СПОДЕЛИ

Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн. Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS и JavaScript.

Теми:

  • Што е веб дизајн?
  • Што е веб дизајнер?
  • Учење програмирање
  • Избирање веб хост
  • Работа со CMS
  • Структура на веб сајт
  • Избирање работна рамка или софтвер
  • Дизајнирање следејќи ги стандардите и принципите за пристапност
  • Како да научите HTML, CSS, и JavaScript

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

Практичен дел

Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

Цена

  • 0,00 ден

Вклучено во цената

  • 10 дена пристап до материјалите за учење

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.