СПОДЕЛИ

Има многу елементи во веб дизајнот кои го бараат вашето целосно внимание, а фонтот е еден од нив. Тој има многу важна улога на веб страницата, иако ние често знаеме да не го ставиме на приоритетна листа. Употребата на погрешен фонт или многу ситни букви остава лош впечаток кај читателите, па затоа, јас составив листа од 9 WordPress додатоци кои ќе ви овозможат да направите многу работи со фонтот, како на пр. да ја смените бојата, големината, изгледот. Згора на сѐ, овие додатоци ќе ви помогнат полесно да работите со фонтовите, да ги прикажете и потенцирате, да направите цитати извлечени од содржината и инстант твитови, да оневозможите автоматско форматирање итн.

1. Use Any Font

Со овој додаток може да го употребите буквално било кој фонт кој го имате (во TTF, OTF, EOT, WOFF, SVG, dfont формати) па не мора да зависите од вградените услуги за фонт кои најчесто доаѓаат со ограничен број на фонтови. Само прикачете го фонтот на вашиот WordPress и употребувајте го.

use-any-font

2. Font-resizer

Font-resizer ќе им даде можност на вашите посетители да ја менуваат големината на фонтот на вашата веб страница. Употребува jQuery за да ги зачува параметрите во колаче, што би значело дека големината на фонтот ќе биде иста кога тој посетител повторно ќе се врати на страницата.

font-resizer

3. Typekit for WordPress

Овој додаток ви овозможува да ја интегрирате Typekit фонт услугата во вашата страница за многу кратко веме. Само изберете од многуте фонтови кои ги имате на располагање на Typekit и употребете го на вашата страница со посебна дозвола и пристап.

typekit-for-wordpress

4. Google Typography

Има неколку стотици Google фонтови кои можете добро да ги искористите преку Google Typography. Што е најважно, не мора да напишете дури ниту еден ред код за да ги искористите фонтовите во овој додаток. Само додадете ги фонтовите кои сакате да ги употребите, па прилагодете ги во Appearance > Typography settings page, а потоа аплицирајте ги со HTML таг или преку CSS селектор.

google-typography

5. Font Squirrel (неофицијален)

Font Squirrel е еден од најдобрите ресурси кој нуди бесплатни, високо квалитетни фонтови за комерцијална и лична употреба. Овој додаток ви дозволува да го изберете било кој фонт од страницата, да го превземете и потоа да го употребите на вашата веб страница.

font-squirrel

6. Simple Pull Quote

Pull quotes помага да се разложат големите текстови за читателите да не мора да работат во TL;DR мод и целосно да го скокнат вашиот пост. Simple Pull Quote ви овозможува брзо и лесно да внесете цитати извлечени од текст во постовите на вашиот блог. Во основа треба само да кликнете на копчето – pull quote (извлечи цитат). Може да ги менувате фонтовите, боите и позадината на секој извлечен цитат во CSS датотеката на темата.

simple-pull-quotes

7. Initial Letter

initial-letterПокрај оставање празно место со табулатот за да се почне нов пасус, може да додадете и поголем фонт на првата буква од првиот пасус за секој од вашите постови. Првично, вакво нешто се употребувало кај големи книги и весници, но со овој додаток истото може да го направите и кај интернет списанијата.

8. Styles

Додатокот Styles ви дозволува да направите поголеми прилагодувања буквално на се што може типографски да се прилагоди на вашата страница. Може да менувате фонтови, бои и големини за да ја подобрите типографијата на вашата WordPress страница.

styles

9. PS Disable Auto Formatting

Доколку не ви се допаѓа автоматското форматирање во WordPress, набавете си го овој додаток. Тој го стопира автоматското форматирање и отстранување на HTML тагот во HTML мод на WordPress и генерира природен пасус и ред. Накратко, ви помага да го модифицирате HTML изворот генериран од визуелниот уредувач.

ps-disable-formatting


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.

 

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.