Дома Одговори на најчесто поставувани прашања

Одговори на најчесто поставувани прашања

1. Настава на далечина

Учењето на далечина се изведува по методологијата менторирано учење на далечина, како комбинација од асинхрони и синхрони методи за учење:

11. ГЛЕДАЊЕ
Како и во случајот со традиционалното учење во училница, ученикот го започнува процесот на учење со гледање однапред снимени видео лекции. Видеата се на располагање за неограничено прегледување за сето времетраење на обуката.

22. ПОВТОРУВАЊЕ
Повторувањето е мајка на знаењето. Веднаш по гледањето на видео лекциите, ученикот се обидува самостојно да ги повтори презентираните операции. Тоа го прави со помош на истата апликација и датотеките со кои се снимени видео лекциите.

33. ПРИМЕНУВАЊЕ
Стекнато знаење ученикот го применува работејќи посложени домашни задачи и делови од проекти, градејќи го на тој начин своето online портфолио. Задачите ученикот треба самостојно да ги изработи а потоа да ги достави до својот ментор.

44. МЕНТОРИРАЊЕ
За сите потешкотии во текот на учењето, на ученикот му стои на располагање искусен личен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Консултациите се изведуваат on-line, во термин меѓусебно договорен помеѓу ученикот и менторот.

55. ОЦЕНУВАЊЕ
Домашните задачи и проекти се оценуваат од менторот. За успешно завршување на обуката и стекнување сертификат ученикот потребно е правилно да има изработено најмалку 80% од зададените задачи.


За успешно следење менторска настава на далечина, потребно е да се поседува персонален компјутер со звучници и микрофон и интернет конекција.


Сите курсеви се составени од однапред снимени предавања односно инструкциски видеа на македонски јазик, датотеки за вежбање и дополнителни домашни задачи. Освен тоа, на учениците им стои на располагање и дедициран ментор со кого имаат on-line менторска сесија.


Курсот можете да го почнете да го следите во било кој ден од годината кој вие ќе го изберете, под претпоставка дека обуката е претходно платена. Штом го платите курсот, администраторот ќе ве регистрира во системот и ќе ви прати корисничко име и лозинка по е-пошта.


Различни луѓе, различни потреби. Некому му е потребно само знаење, некому сертификат за вработување а некој пак има потреба од индивидуална помош.

Со цел да ги задоволиме различните потреби на учениците, секој од нашите Microsoft Office курсеви е понуден во 3 различни пакети на услуги:

Содржина на пакетот Basic Standard Premium
30-дневен пристап
датотеки за вежбање
домашни задачи
оценување домашни
сертификат
online менторство

Можете да ги преземате само оние материјали кои се предвидени за преземање: датотеки за вежбање, домашните задачи, инструкции за изработка на проекти.

За разлика од нив, видео материјалите нема да можете да ги превземете. Нив можете да ги гледате on-line неограничено, се до истекот на траењето на курсот.


На било кој поединечен курс можете да му пристапувате 30 дена од денот кој вие ќе го одредите за почетен.


2. Задачи и проекти

Домашните задачи се предаваат за секое поглавје поединечно, со тоа што претходно треба да ги архивирате во една zip или rar датотека која ќе биде со име во форма

Домашни задачи – глава Х – вашето име и презиме. zip

(или rar) а потоа ги качувате во рамки на MyMentor платформата.


Не. За да бидат евидентирани како примени, домашните мораат да се испратат исклучиво преку MyMentor платформата.


Домашните треба да се предадат пред истекот на периодот во кој можете да пристапувате во системот. Вообичаено, тоа е 30 дена.

Совет: внимавајте предавањето на трудовите да не го правите во последен момент, бидејќи ако некоја задача или проект не ви се изработени како што треба, можно е да треба да нешто да преработувате.


Доколку сакате да добиете сертификат за успешно завршен курс, тогаш ќе морате на време да предадете најмалку 80% од вкупниот број домашни задачи.


Ако не ги предадете домашните задачи нема да добиете сертификат за успешно завршен курс.


Ако домашните се изработени на неточен и неприфатлив начин, ќе добиете известување и ќе морате да ги преработите и доставите до истекот на рокот.


3. Менторирање

Ментори на курсевите се искусни професионалци кои зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за која се одбрани да бидат ментори.


Менторската сесија се изведува on-line во термин кој претходно ќе го договорите со вашиот ментор. За реализација на менторската сесија, од вас ќе се побара да инсталирате посебен софтвер за оваа намена. Во договорениот термин, по воспоставувањето на аудио-визуелната врска, вашиот ментор ќе има можност да го гледа вашиот екран (по потреба и вие можете да го гледате неговиот екран) и да има контрола врз вашето глувче и тастатура што ќе му овозможи да ви ги објасни нејасните работи а вие ќе имате чувство како тој да се наоѓа до вас. За време на менторската сесија нема да го гледате менторот, ниту тој вас. Она во кое што ќе гледате е вашиот и/или неговиот екран.


Менторските сесии се организираат во термин кој меѓусебно ќе го договорите со вашиот ментор.


Должината на една онлајн менторска сесија изнесува 15 минути.


Постојат два пакета на менторски услуги, Standard и Premium.

Пакетот Standard опфаќа:

  • дополнителни домашни задачи и/или проекти
  • прегледување на домашните задачи и добивање фидбек.

Пакетот Премиум опфаќа:

  • дополнителни домашни задачи и/или проекти
  • прегледување на домашните задачи и добивање фидбек.
  • 1-на-1 online консултации со ментор

4. Потврди и сертификати

Да, доколку вашето прашање се однесува на сертификат за активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење.


За да добиете сертификат односно потврда за работа со програми за канцелариско работење, потребно е успешно да завршите еден или повеќе курсеви, во зависност од природата на работното место за кое аплицирате.

Во групата програми за канцелариско работење спаѓаат апликациите на Microsoft: Word, Excel, PowerPoint и Outlook.


Да, по успешното завршување на курсот се добива сертификат. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од избраниот курс. Доставените домашни задачи потребно е да бидат правилно изработени, во спротивно нема да бидат прифатени и ќе мора да се преработат и достават повторно.


Стекнатото знаење се проверува систематски во текот на целиот курс со проверка на изработените домашни задачи и/или проекти.


Не. За да добиете сертификат потребно е да успешно да имате изработено минимум 80% од предвидените домашни задачи за избраниот курс.


Сертификатот за завршен курс е во електронска форма а ќе го добиете по електронска пошта по успешното завршување на курсот.


Сертификатот е вклучен во цената на курсот во пакетите Standard и Premium и не се наплаќа дополнително. Или, поинаку кажано, сертификатот не се продава поединечно.


5. Плаќање и попусти

Плаќањето за избраниот курс или студиска програма можете да го извршите на два начина:
  1. плаќање преку банка,
    2. онлајн плаќање со платежна картичка (MasterCard и Visa)

Независно од начинот на плаќање кој ќе го изберете, претходно мора да се пријавите. За да го сторите тоа кликнете врз копчето ПРИЈАВА (десно од името на курсот) и следете ги инструкциите на екран.

1. ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ БАНКА
Податоци за уплата:
Назив на примач: МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА ДООЕЛ Скопје
Жиро сметка: 300000003657518
Банка на примачот: Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Уплата за <назив на курс или студиска програма> за <име и презиме на ученикот/студентот>

pp10

Штом ја извршите уплатата, испратете ни ја потврдата за уплата на: contact@everest.mk

Во рок од 1 работен ден ќе добиете известување по e-mail заедно со инструкции за најавување (корисничко име и лозинка)


Важно: Наведете од кој датум (по уплатата) би сакале да го започнете курсот.

2. ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА
Доколку изберете плаќање со MasterCard / Visa банкарска картичка, ќе бидете пренасочени кон безбедна страница на процесорот за обработка на платежни трансакции CASYS, каде што ќе ги внесете потребните податоци. Не грижете се, се работи за сосема безбеден чекор.

По прием на уплатата, во рок од 1 работен ден ќе добиете известување по e-mail заедно со инструкции за најавување (корисничко име и лозинка)


Плаќањето на рати е овозможено само во случај на студиски програми составени од повеќе единечни курсеви. Во овој случај плаќањето го вршите на тој начин што првиот модул (курс) го плаќате по редовна цена а секој нареден со 10% попуст пред почеток на слушањето.


Не. Единствен начин на плаќање е преку жиро сметка.


Да, се разбира. Одобруваме повеќе видови попусти:

1. Попусти за индивидуалци

  • Првиот курс го плаќате по редовна цена а секој нареден со 10% попуст
  • Во случај на студиски програми, одобруваме попуст од 20% за авансно плаќање однапред.
  • Во случај на скратени верзии на студиски програми, одобруваме попуст од 15% за авансно плаќање однапред.

2. Попусти за организации

  • износот на попустот зависи од бројот на курсевите. За да добиете конкретна понуда испратете ни барање на contact@mymentor.edu.mk


Да, студентите на сите високообразовни факултети во Македонија имаат повластени цени.


Не. Преку Grouper.mk едно лице може за себе да купи само еден курс со попуст. Ако сакате да следите повеќе курсеви, ќе ви овозможиме попуст од 10% на секој нареден курс.

Доколку сакате да се запишете на стручни студии на Веб академијата Еверест, ќе Ви обезбедиме попуст од 20% за авансно плаќање.



Имате прашање но не најдовте одговор на него? Испратете ни го Вашето прашање на contact@everest.mk и ќе Ви одговориме во најкус можен рок. Или, ако тоа ви е посоодветно, четувајте со нас онлајн.