронските пораки согласно вашиот работен тек, и да му ставите крај на вознемирувањето од електронски пошти кои пристигнуваат во неограничени и неорганизирани интервали.

Avalanche

avalancheAvalanche е јасен CSS систем на мрежа базиран на Sass. Моќен е, и прилагодлив, со реални точки на прекин и флексибилна конвенција за именување.

Flexbox Froggy

froggyFlexbox Froggy е одличен, забавен начин за учење на својставата на CSS Flexbox. Се состои од 24 часа, кои имаат градација на комплексност.

Besom

besomBesom е  фонт со големи букви и основна интерпункција кој изгледа како да е рачно обоен со четка. Одличен е за употреба на екран.

Moon

moonMoon е едноставен, заоблен фонт кој доаѓа со две дебелини на контурите на буквите: лесна и задебелена. Бесплатен е за лична употреба, а ако сакате да го употребувате за комерцијални цели имате на располагање можност да си уплатите за дозвола за комерцијална употреба на фонтот.

White Pine

whitepineWhite Pine е блок serif фонт кој изгледа како да е рачно напишан.

Hamster

hamsterHamster е бесплатен курзивен фонт, инспириран од традиционални потписи на уметнички слики и букви напишани со четка.

Didactic

didacticDidactic е практичен serif фонт со полн сет на карактери и уникатен стил.

Royals

royalsRoyals комбинира класична форма со моделрни детали за да креира фонт за приказ на големи букви во два стила, и двата со закосени букви.

Palitoon

palitoonPalitoon е фонт со приказ на стил на четка, кој е одличен за проекти ориентирани кон помладата популација.

Stellar

stellarStellar е sans serif фонт за лична употреба кој доаѓа со четири различни дебелини на контурите на буквите.

Madyson

madysonMadyson е sans serif фонт инспириран од архитектура. Бесплатен е за лична употреба.

Ansley Display

ansleyAnsley Display е бесплатен блок serif фонт со ретро изглед. Дизајниран е за наслови и големи букви.

Cormorant

cormorantCormorant е serif фонт инспириран од Garamond. Cormorant е наменет за потреби од поголем фонт, наспроти Garamond кој изгледа грубо и нерафинирано.

Logoista Bold

logoistaLogoista Bold е фонт во развој. Има рачно нацртан изглед како од стрипови.

извор: webdesignerdepot

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.