СПОДЕЛИ

Сакате да развивате апликации во Android? Потребно ви е Android Studio—единствениот IDE кој е целосно поддржан од Google за развој на Android апликации. Овој курс е целосно коригирана верзија за најосновните карактеристики и опции на последната измена на Android Studio (верзија2.0) и важните ресурси како Java Development Kit и Intel HAXM. Во курсот ќе ве запознаеме со интерфејсот на Android Studio, ќе ви помогнеме да ја прилагодите околината и ќе ви обезбедиме кратенки за пишување и дебагирање на кодот. Ќе можете да научите како да ги мониторирате CPU и искористеноста на меморијата, да употребувате образци, точки на прекин, и исклучоци, и да додавате контрола на верзии интегрирајќи го Android Studio со GitHub.

Теми:

  • Инсталирање Android Studio на Mac и Windows
  • Креирање Android Studio проекти
  • Прилагодување околина на развој, вклучувајќи ги HAXM и новиот емулатор на Android Импортирање на постоечкиот код во проекти на Android Studio
  • Истражување на интерфејсот, и прозорците на уредувач и проект
  • Управување со елемнтите кои го градат проектот и зависностите
  • Креирање нови Java класи
  • Преработување на кодот
  • Употреба на образци
  • Употреба на точки на прекин и изрази за надзор
  • Ажурирање на апликации со Instant Run
  • Употреба на Git за конторла на верзии

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • почетници, заинтересирани за учење на Java програмскиот јазик
  • програмери и девелопери кои сакаат да градат софтвер и системи во Java
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување основни предзнаења за програмирање.

Практичен дел

За овој курс не се предвидени посебни практични задачи.

Сертификат

За овој курс не е предвидено стекнување сертификат за успешно завршен курс.

Формат на курсот

Курсот се следи на далечина, со пристап кон снимени инструкциски видеа.

Јазик

Курсот е на македонски јазик.

Цена

3.539 ден (пакет Basic)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Бојан Илијоски е асистент – докторанд на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на предмети од областа на програмирање, алгоритми, податочно рударење, интелигентни системи и сл. Покрај академската кариера има работено и како софтверски инженер за развој на web апликации и апликации за мобилни телефони. LinkedIn

Иван Илиески е софтвер инженер со повеќе годишно искуство. Има работено на банкарски апликации со сензитивни безбедносни функционалности за клиенти од Швајцарија исто така има работено на апликации со специфичен дизајн и анимации. Моментално работи во Netcetera како mobile developer за Android и Ios.
LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.